Криминалци и криминални групи во МК

Член од
24 мај 2014
Мислења
5.305
Поени од реакции
5.911
Ако се сетам кои се во изминативе 8,9 години добија број од Урко, Игор (шоферот на Мијалков брат на Нинџа) па и сам Мијалков незнам дали да се се смеам или да плачам, да се разбереме "добија број" во жаргонот на кримосите значи "успеаа се врзаа" попластично кажано најдоа врска до власта и обезбедија заштита, е сега јасно е и дека за да добиеш број од човек од тој калибар мораш да познаваш некој негов човек за кај првиве двајца обично одеше преку останатите членови на обезбедувањето а за кај Началникот мораш веке појако реноме да имаше и да ги знаеш веке првиве двајца, се разбира сепак треба да си активен во тие кругови само оноа шо баш сите не остави со отворена уста е дека врска добија, пари и име направија и луѓе што сите се зафркаваа со нив во град, е тоа е веке фактор на среќа. Зошто никој директно број не ти остава прво твојата врска се јавува кај "шефот" те претставува и прашува дали да ти даде број или не, многу често одеше на принцип "нема број кажи му да се најдеме таму и тогаш..." Пошто мала бара пуно крокодила секој сака да зграба а секој и не заслужува зошто не е зрел за тоа, како што сакаат да кажат поголемите "тежи круната треба да знаеш да се носиш со неа". Конкретно имиња не смеам да ставам зошто ке се разбере и врската а нема поента фини дечки што биле само посредници да ставам во неволја за некоја лична садисфакција.
Убаво е да споменам дека и на новава влада крими мрежите полека почнуваат да се плетат, намирисуваме нешто се повеке ама сеуште е бледо за да се каже и да се потврдува, си бара време за да стане сликата по јасна.
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
2.625
Поени од реакции
2.709
Ликвидацијата на Дилавер Бојку Леку испланирана до детаљ: Откриено зошто убиецот, кој изговорил три српски збора, пукал точно во 16:15
Точка

06/09/2017

16:33

12.451

Големина на фонт

А А А
Се верува дека ликвидацијата на Бојку била планирана да се изврши токму на денот кога од охридскиот аеродром требало да полета авион за една странска земја, а часот на егзекуцијата да биде во последен момент, непосредно пред полетувањето на авионот.

Ликвидацијата на некогашниот макро и еден од главните босови на албанската мафија во Европа, 58-годишниот Дилавер Бојку Леку, била долго и до детаљ испланирана, а куршумот во чело му го испукал најверојатно платен убиец од Базел, Швајцарија.

Бојку бил убиен на 14. август помеѓу 16 и 17 часот во неговото кафуле на плажата "Аква Блу" во Струга. Иако мотивите уште не се до крај расвлетлени, според сознанијата наНова Македонија, истрагата не тапка во место, туку полека но сигурно се склопуваат коцките на мозаикот на ова злосторство.

Повикувајќи се на своите извори, Нова Македонија пишува дека егзекуцијата на Бојку била долго и прецизно планирана. Постојат индиции кои укажуваат на тоа дека најмалку пет лица биле непосредни организатори на убиството, а еден од нив бил директен извршител. Се верува дека ликвидацијата на Бојку била планирана да се изврши токму на денот кога од охридскиот аеродром требало да полета авион за една странска држава, а часот на егзекуцијата бил во последен момент, непосредно пред полетувањето на авионот.

Строго се водело сметка и за идентитетот на извршителот и неговите "оригинални" патни исправи, а авионската карта не била купена на денот на злосторството, туку многу порано. Постојат сознанија дека убиецот на Бојку неколку дена пред злосторството доаѓал во кафулето на плажата "Аква Блу" и мирно нарачувал пијалаци, а кога допивал, без да комуницира со никој, мирно го напушал локалот. Непознатиот убиец во "Аква Блу" дошол и во критичниот понеделник, седнал на маса, а кога го испил пијалакот уредно платил и влегол во тоалет. По излегувањето од тоалетот, во 16:15 часот, мирно пришол до масата каде седел Дилавел Бојку, извлекол пиштол и му испукал еден куршум директно во слепоочницата. Куршумот бил смртоносен.

По злосторството, убиецот почнал да бега во насока на Караорман, а кога забележал дека го бркаат двајца гости, се свртел кон нив и испукал уште два куршума, по што тие се повлекле. Убиецот потоа седнал на мотор, на главата ставил темна заштина кацига, и кога се уверил дека никој не го гони, со моторот се вратил назад кон "Аква Блу". Таму не застанал, туку продолжил да вози кон хотелот Мираж, оддалечен на околу 200 метри од местото на злосторството, во насока на Охрид. Таму го чекал камионет "Мерцедес", во чија приколка, како во крими филмовите, се качил без да се симне од моторот. Од таму бил префрлен до охридскиот аеродром "Св. Апостол Павле", каде во 16:35 часот пришол на шалтерот да чекира авионска карта за лет во Базел. Во чекалната за полетување влегол во 17:15 часот, иако авионот требало да полета дури во 18:30 часот.

Се претпоставува дека луѓето кои му го организирале доаѓањето во Струга, по злосторството му нашле безбедно засолниште во Швајцарија, каде засега му се губи трага. Изворот на кој се повикува Нова Македонија наведува дека во организацијата, планирањето и реализацијата на убиството на Бојку учествувале најмалку пет луѓе. Тие имале и своја логистичка мрежа, луѓе од струшкото село Ливада. Тие не биле во тек со деталите на криминалната акција, која тајно се подготвувала, но и помогнале на бандата да го лоцира Дилавер Бојку по неговото враќање во Македонија. Стравувајќи до крвна одмазда, тој извесен период бил надвор од Македонија. Кога се вратил, тоа го увиделе јатаците на криминалците , кои потоа добро го простудирале неговото движење.

Овие нови сознанија велат дека целата акција за ликвидација на некогашниот макро и еден од главните босови на албанската мафија Дилавер Бојку, била долго и прецизно планирана. Кога биле утвредни сите детали, бил доведен егзекутор, кој успешно ја завршил работата. Дали и кога ќе биде изведен пред лицето на правдата, останува да покаже истрагата.

Убиениот Дилавер Бојки Леку, не се занимавал само со "увоз-извоз" на бело женско робје, туку и на најбрутален начин ги принудувал девојките на проституција. Тој во тоа време контролирал две главни илегални насоки за транспорт на девојки и жени. Еден кој одел од Бугарија, а друг од Албанија. Двата канали завршувале во неговото родно село во Велешта кај Струга, кое важело за место со најмногу проститутки во Македонија. Таму тогаш во секој момент имало 200 до 250 жени подготвени за продажба. Лека за себе задржувал 20 најубави, кои ги нудел на клиентите во својот бар "Експресо", а по неколку месеци работа кај него, тој ги продавал на Косово, каде овој бизнис бил уште попрофитабилен.

Дилавер Бојку, кој бил мозокот на овој вид на организиран криминал на Балканот и во Европа, долго за полицијата бил недофатлив, бидејќи пред секоја рација благовремено се криел благодарение на информациите кои до него протекувале од МВР.

Да потсетиме, Нова Македонија, повикувајќи се на релевантен извор кој бил присутен на местото на настанот, пренела дека убиецот по злосторството, на српски јазик изговорил: "Сега си бескорисен".
По се изгледа ова е све точно ,и јас подслушнав за ова пред една недела.Сигурно имало камери таму па и знаат кој е тој шо :uzi:
 
пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
5.523
Поени од реакции
9.394
нашиве се уствари шипците на Автралија :icon_lol::icon_lol:
ако добро те сфаќам не верувам да се шипци ( освен ако немаш некој прецизни информации), јас мислам дека се од арапско потекло.
 
курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.945
Поени од реакции
50.848
ако добро те сфаќам не верувам да се шипци ( освен ако немаш некој прецизни информации), јас мислам дека се од арапско потекло.
не не, у смисол дека секоја недела у црна хроника има по некој Џими Митревски рокнат од страна на Стив Петковски :icon_lol:
 
Член од
9 јули 2017
Мислења
380
Поени од реакции
80
не не, у смисол дека секоја недела у црна хроника има по некој Џими Митревски рокнат од страна на Стив Петковски :icon_lol:
Диме од Кравари и Стево од Цапари.
 
Член од
25 јули 2017
Мислења
39
Поени од реакции
19
Bese vo 90 tite...dali bea Mukaetovi ,...poznato ime bese,,[DOUBLEPOST=1446898388][/DOUBLEPOST]Сашо Лучијано беше еден обичен мангуп но само за маратон--зборот во Охрид се употребуваше за тие што бркаа пички ,екскурзијантки кои доаѓаа преку цела година во Охрид плус туристките Холанѓанки,Белгијанки.....Со мал бизнис го научи да почнит ....и кога почна со мал бизнис продаваше ЗВРК ,го купуваше од Крушевац и беше прв во Македонија и почна добро и разносвеше низ Македонија а сакаше да останвит во Велес и во некоја кафана ПАРМАК (ако грешам на името поправиме)и се расфрлаше да кажат Охриѓанецот е number one,а купи и една застава плава за 700 марки.Требаше да одит за Велес и застана пред кафичот Мецофорте и им кажуват на пријателите лош сон сонвел ВОЛЦИ ME ЈАДЕЛЕ ,и дали на враќање или на одење за Велес се тумбаше и како му прсна киселина во очите незнам ,а незнам и дали пијан бил,како и да е не гледат оттогаш со едното око.
После тоа после некоја година некои мангупи се спријателуваат со него го носат негде да тренираат со пиштоли како на заебанција за да останат частички од пукањето и после го носат наводно на вечера (дали беше тоа убиство во Струмица или Неготино на позната фамилија со познато презиме)отседнуваат отспротива на убиената двојка, да Лучијано го заприметат сите и во ноќта се дешават тоа громорозно убиство.Полицијата собират инфо Лучијано фатен ,врзан за парно тепан ,џабе ,толку прецизно убиство пола ќор човек не можит да го направит тоа.По сослушувањата на охриѓани полицијата ке сватит дека Лучијано е наместен а убијците не ги фатија.Лучијано преплашен со месеци не излегуваше.
Мудинови беа, се сетив..[DOUBLEPOST=1446900481][/DOUBLEPOST]Како почнуваат криминалните врски Охрид -Велешта.
Како што напишав маратонците фаќаа Холанѓанки и заминуваа со нив во Холандија ,визи со Ју пасош не требаше.Некои се женеа а многу одеа да крадат по бутици,викендици....почнаа со ќибритничниња да ги репаат Холанѓаните,некои со дрога итн,украдената роба се носеше во Охрид се продаваќе а некои и бутици отворија.
Со започнувањето на отварање кафичи се отвори Ла Бамба ,една од најаките тераси на Балканот ,затка беше до сабајле,сопственици браќата Целе и Ицо кои често одеа во Холандија а го држеа и диското Палас заедно со Ноне гравчето (влав),мораа со него затоа што тој по влашка линија го доби од вечниот тогашниот директор на Палас Драган Михајловски-влав.Тогаш во Охрид доаѓаше кај Ицо ,Демир од Велешта кој оперираше во Швајцарија а потоа тој од Велешта ги запознај Леку со нив .Љацот цело време беше присутен таму и се упикуваше со Амстердамските мангупи .и така почнуваат нивни блиски врски.
продолжувам,,,брзам
[DOUBLEPOST=1505215988][/DOUBLEPOST]

[DOUBLEPOST=1505216380][/DOUBLEPOST]Не можам да сфатам маратонец со еректилна дисфункциуја. Знам дека беше привлечен на прв поглед ама во кревет ништо. Ги заведуваше Холанѓанките за да ги ограби. Сега е на платен список во здравствен дом Охрид. Во меѓувреме нешто ситно работи.Брат е на претседателката на Унија на жени на ВМРО за Охрид. Инаку со Велешко потекло и имаше непосредна врска со Фракнкфуртската мафија. Сега е сведен на ситен проматар Има дебело полициско досие за кражби по каси, тезги,,[DOUBLEPOST=1505217076][/DOUBLEPOST]
Значи случајот со брачниот пар е оној што убиството е на три различни локации а не убиството на браќата Мудиновци ?
Значи случајот со брачниот пар е оној што убиството е на три различни локации а не убиството на браќата Мудиновци ?
не беа браќа туку брачен пар и нивниот 21 годишен син. .Некои велат дека е заради сомнирелна трговија со руда од Бучим Радовиш и бакар од Бор од србија или се крие трговија со оружје. А плејбојот како дојде во таа огра не знам. Тој беше од долна класа на криминалци. Доста пати неговата фамилија стравуваше дека ќе го мајдат во конејнер
 
Последно уредено:
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.305
Поени од реакции
5.911
Македонски Криминалци од Големо Ниво

На предлог на повеке членови го остваруваме и ова, текст за Македонските криминалци од најголемо ниво. Низ страниците наназад добар дел од нив сме ги споменале, но официјално ништо им немаме напишано, до сега јас ги избегнував од причина дека нивниот принцип на работа е многу дискретен затоа е и врвен, и кај нив речиси и да нема скандали или и кога ги има се на ниво најчесто само сомнение против нив. Да нема забуни освен Македонски криминалци што овде живееле, живеат ке ги коментираме и тие од дијаспората а и од другите националности, исто многу битно да се спомне за нив е дека речиси секогаш врвните криминалци настануваат од две природи, или почнуваат како сите обични криминалци од улица па подоцна развиваат врска со власти и служби па се кријат зад псевдоним бизнисмен или се обични бизнисмени кој веке имаат “врски” за кој долго се борат попаметните обични кримоси, па така добро заштитени врзуваат бизнис и со типичните криминалци и нивните криминални бизниси, овие вториве се поретки. Од предговор е доволно и доста па тргаме на конкретни имиња и случаи.

Џон Кизон
20140313_Kizon_800x600.jpg
Не би можел подобро да го вклопам ова од Казаки кој го донесе ова име на форумот и поради тоа го цитирам целосно
стр.53 “Исто така, вреди да се спомене и за еден жив и недопирлив со години за австралиските власти, кримос со потекло од егејска Македонија (леринско). Се работи за ликот Џон Кизон, според мене најголем македонски кримос од светски размери и еден од топ 3 во Австралија. Близок е до сите австралиски премиери и недопирлив за органите на прогонот (судови, полиции, обвинителства...). Живее во Перт поседува казина го држи цел нарко-пазар и вмешан е во уште куп криминали (убиства, нелегални борби...)”

Би надополнил само дека Кизон е потполно бизнис фаца во Перт и покрај сите обвинувања кон него, често се појавува во медиумите и вешто си го брани името и епитетот што го има, во последно време го замешуваат и со местење бокс мечеви, а во изразот, манирите и целата негова појава не може а да не се примети дека всушност не е само бизнисмен, барем за тој што се изнагледал криминалци.

Во 2010 во западно австралиските медиуми е последен пат на големо крената галама околу неговата криминална позадина каде насловите гласат “Уловениот Кизон останува Непробоен” овде во овие неколку текстови го пишува речиси целото негово досие од кога тој почнува да се појавува во јавноста и медиумите, од касни осумдесетти па се до денес.

Perth's dark underbelly

https://thewest.com.au/news/australia/perths-dark-underbelly-ng-ya-211420

Hunted Kizon stays 'bulletproof'

https://thewest.com.au/news/wa/hunted-kizon-stays-bulletproof-ng-ya-211502

Gangland Goes Gangbusters (Part 3)

http://www.abc.net.au/mediawatch/transcripts/s2290217.htm

Коста Јанковски
Kosta Jankovski.jpg
За него имам пишувано доста многу низ целата тема а и еден од првите ликови за кој беше пишувано беше баш он, не би можел подобро од тоа само да го пресликам првиот текст за него. Без разлика на околностите несомнено еден од најголемите наши транзиторски имиња.

Стр.2

“Коста Јанковски (Балкан), (Хиена)

Хиена и Балкан се двата прекари на Коста Јанковски. Првиот поради тоа што монгумина сметаат дека е еден од најбогатите и највлијателните луѓе на балканот а вториот поради неговиот карактер. Се разбира како и сите вмешани во тобако шверц бизнисот вреден милијарди години така и Коста бил потрчко на Данчо Шутурков тежок фалсификатор, многу интелигентен криминалец, но и човек со големо срце. Човек што ги направил сите во Македонија успешни политичари, лекари, директори итн. Се чекало да пушти пратка Данчо за да добијат плата и пензија државниве служби... Но да не бегаме од темата данчо е корен и стебло своевремено на тобако мафијата а негов наследник е Коста Балкан. Премногу богат човек кој има колекција од ферари возилаhttp://ekonomski.mk/2013/12/08/фото-што-возат-македонските-бизнисме/ Има куќа на водно купена од Љупчо Ѓорѓиевски за да го спаси зошто неможел Љупчо да ги оправда парите за луксузната куќа на водно. Инаку коста е глава на мафијата во МК за шверц со цигари па и алкохол. Интересен податок е дека Коста е личен пријател со речиси сите балкански премиери а македонските премиери ги купува пардон инвестира во нив уште пред да дојдат на власт. Имал човекот сметки со стотици милиони евра низ целиот свет во најголемите светски банки.
Секоја му чест на господинот Зоран Божиновски (новинар) кој го поклопи Коста со докази и го истресе пред цела балканска јавност.

Овде Зоран зборува за целата тобако мафија. https://www.youtube.com/watch?v=OPSvbGIjnhY

Овде има текст огромен исто така од Зоран. http://burevesnik.org/sr/ekonomija/item/6-kosta-jankovski-prijatelj-balkanskih-premijera.html

Интервју со Коста Јанковски од 2006 година за Утрински Весник. http://star.utrinski.com.mk/?pBroj=884&stID=11975&pR=3

Останати теми низ интернет поврзани со него низ годините не би биле вредни да ги нагласам, неколку се и беа за неговите коли, за јахтата која му изгоре на пристаниште во Солун, и за тоа дека заедно со Костовски и Минчо сведочеше во случајот “Шпион”, за нешто од нив и пишував по нешто низ страниците.

Даут Кадриовски
Daut_Kadriovski.jpg
Исто така веке пишуван низ страниците и то доста пати, најголем факт за него е што беше на листата на Форбс за еден од најбогатите 10 криминалци во светот што му го напумпа името и дополнително, најголем дел од кариерата го мине во Австралија а последниве години има голема дилема дали сеуште е жив или не.

Стр.29 “Даут Кадриовски е најголемиот криминалец по класификација на нивоа што некогаш постоел во Македонија или потекнува од Македонија. Даут Кадриовски има околу 67 години роден е во Скопје нас. Сарај. Како млад се преселува во Германија се поврзува со тогашната албанска мафија во Германија и почнува да го накачува нивото на моќ. Се до 1985 година кога германската полиција го апси и му конфискува наколку вили, јахти и луксузни коли. Даут по кратко време побегнува од германскиот затовр. Потоа на почетокот од девеесетите години се преселува во Австралија каде и таму ја шири моќта на албанската мафија. И додека е во Австралија, Даут со своите долги раце дејствува и во Европа и Америка. Во септември 2001 година Даут е уапсен во Албанија каде што живеел шест години. Два месеци подоцна од неговото апсење во Албанија, на Даут му се суди во отсуство на 12 години з. казна во Италија и директно е екстрадиран кон таму. По неколку месеци по прецизно февруари 2002 година Даут испраќа писмо до албанските медиуми каде ја опишува целата негова криминална историја до тогаш, сите врски, операции, пријателства и сл. и е еден од ретките кој имал храброст да ги опишува и политичките криминални врски. Како и секогаш Даут бега и од италијанскиот затвор по кратко време од пресудата. Од бегството од италијанскиот затвор 2002 година се до денес никој не знае каде се наоѓа Даут Кадриовски исто така тоа е случај и во неговите претходни бегства. Според повеке шпекулации досега Даут се криел пет години во Бангладеш а во последниве неколку години најверојатно неговото прибежиште е САД.

По Даут Кадриовски досега имаат потерница распишано 13 земји а точно се откриени и врски помеѓу клановите на Даут и Италијанската Мафија. Се зне дека Даут во светот на албанската мафија на интернационално ниво на три континента има контрола врз 15 кланови. После апсењето и пресудата на Дарко Шариќ, Даут Кадриовски се смета за носител на неговиот трон. Според списанието Форбс Даут еднаш бил на осмото место на најбогат криминалец во светот а наредната година паднал на деветото место на најбогати криминалци во светот. Додека Шариќ кога сеуште бил во бизнисот го држел петото место.

Утрински за Даут. http://www.utrinski.mk/?ItemID=CCFF93AE4227C647BB08CB9BDD2ACBE8

Глобус за Даут. http://globusmagazin.mk/?ItemID=5EDCA89FF99FB040912880A9ADF7C3FB

Точка за Најбогатите криминалци вклучувајки го и Даут. http://tocka.com.mk/1/79139/najmoknite-kriminalci-lugje-koi-odlucuvaat-za-zivotot-i-smrtta

Продолжува...
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
2.625
Поени од реакции
2.709

пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
5.523
Поени од реакции
9.394
Убиениот е од Логоварди и дошол во Мелбурн пред 3 год.Убијците се Срби и Македонци.
Зошто го убиле?
Нашите во Мелбурн за неколку дена собрале 25 000 долари помош за фамилијата на убиениот.
Zosto go ubile ? Pa najverovatno za nisto, nekoja banalna raspravija, kako sto spomnaa privatna zabava, ubijcive nepokaneti najverovatno sakale da vlezat i sigurno dojdeno e do toa sto se sluci,obicna tepacka so tragicen kraj.
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
2.625
Поени од реакции
2.709
Zosto go ubile ? Pa najverovatno za nisto, nekoja banalna raspravija, kako sto spomnaa privatna zabava, ubijcive nepokaneti najverovatno sakale da vlezat i sigurno dojdeno e do toa sto se sluci,obicna tepacka so tragicen kraj.
Причина инајџилокот и алкохолот,жалосно -млад дечко кој сигурно доста време чекал да добиет виза и гаранција од неговиот стрико и после три години престој во Аус да завршит вака.......
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.305
Поени од реакции
5.911
Македонски Криминалци од Големо Ниво (продолжение)

Од досегашното искуство дека криминалот вистина е “мала бара а многу крокодили” решив да не ги пишувам продолженијата на текстовите за оваа тема за големите криминалци со бројки туку кога ке се вклопи нешто од природа што одговара на таа тема само да нагласам продолжение, стално нови и нови ликови а ако многу цврсти рамки ставам е малку тешко од после да вметнам нови прикази и приказни.

danco.jpg
Данчо Шутурков

Шутурков, некогаш најбогатиот Македонец, директор на Македонија Табак, легенда на Македонската транзиција, еден од најголемите тобако босови на балканот исто така си го заслужува своето место овде во овие редови. Покрај милионските зделки со шверц и фалсификување на цигари кој допреа и до ЕУ органите Данчо е познат и по “црната тетратка” каде стоеле видни имиња на должници од тобако пазарот на Македонија и Србија, Триаголникот Шутурков, Милошевиќ, Станко Цане Суботиќ била релација низ која до тогаш преминале најголемите суми на овие простори, интересен е и митот дека во тешките транзиторски денови во девеесетите се чекало Шутурков да “испрати пратка” за да се пуштат плати и пензии на граѓаните. На големо се зборува и дека огромен број од денешните политичари биле негови деца кој дури и тој ги исшколувал. Во последниве години последно интересно околу неговото име е тоа што Д. Белогрлиќ на гости во емисијата Еден на еден прозборе дека сака да сними серија за Шутурков и сивите времиња на минатиот век.

Нешто што посебно сакам и морам да нагласам е едно јавување на Буревесник во емисијата Јади Бурек од пред 7, 8 години каде ги објасни до детал речиси сите работи што со години се криеле од очите на народот.

Википедија https://mk.wikipedia.org/wiki/Данчо_Шутурков

Дневник (Белград и Скопје се тресат од тетратката на Шутурков, интервју со Цане Суботиќ) http://archive.li/hT7WI

Вечер (Каде отидоа 660 милиони долари од тутунскиот бизнис) http://vecer.mk/makedonija/ekskluzivno-kade-otidoa-660-milioni-dolari-od-tutunskiot-biznis

ДоказМ (Почеток на црвената мафија во МК)
http://www.dokazm.mk/pochetokot-na-tsrvenata-mafija-vo-mk/

“БУРЕВЕСНИК ВО ЈАДИ БУРЕК (СЕПТЕМВРИ 2011) НАГЛАСУВАМ НАЈБИТЕН ЛИНК” https://www.youtube.com/watch?v=OPSvbGIjnhY

Кајгана Форум тема за шверцот со цигари. https://forum.kajgana.com/threads/Кој-се-треба-да-биде-прашан-за-шверцот-со-цигарите.10412/

Lazimi-destani.jpg
Лазим Дестани

Лазим Дестани е најголемиот албански бизнисмен во Македонија, најбогатиот тетовчанец и ред други “титули” најпознат е по тоа што е сопственик на ФК Шкендија и по возниот парк од неколку милиони евра, кој фирми ги поседува и колку успех им исковал на синовите не би коментирал зошто навистина не ни е главна тема тоа без разлика што и тоа крена фама во јавноста.

Името на Дестани си го доби местото овде од една причина, за него во ниеден медиум до сега не се прозборело дека е поврзан со криминал па дури ни со бизнис сум сретнал само објави за негови политички активности. Е чичко Буревесник нормално кој ако не он, ја изнесе целата позадина на неговите милиони и тоа сосема не намерно коментирајки друг случај. Во текстот што за жал повеке не може да се најде “Sponzor Ane Nikolic u begstvu” посветен на Влатко Чонгур до точка беше опишан кругот на криминалната мрежа во која го вплеткале Тоше Проески, а дел од таа екипа која го вплеткала покрај поранешната власт, неговата Лиљана и Влатко Чонгур е и Лазим Дестани, мрежата била така изврзана што парите што Тоше ги заработувал оделе кај Дестани и завршувале како пари наменети за УЧК, Покрај тоа Буревесник нагласува и дека Дестани се нарко фамилија пред се, а после и бизнис фела.

Пробав во кратки црти колку што се сеќавам на текстот да го објаснам делот каде се коментира неговото име, жалосно е што текстот повеке го нема па да можевме да цитираме и целиот текст да го објавиме повторно. Би додал само дека сум сигурен во заштита од службите кон кловн Дестани.

Шаренети приказни на некој наш портал за Дестани, линкот е вреден само поради бизнис информациите.
http://dubai-portal.com.mk/?p=39399
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.670
Поени од реакции
16.877
Македонски Криминалци од Големо Ниво (продолжение)

Од досегашното искуство дека криминалот вистина е “мала бара а многу крокодили” решив да не ги пишувам продолженијата на текстовите за оваа тема за големите криминалци со бројки туку кога ке се вклопи нешто од природа што одговара на таа тема само да нагласам продолжение, стално нови и нови ликови а ако многу цврсти рамки ставам е малку тешко од после да вметнам нови прикази и приказни.

Прегледај го приврзокот 177514
Данчо Шутурков

Шутурков, некогаш најбогатиот Македонец, директор на Македонија Табак, легенда на Македонската транзиција, еден од најголемите тобако босови на балканот исто така си го заслужува своето место овде во овие редови. Покрај милионските зделки со шверц и фалсификување на цигари кој допреа и до ЕУ органите Данчо е познат и по “црната тетратка” каде стоеле видни имиња на должници од тобако пазарот на Македонија и Србија, Триаголникот Шутурков, Милошевиќ, Станко Цане Суботиќ била релација низ која до тогаш преминале најголемите суми на овие простори, интересен е и митот дека во тешките транзиторски денови во девеесетите се чекало Шутурков да “испрати пратка” за да се пуштат плати и пензии на граѓаните. На големо се зборува и дека огромен број од денешните политичари биле негови деца кој дури и тој ги исшколувал. Во последниве години последно интересно околу неговото име е тоа што Д. Белогрлиќ на гости во емисијата Еден на еден прозборе дека сака да сними серија за Шутурков и сивите времиња на минатиот век.

Нешто што посебно сакам и морам да нагласам е едно јавување на Буревесник во емисијата Јади Бурек од пред 7, 8 години каде ги објасни до детал речиси сите работи што со години се криеле од очите на народот.

Википедија https://mk.wikipedia.org/wiki/Данчо_Шутурков

Дневник (Белград и Скопје се тресат од тетратката на Шутурков, интервју со Цане Суботиќ) http://archive.li/hT7WI

Вечер (Каде отидоа 660 милиони долари од тутунскиот бизнис) http://vecer.mk/makedonija/ekskluzivno-kade-otidoa-660-milioni-dolari-od-tutunskiot-biznis

ДоказМ (Почеток на црвената мафија во МК)
http://www.dokazm.mk/pochetokot-na-tsrvenata-mafija-vo-mk/

“БУРЕВЕСНИК ВО ЈАДИ БУРЕК (СЕПТЕМВРИ 2011) НАГЛАСУВАМ НАЈБИТЕН ЛИНК” https://www.youtube.com/watch?v=OPSvbGIjnhY

Кајгана Форум тема за шверцот со цигари. https://forum.kajgana.com/threads/Кој-се-треба-да-биде-прашан-за-шверцот-со-цигарите.10412/

Прегледај го приврзокот 177515
Лазим Дестани

Лазим Дестани е најголемиот албански бизнисмен во Македонија, најбогатиот тетовчанец и ред други “титули” најпознат е по тоа што е сопственик на ФК Шкендија и по возниот парк од неколку милиони евра, кој фирми ги поседува и колку успех им исковал на синовите не би коментирал зошто навистина не ни е главна тема тоа без разлика што и тоа крена фама во јавноста.

Името на Дестани си го доби местото овде од една причина, за него во ниеден медиум до сега не се прозборело дека е поврзан со криминал па дури ни со бизнис сум сретнал само објави за негови политички активности. Е чичко Буревесник нормално кој ако не он, ја изнесе целата позадина на неговите милиони и тоа сосема не намерно коментирајки друг случај. Во текстот што за жал повеке не може да се најде “Sponzor Ane Nikolic u begstvu” посветен на Влатко Чонгур до точка беше опишан кругот на криминалната мрежа во која го вплеткале Тоше Проески, а дел од таа екипа која го вплеткала покрај поранешната власт, неговата Лиљана и Влатко Чонгур е и Лазим Дестани, мрежата била така изврзана што парите што Тоше ги заработувал оделе кај Дестани и завршувале како пари наменети за УЧК, Покрај тоа Буревесник нагласува и дека Дестани се нарко фамилија пред се, а после и бизнис фела.

Пробав во кратки црти колку што се сеќавам на текстот да го објаснам делот каде се коментира неговото име, жалосно е што текстот повеке го нема па да можевме да цитираме и целиот текст да го објавиме повторно. Би додал само дека сум сигурен во заштита од службите кон кловн Дестани.

Шаренети приказни на некој наш портал за Дестани, линкот е вреден само поради бизнис информациите.
http://dubai-portal.com.mk/?p=39399
кога сме кај Буревесник имаше за Оилко и правникот од мпт, наводно фрлен од воз... арно ама откако се вработи во таа тајфа, страната на Буревесник за тоа стана 404
...
туку еве тазе работи..
http://zase.mk/articles/349801/tutunskiot-bos-bajrush-sejdiu-na-privremena-sloboda
..има и друго..
Ова е втор затвореник со звучно име како привремено го напушта штипскиот затвор. Неодамна, на викенд беше пуштен Кондовецот Агим Красниќи, осуден за изборни насилства.
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.305
Поени од реакции
5.911
кога сме кај Буревесник имаше за Оилко и правникот од мпт, наводно фрлен од воз... арно ама откако се вработи во таа тајфа, страната на Буревесник за тоа стана 404
...
туку еве тазе работи..
http://zase.mk/articles/349801/tutunskiot-bos-bajrush-sejdiu-na-privremena-sloboda
..има и друго..
Ова е втор затвореник со звучно име како привремено го напушта штипскиот затвор. Неодамна, на викенд беше пуштен Кондовецот Агим Красниќи, осуден за изборни насилства.
Мириса на нова политичка крими структура полека, но се повеке. Низ порталиве се пишува дека Красниќи по пуштањето на викенд е во бегство а и во Кондово снимките од пречекот јасно кажуваа дека не е само на викенд туку за друго пречекот. Со Бајруш тактикава можеби е со иста цел. И двајцата се многу блиски со Тачи а па он од секогаш со партијата на новава влада :)[DOUBLEPOST=1505812301][/DOUBLEPOST]Еве нови информации за убиството на битолчанецот Дејан Димитровски
4309303200000578-4766546-The_mother_of_Dejan_Dimitrovsk.jpg 5987b50331b94_630x354_1992768.png
Според имињата на убијците јасно е дека се муслимани, националност ми е тешко да препоставам
"Amirali Farsijani, 28, and Poria Akhbari Sadiqi, 22, appeared in Perth Magistrate's Court today charged with murdering Mr Dimitrovski."
http://www.perthnow.com.au/news/western-australia/two-face-murder-charge-over-balga-death/news-story/6ca812ee5301af23baa4470cd5f5abd6

Слики од автомобилите на убијците од камерите на соседните куќи веројатно.
https://thewest.com.au/news/wa/police-release-cctv-in-hunt-for-balga-father-dejan-dimitrovskis-killer-ng-b88582154z

Оваа е најдеталната снимка од истрагата непосредно по убиството, снимени се и автомобилите и куќата на Дејан и речиси целата атмосфера од убиството.
https://thewest.com.au/news/wa/police-investigating-suspicious-death-in-balga-ng-b88559056z
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom