А што наведува дека Агим Красниќи го нарачал двојното убиство во шиша барот?
Тој со статус е бегалец, во Косово, помина повеќе од 10 години во затвор, мислам, каква политичка и финансиска моќ може да има тој?
А и со бизнисиве не знам како стои, тој може стоел добро со рекетиве и сето тоа, ама со белото не сум запознаен.
Не знам колку држи тоа дека тој стои зад убиството, иако има многу врски во Косово со поранешниве од ОНА.
Што се однесува до Беланоца младиот, не мислим дека тој ја има таа моќ и знање за организација на таков напад. Превише ми личи на кафански мангуп, исто ко овие Версачи од Харачиново.
Групата од Дуќанџик и Грчец се поглобални.
Иако е очигледно дека овие случки никогаш не се расветлуваат, интересно би било некогаш да знаеме кој, како, зошто.