Криминалниот фонд за здравство не одобрува пари за малата Тамара!

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.668
Поени од реакции
8.707
Ja sfakjam deka toa e rabota na zdravstvoto, samo me pogodi ovaa bagatelna suma za lugje cija mesecna plata e 30.000 evra.
Toa e taa humanost sto se vika.
Gi sfakjam i niv deka gi zamaraat lugje koi lazat deka im se potrebni pari za razno razni operacii i cuda.
Ama za vakvo nesto kade i samoto zdravstvo se oglasi, da si slusnal i da si se naprael na toso ne mi izgleda na fer poteg.
Pak ke spomnam, ova e bagatelna suma za milionerite nasi, ako si golem covek ke gi platis tie ebeni 30.000 evra bez da cekas nesposobnoto zdravstvo da ja zavrsi ovaa rabota.
Ej uste ne mi se veruva deka ne se najdoa 30.000 evra za spas na 10 godisno dete.
30.000 evra, 30.000 mili majki da vi naebam na site.
Види, реалноста е дека туѓата судбина ги погаѓа само оние кои барем малку, на некој начин, ја искусиле.
Луѓето се себични по природа, сеуште не сме еволуирале доволно за да можеме потполно (или барем делумно) да се откажеме од она што за нас е комодитет, за некому да му пружиме нешто есенцијално.
Токму затоа постои организирана форма на се - па и на здравство. За да не доаѓа момент сите нели, да се здружуваме и спасуваме животи, во вакви ситуации. Колку и да е нешто багателно, од сите вработени се собира придонес за секој во државата да може да се лекува. Друга приказна е што тие пари се трошат на сосема погрешни работи, а и се крадат. 30 000 евра во фондот, на пример, се капка во морето - ама фондот додека ги обезбеди, девојчето си замина.
Ништо не гарантира дека ќе преживееше со тие пари, но како свесни единки, како човечки суштества, ако се карактеризираме со морални вредности, мораме да им помагаме на послабите - без оглед колкави се нивните шанси за преживување, и дали воопшто постојат шанси.

Нашиот револт е голем, не дека ќе смениме нешто на форумов, колку и да пцуеме, не дека нешто ќе смениме ако го смениме министерот (друг лешинар ќе дојде на негово место), па и да ја смениме цела Влада - од сите мајки и шајки овде, јас можам да се согласам само со Let 3 - ако сакаме некоја промена, СИГУРНО нема да ја добиеме на никакви ,,фер,, или ,,демократски,, избори.[DOUBLEPOST=1423525158][/DOUBLEPOST]
За ваквите нема терапија, не постои.
Не знае овој дека ако има мозочен удар, а помош му се укаже после 3 дена, ќе има среќа ако преживее, воопшто.[DOUBLEPOST=1423525344][/DOUBLEPOST]
Една информација. Девојчето имало хроничен бронхит и срцева маана покрај другата дијагноза. Фондот го одобрил случајот и немало проблем со средства. Проблемот бил во ненавремена распределба на случајот кај конкретни лекари хирурзи поради неговата комплексност.

Бог да го прости детенцето и сочувство до фамилијата. Тешки маки се ова.
Без оглед, ако имала таква дијагноза, зошто била воошто дома?
Со кој разум се праќа ризичен пациент дома, посебно дете?
Пред некое време гледав операција на срце на златна рипка, овие дете дома пратиле со срцева маана?
А пред 2 дена се фалеа за ,,успешно,, спасениот пациент...
 
Последно уредено:

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.161
Поени од реакции
18.202
Еве уште неколку случаи на ФЗОМ - сите се од подфорумот, а сигурно се многу поголем број

Сигурно се сеќавате на Јован Колоски од струшко Мислешево, ФЗОМ исто не одобруваше пари, лекарите го шетаа по разни болници и клиники бегајќи од одговорност и предвреме го отпишаа од живите.Родителите му се луѓе за огромна почит
http://forum.kajgana.com/threads/Да-му-помогнеме-на-Јован-Коловски.36927/

Месец и пол за малата Мартина фондот ‘одлучуваше‘ за одобрување средства.Првично беа одбиени
http://forum.kajgana.com/threads/Фондот-одби-да-плати-за-лекување-на-малата-Мартина.37105/

За жал поради бирократијата во фондот некои акции завршија исто како случајот со Тамара и одат и на нивната совест (ако во нивниот ментален склоп имале такво нешто)

Емил од Кавадарци (11 години)
http://forum.kajgana.com/threads/Да-му-помогнеме-на-Емил-Новевски.37599/

Андреј од Скопје (8 години)
http://forum.kajgana.com/threads/Помош-за-малиот-Андреј.56743/

Илија од Охрид (17 години). Овде Фондот одобри 80% од сумата, ама пак бирократијата однесе живот.За еден потпис таткото одеше секој втор ден во Скопје и кога конечно го добија веќе беше касно...
http://forum.kajgana.com/threads/Помош-за-Илија-Јосифовски-потребна-се-итни-испитувања-во-Нирнберг-поради-ОДМОР-на-нашите-‘доктори‘.62336/
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.668
Поени од реакции
8.707
Рудници, мој другар, во средно, 3та година бевме, почина од леукемија.
Кај нас се и сешто пробаа, па дури ги убедија родителите дека ако родат уште едно дете, тоа сигурно ќе го спаси него.
И тоа го направија родителите, родија уште едно дете, ама пак кај нас спас немаше.

Од моментот на дијагноза, па се до крај, родителите знаеа за клиника во Израел, која им ветуваше голема шанса за лекување, ама се немаше пари, а нашиве не одобруваа средства.

Кога конечно ги одобрија, и тој замина за Израел, беше предоцна. Практично, самиот пат го уби.

Колку и да ги броиме, џабе е. Вака повеќе делуваат како статистика, не како нечии деца.
 
Член од
12 март 2008
Мислења
1.055
Поени од реакции
757
Којзнае што точно се случило. Разбрав дека имало отежнувачки околности околу целиот случај, но дека бирократскиот дел бил непречено теран. Работата заглавила кај лекарите...

Не знам дали воопшто и е битно ова што го наведов. Дознав инфо па решив да го споделам.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666

Па тоа и е големиот проблем. Лека-полека отрпнуваме. Лека- полека вакви настани се множат и се се сведува на неколкудневен револт, згрозеност, шокираност и на крајот, на заборав. Не капираме, се додека не не погоди, не дај боже, лично.
 
Родителите најдоа и доктори, и се, арно ама нашиве одлучија дека може пари, ама не за таму, за друго место.
Тука и се развлечка цела работа, а муабетот дека докторите не можеле да се координираат, жими мајка.

Од прва рака ти кажувам дека кога има пациент на кој му е загрозен животот, овие кај нас доктори се собираат и екипираат моментално, а не па во земји каде што здравството е на 200 скалила повисоко.

Ама најлесно е да ја лупнеш вината на докторите, нели.[DOUBLEPOST=1423526085][/DOUBLEPOST]
Па тоа и е големиот проблем. Лека-полека отрпнуваме. Лека- полека вакви настани се множат и се се сведува на неколкудневен револт, згрозеност, шокираност и на крајот, на заборав. Не капираме, се додека не не погоди, не дај боже, лично.
Мислам дека нас, како единки, како граѓани, напротив, се повеќе не погодува, а тоа го гледам преку се поголемата активност околу собирањето на средства.
Нешто што не беше толку распространето пред 10тина години (колку што јас се сеќавам).

Оној момент, кога наместо од кафето, ќе се откажеме од Ајфонот, малце ќе ми се врати вербата во добрината на човекот.

Добрина од државата не очекувам, барем не во мојот животен век.
 
А

Атомската мравка

Гостин
А баш за Водици кога Груевски беше во Велес мајкава го чекаше на одење за да му ги предаде него лично документите за да се убрза работава и да го пратат девојчево на лекување, денеска во автобус слушам на радио дека починала :( жално што вакви работи се случуваат, требаше многу побрзо да се реагира и да се прати девојчево на операција да и се даде шанса за живот.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.931
Поени од реакции
12.317
Една информација. Девојчето имало хроничен бронхит и срцева маана покрај другата дијагноза. Фондот го одобрил случајот и немало проблем со средства. Проблемот бил во ненавремена распределба на случајот кај конкретни лекари хирурзи поради неговата комплексност.

Бог да го прости детенцето и сочувство до фамилијата. Тешки маки се ова.
Една информација во врска со твојата дезинформација.

Сестрата на девојчето кое почина е таа со срцеви заболувања, а не девојчето кое сега е веќе покојно, Бог да ја прости.

Родителите на девојчињата размислуваат и за барање азил во било која држава која ќе им ги спаси, односно спасеше животите на девојчињата.

После оваа трагедија, им останува да бараат азил во било која држава која ќе и го спаси животот на другата ќерка која исто така допрва ја чека тешка битка за сопствениот живот.

Видео записот е од 15 јануари 2015.

Од 27:13 до 29:00

Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.668
Поени од реакции
8.707
А баш за Водици кога Груевски беше во Велес мајкава го чекаше на одење за да му ги предаде него лично документите за да се убрза работава и да го пратат девојчево на лекување, денеска во автобус слушам на радио дека починала :( жално што вакви работи се случуваат, требаше многу побрзо да се реагира и да се прати девојчево на операција да и се даде шанса за живот.
Ова ме потсети на еден друг случај, ако некој се сети нека сподели линк.

Мајката е невработена, а таткото веќе десет години волонтира како домар во прилепската (мислам) болница.
Човекот и покрај сите напори, не може никако да се вработи, и практично живеат од тие 4-5 000 денари.
Многу пати бил и до Владата, но најделку што стигнал била портирницата.

За да биде уште пострашно, имаат ќерка, која е болна, односно, колку што се сеќавам, има недоволно развиени мускули - конкретната дијагноза не ја паметам.

Да се ужаснеш како живеат, а на детето не може ниту најнеопходната терапија да му ја обезбедат...
 
AL.

Член од
22 јануари 2009
Мислења
12.610
Поени од реакции
5.016
Нека почива во мир.

Државата е таква каква што е,народот исто...еднаш да се собере храброст и да се излезе надвор за тоа што се случува.
Ама не...глуп народ,глупа држава тоа ти е ...
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.668
Поени од реакции
8.707
Една информација во врска со твојата дезинформација.

Сестрата на девојчето кое почина е таа со срцеви заболувања, а не девојчето кое сега е веќе покојно, Бог да ја прости.

Родителите на девојчињата размислуваат и за барање азил во било која држава која ќе им ги спаси, односно спасеше животите на девојчињата.

После оваа трагедија, им останува да бараат азил во било која држава која ќе и го спаси животот на другата ќерка која исто така допрва ја чека тешка битка за сопствениот живот.

Видео записот е од 15 јануари 2015.

Од 27:13 до 29:00

Види, сигурно имало пропратни компликации, од искривен рбет, само по себе, не се умира.
Може искривениот рбет да е причина за настанување на тие компликации, и скоро сум сигурна дека е така.
Да ја почекаме обдукцијата, барем до сега, тие биле реални....
 
D

Darko_ufo

Гостин
Катастрофа е ова, и после да сме плаќале здраство на неограничена сума, да се укинело за шест просечни плати. Тек тогаш што ќе прават со тие пари... Жалосно за девојчето штета што државата вети дека ќе ја плати операцијата, со пари од народот сигурно побрзо ќе се завршеше. (иако здравството немаше да плати од свој џеб туку пак со парите од народот)
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.668
Поени од реакции
8.707
Се надеваат на платичка, може на некој ќе му се посреќи, па ќе стане шофер во ЈСП.
Ама за таму и продадена нива треба, малце им е ова.
 
D

Darko_ufo

Гостин
Се надеваат на платичка, може на некој ќе му се посреќи, па ќе стане шофер во ЈСП.
Ама за таму и продадена нива треба, малце им е ова.
Site treba da dademe podrska na stranata so like i share za da ne se zatvori preku reportite od vmruum-ovcite
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom