Петрит Аме
Петрит Аме е роден во Дебар. Тој е еден од најголемите криминалци што се паметат дека постоеле во Македонија. Но всушност се било маска околу него и неговата моќ... Петрит Аме се занимавал со трговија со дрога највеке, а исто така наводно и со трговија со оружје, цигари, нафта како и тешки кражби.
Најголемото дело за кое Петрит Аме беше еден од осомничените е атентатот врз Киро Глигоров (3 Октомври 1995). Се сметаше дека Петрит е еден од главните организатори во овој случај и соработник на Братиславската врска или евентуалната Бугарска врска. Околу обвинението негово за еден од можните организатори на атентатот не се случи ништо бидејќи сомнението не било поткрепено со докази.
(Историјата на Петрит)
Всушност целата работа околу Петрит Аме се базирала на тоа дека тој беше врската на Албанските и Српските тајни служби за делување во Македонија. Со други зборови Петрит бил шпион. Во потесните кругови јасно се знае дека апсолутно е точна информацијата дека работел за (SIS) албанска тајна служба и под директна команда и закрила на Газидеде тогашен началник на службата.
За возврат на шпиунажата Петрит во тогаш сеуште не зацврстената држава наша во Скопје живеел како цар. Поседувал неколку дискотеки, кафе бар (Дон Пјетро) и чисто од хоби и занимација бил главен во бизнисот со коцкање на црно низ Скопје и пошироко. Често престојувал во Чаир дружејки се со Адем Белаја и неговата екипа по чајџилниците.
После најголемата работа со која го поврзуваа неговото име Атентатот на Киро Глигоров во 1995 година. Во 1998 година Петрит Аме беше обвинет дека купил 12 килограми кокаин од тогашниот началник на МВР за секторот за спречување недозволена трговија со дрога и оружје Фили Филипов. Полицаецот веднаш бил уапсен и признал дека дрогата ја украл од депото на секторот, а Петрит кој требало да биде уапсен во неговото кафуле Дон Пјетро неколку часа пред акцијата некој му дојавува дека ке биде апсен и тој побегнува. Иако веднаш била распишана меѓународна потерница за негово апсење тој успева сосема легално и мирно, без никакви проблеми да одлета од скопски аеродром за Виена. После оваа случка Петрит никогаш не се врати во Македонија. После последниот инцидент во Скопје 1998 Петрит се преселил во Косово. Во Косово живеел се до 2001 година кога е убиен. Убиството на Петрит Аме е голема мистерија и многу недочистен случај. Главната причина е тоа што после војната во 2001 година неговите "работодавци" луѓето од албанските тајни служби, поточно една личност дирекор, началник на некоја од нив го киндапира Петрит Аме и го држи затворен некое време, на братот на Петрит, Фљамур Аме му дојавува во Скопје дека за да не го убие бара откуп од десет па потоа намелно на три милиони германски марки цена намерно огромна за да братот на Петрит не може да ја собере и да има лажна причина да го убие Фљамур Аме собрал само еден милион и нешто германски марки по што Петрит Аме е убиен. Неговото тело го идентификувал Фљамур во Косово по што во Македонија западните разузнавачки служби ја носат веста дека Петрит е официјално мртов.
Главната причина за убиството на Петрит Аме од самите албанци (албаснките тајни служби) е тоа што биле сигурни дека е двоен шпион односно кодош кој за да не ги предаде и нив треба да го убијат. Она со откупот е одлично смислен трик кој ке биде маска дека друга е причината за негово убиство не шпиунажа.
Интересно за Петрит Аме е да се спомне дека покрај него и Наип Лесковица беше осомничен за можен учесник во атентатот на Киро Глигоров, но Наип Лесковица бил набргу пуштен и по само неколку дена од атентатот на прецедателот Киро Глигоров му подарил блиндиран Мерцедес. Наредната 1996 година летото на автопатот Гостивар - Тетово заедно патувале Петрит и Наип сами во иста кола се случила сообраќајка во која што Наип Лесковица од тешки повреди почина а на Петрит Аме не му било буквално ништо. Што укажува на договорено убиство. Најверојатно посредништво во улога на Патрит од причини што Патрит беше со Бранко Црвенковски и тогашно СДСМ а Наип тврдокорно во врска со Киро Глигоров.
(Политичките врски на Петрит)
После наводното убиство на Петрит во Косово 2001 подоцна во 2006 година испадна видео лента (никогаш јавно не објавена) на која Петрит Аме лично бил снимен и во неколку минутното траење на снимката ги откривал сите негови врски со тогашната власт на чело со СДСМ по што со менувањето на власта во истата 2006 година оваа снимка беше и едно од главните оружја на ВМРО ДПМНЕ за обвинувања кон Бранко Црвенковски дека бил тотално вмешан во криминал и трговија. На снимката која наводно постоеше Патрит обелоденувал буквално се секоја врска на секого со секого во периодот на девеесетите кога тој беше еден од главните и најмоќните криминалци во МК. Снимката по мое мислење и по мислење на многу други беше измислица или ако евентуално постоела тотална монтажа. Начин на отерување во затвор на ВМРО преку МВР стар колку и нивната власт. Премногу малку е веројатно постоењето на снимката ако ако навистина постои на Петрит најверојатно му се платени милиони да ја нарпави.
(Претпоставки)
По разгласот на западните тајни служби 2001 година дека Петрит Аме е убиен и е потврдена идентификација жената и детето на Петрит директно се преселиле некаде во западна европа. Има големи претпоставки и логики дека Петрит Аме има веројатност дека е жив и дека живее во западна европа. Самиот лет 1998 директно кон Виена не е случајност. Најверојатно Петрит е толку моќен во шпиунажата што е и шпиун на интернационално ниво.
"Во албанските криминални кругови Петрит Аме се смета за обичен кодош едноставно не е достоен за да го почитуваат. Иако го има едно од најголемите криминални реномиња кај албаснката мафија за нив тој е никој и ништо. Кодексот на албанската мафија се базира главно на (Беса) што значи доверба оној кој и дава беса на мафијата и го дава животот во доверба. Давање беса всушност е клич за приклучување во албанска криминална група."
Дневник за врската Петрит Аме - Тогашната власт.
http://star.dnevnik.com.mk/?pBroj=2091&stID=15130
Утрински за политичките искористувања на случајот Петрит.
http://star.utrinski.com.mk/?pBroj=1113&stID=6194&pR=3
Утрински околу атентатот на Киро Глигоров.
http://www.utrinski.mk/?ItemID=39BEC692E5E52145AA05603FA4E6BB6B