се слагам со сите предходни дискусии, ама би дополнил нешто за да ја истакнам правата слика на нашето здравство. Има 2 работи, едната е сиромашна држава и таков начин на размислување, а другата е нестручност и бирократија на луѓето од фондот. Првата работа би ја поврзал со ретките или скапи болести и случки; еден почест пример е труење со печурки. Во една Хрватска има доста такви труења па со владин авион под итно ги носат тешките случаи во Италија на трансплатација на црн дроб, мислам дека таа пракса е веќе 5-6 години најмалку..
Е сега околу ретките и скапи болести има и размислувања колку е етички да се фрлаат средства поради кој на друга страна за 1 таков случај можеби 100-ина ќе страдаат поради кратење на пари. Па и една богата УСА, која имаше случаи со децении да држи луѓе во вештачка кома, има случаи на умирање на сиромашни луѓе па и од најбанални работи, а го гледав филмот како одат во Куба каде здравството е багателно во однос на УСА.
А кај нас некој други работи поминаа незабележано, додека случајот на девојката што почина од заскитан
куршум на плоштад (дочек на нова 2005) доби голем медиумски и судски публицитет, имаше бргу потоа и случај на млад дечко со скршена рака кој го шуткаа од една во друга болница, дали недела беше или празник не се сеќавам и си умре. Еден од докторите што не го примија мртов ладен кажа,
па и од фрактура на рака се умира... И немаше НИКАКВИ написи по весници и емисии на ТВ, се се загуши моментално... Ова не е до фондот ама е до надлежности на болници за итни случаи.
Да се вратам пак до Фондот, да укажам и на друга работа, кога од некоја нивна причина не се одобруваат поефикасни и поефтини лекови или поефтина терапија. Конкретно би навел дека здравјето на многу луѓе е нарушено од погрешен а поскап третман, пример пациенти со алергии пред 30г ама и до1995 наместо со антихистаминици се третирани со пеницилин инекции од 1600000 и кортико инекции. А имаше и тогаш лекови против алергија, дихалари и слично , беа увозни но не беше проблем цената, едноставно некој тука не го признаваше тоа . Па основниот лек , лоратадин, го ставија на листа кон крајот на 90-тите кога Алкалоид почна да го прави.
Ќе рече некој тоа се стари работи, не, тие луѓе до скоро беа во фондот, може и уште се таму, остатоци од стариот комуњарско бирократски приод. Бев пред неколку години да прашам зошто фондот не признава терапија со ултразвук а признава само диа динамик (кој по мене е поскап а има и контраиндикации), абе тоа еден невиден арогантен однос, тие си имале правилник.
Со децении имаме случај да како мал пазар немаме регистрирано лекови, лекар ќе ти препише ама не можеш ни со пари да купиш, треба да одиш во странство. Со децении има препукувања по весници ако нема увоз на цитостатици, па држ недај, а некој па ќе се јави цитостатиците штетни биле итн...
Не сакам да го разводнувам случајот со Тамара, но има еден друг, за мене можеби поважен случај, девојчето кое неодамна почина а
никој не знае од што. А ме плаши што не е само кај нас туку имаше таков случај и во Хрватска, еден медиски експониран и повеќе кој не стигнаа до медиуми. Се пишува 2-3 дена.. па незнам требало обдукција, па после кажуваат ама требало крв да се земе на болниот прв ден кога кренал температура и други прикаски и се се заборава. Дали никој не смее против лекарското лоби и незнаење, незнам, но имам впечаток дека лекарите почнаа да работат само шаблонски и по шеми. Испаѓа дека некој ако е болен од некоја ретка , ама интересна болест , има шанса да го примат некаде во странство и да го санираат, а некој тука може од навидум банална настинка да си отиде за 7-8 дена или оној што почина од скршеница за 3 дена.... Не секогаш ќе бидат пари во прашање, може да биде прашање и приоритет кој требал да биде даден на итен случај а од
незнаење не е даден.