денес сабајле на канал 5 имаше разни к*ро тресини се бунеа зошто да плаќале допринос за здравство и пензиско од хонорарот, па еден рече јас не сакам ни да користам здравство, друг кажа не ми треба пензија... никој не разбира дека кај нас здравството мора да биде на солидарна база, еве има луѓе што издвојувале за здравство на плата од 1000 евра па не биле никогаш на доктор а и пензијата е лимитирана на 36000 без обзир колку си издвојувал, но овие со дебелите хонорари само галамат. Проблемот наш е што сме независни во здравството од скапи увозни ресурси. Еве нека платите на врвните хирурзи бидат знатно помали ,не само од ЕУ туку и од регионот, соодветно на просечната плата, пак секој потребен елемент за лекување, било за операција, било реагенс за лабораториска анализа кој е од увоз од Европа и УСА е скап за нас. Има и бетер, н.пр. Бангла Деш не да немаат доволно ни доктори ни опрема ни лекови, туку им недостасува и супституција, нивните традиционални селски надри лекари, па владата нивна организира тие да дејствуваат и далечински, преку интернет а болните во села да одат во интернет кафе и таму да добиваат онлајн интервенција од надрилекарот.
А нашите проблеми допрва ќе доаѓаат, се повеќе сме изложени на неповолни работи, имаше епидемија на афлатоксинот на цел Балкан, исто така се заканува и нилската треска. А ооследици тек ќе има од големото загадување....