Криминалниот фонд за здравство не одобрува пари за малата Тамара!

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
24 април 2008
Мислења
10.699
Поени од реакции
11.952
Види, сигурно имало пропратни компликации, од искривен рбет, само по себе, не се умира.
Може искривениот рбет да е причина за настанување на тие компликации, и скоро сум сигурна дека е така.
Да ја почекаме обдукцијата, барем до сега, тие биле реални....
Изгледај го клипчето, најубаво објаснуваат зошто искривениот 'рбет претставува сериозна смртна опасност, бидејќи го отежнува дишењето и ја отежнува работата на органите.

Но биди 100% сигурна во една работа - обдукцијата нема да ја припише смртта на девојчето врз искривениот 'рбет. Ќе најдат безброј оправданија за да ги спасат ѓубрињата од луѓе кои себеси се нарекуваат политичари, министри, заменици министри, советници, лекари, и останатите бирократски ѓубриња од луѓе, само за да не излезат со заклучок дека девојчето починало поради искривеноста на 'рбетот.
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.005
Па одобрени биле пари.
Поради специфичноста на операцијата требало уште двајца доктори.

Некој крадел ама клетвата фаќа до седмо колено

Нека му ја мислат тие шо крадат или имаат намера
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.115
Поени од реакции
8.224
Изгледај го клипчето, најубаво објаснуваат зошто искривениот 'рбет претставува сериозна смртна опасност, бидејќи го отежнува дишењето и ја отежнува работата на органите.

Но биди 100% сигурна во една работа - обдукцијата нема да ја припише смртта на девојчето врз искривениот 'рбет. Ќе најдат безброј оправданија за да ги спасат ѓубрињата од луѓе кои себеси се нарекуваат политичари, министри, заменици министри, советници, лекари, и останатите бирократски ѓубриња од луѓе, само за да не излезат со заклучок дека девојчето починало поради искривеноста на 'рбетот.
Па и јас истото го кажав.
Искривениот рбет претставува опасност затоа што повлекува други компликации, самиот по себе не е смртоносен.
Затоа е глупаво што воопшто се чекало со средства, операции, држ не дај..... каква и да е причината, не е нормално деца, еј, деца, да умираат ради работи кои се лечат.
Кај што нема спас, нема, ама каде што има, па и за вакви суми некои........[DOUBLEPOST=1423528435][/DOUBLEPOST]
Site treba da dademe podrska na stranata so like i share za da ne se zatvori preku reportite od vmruum-ovcite
Не се затвара страна толку лесно ;)
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.988
Поени од реакции
16.043
се слагам со сите предходни дискусии, ама би дополнил нешто за да ја истакнам правата слика на нашето здравство. Има 2 работи, едната е сиромашна држава и таков начин на размислување, а другата е нестручност и бирократија на луѓето од фондот. Првата работа би ја поврзал со ретките или скапи болести и случки; еден почест пример е труење со печурки. Во една Хрватска има доста такви труења па со владин авион под итно ги носат тешките случаи во Италија на трансплатација на црн дроб, мислам дека таа пракса е веќе 5-6 години најмалку..
Е сега околу ретките и скапи болести има и размислувања колку е етички да се фрлаат средства поради кој на друга страна за 1 таков случај можеби 100-ина ќе страдаат поради кратење на пари. Па и една богата УСА, која имаше случаи со децении да држи луѓе во вештачка кома, има случаи на умирање на сиромашни луѓе па и од најбанални работи, а го гледав филмот како одат во Куба каде здравството е багателно во однос на УСА.
А кај нас некој други работи поминаа незабележано, додека случајот на девојката што почина од заскитан куршум на плоштад (дочек на нова 2005) доби голем медиумски и судски публицитет, имаше бргу потоа и случај на млад дечко со скршена рака кој го шуткаа од една во друга болница, дали недела беше или празник не се сеќавам и си умре. Еден од докторите што не го примија мртов ладен кажа, па и од фрактура на рака се умира... И немаше НИКАКВИ написи по весници и емисии на ТВ, се се загуши моментално... Ова не е до фондот ама е до надлежности на болници за итни случаи.
Да се вратам пак до Фондот, да укажам и на друга работа, кога од некоја нивна причина не се одобруваат поефикасни и поефтини лекови или поефтина терапија. Конкретно би навел дека здравјето на многу луѓе е нарушено од погрешен а поскап третман, пример пациенти со алергии пред 30г ама и до1995 наместо со антихистаминици се третирани со пеницилин инекции од 1600000 и кортико инекции. А имаше и тогаш лекови против алергија, дихалари и слично , беа увозни но не беше проблем цената, едноставно некој тука не го признаваше тоа . Па основниот лек , лоратадин, го ставија на листа кон крајот на 90-тите кога Алкалоид почна да го прави.
Ќе рече некој тоа се стари работи, не, тие луѓе до скоро беа во фондот, може и уште се таму, остатоци од стариот комуњарско бирократски приод. Бев пред неколку години да прашам зошто фондот не признава терапија со ултразвук а признава само диа динамик (кој по мене е поскап а има и контраиндикации), абе тоа еден невиден арогантен однос, тие си имале правилник.
Со децении имаме случај да како мал пазар немаме регистрирано лекови, лекар ќе ти препише ама не можеш ни со пари да купиш, треба да одиш во странство. Со децении има препукувања по весници ако нема увоз на цитостатици, па држ недај, а некој па ќе се јави цитостатиците штетни биле итн...
Не сакам да го разводнувам случајот со Тамара, но има еден друг, за мене можеби поважен случај, девојчето кое неодамна почина а никој не знае од што. А ме плаши што не е само кај нас туку имаше таков случај и во Хрватска, еден медиски експониран и повеќе кој не стигнаа до медиуми. Се пишува 2-3 дена.. па незнам требало обдукција, па после кажуваат ама требало крв да се земе на болниот прв ден кога кренал температура и други прикаски и се се заборава. Дали никој не смее против лекарското лоби и незнаење, незнам, но имам впечаток дека лекарите почнаа да работат само шаблонски и по шеми. Испаѓа дека некој ако е болен од некоја ретка , ама интересна болест , има шанса да го примат некаде во странство и да го санираат, а некој тука може од навидум банална настинка да си отиде за 7-8 дена или оној што почина од скршеница за 3 дена.... Не секогаш ќе бидат пари во прашање, може да биде прашање и приоритет кој требал да биде даден на итен случај а од незнаење не е даден.
 
levell5

Superlative Сasual Dating - Real-life Girls
Член од
29 јануари 2011
Мислења
397
Поени од реакции
219
Ги прашувам луѓето од Фондот и Лекарите каде пранираат да одат на Летен Одмор да се одморат како заслуга за Смрта на Тамара.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.364
Поени од реакции
81.674

Да го прашаме Супермен, очигледно дека е он претставник на таа тајфа, штом така најстојчиво, надвор од сите логики и морално-етички норми застанува зад одговорните за смртта на дтетенцево, во патетична одбрана. Поради криптонитот шо му смета, не ги гледа предходните (од прва до петта) страници на темава, напишани во времето кога можеше да се стори нешто и каде подробно е опишана целата работа, со одолговлекувањето од страна на власта и сета останата небрежност на одговорните, која доведе до ова. Фатализмот, неизбежната судбина, со која одлучија се бранат овие нафатирани копилиња од фондот енд стаф, нема веќе ниту во очите на најзатупениот, најслепиот да биде валиден изговор..

Којзнае што точно се случило. Разбрав дека имало отежнувачки околности околу целиот случај, но дека бирократскиот дел бил непречено теран. Работата заглавила кај лекарите...
.
Една информација. Девојчето имало хроничен бронхит и срцева маана покрај другата дијагноза. Фондот го одобрил случајот и немало проблем со средства. Проблемот бил во ненавремена распределба на случајот кај конкретни лекари хирурзи поради неговата комплексност..
Па одобрени биле пари.
Поради специфичноста на операцијата требало уште двајца доктори.
Нека му ја мислат тие кои, вака, во вакви случаи застануваат зад страната која донесе смрт, заради лични интереси.

По објавувањето на веста за смртта на 9 годишната Тамара, Хелсиншкиот комитет за заштита на човековите права се обрати со соопштение во јавноста. Хелсиншкиот комитет го следеше од блиску овој случај во обид да им помогне на родителите на Тамара да издесјстуваат нејзино лекување. Во реакцијата Хелсиншкиот комитет најавува покренување на кривична пријава против директорката и членови на Управиот одбор на Фондот за здравство. Во продолжение го пренесуваме интегралниот текст од реакцијата на Хелсиншкиот комитет.

Хелсиншкиот комитет е потресен од веста за смртта на малолетната Тамара Димовска, која неполна година чекаше позитивен одговор од Фондот за здравствено осигурување за да се лекува во странство, поради тежок деформитет на рбетот. Според мислењето на Хелсиншкиот комитет малолетната Тамара е директна жртва на неефикасниот систем на здравствена заштита и немањето волја овој случај да добие позитивна разрешница од страна на Фондот за здравствено осигурување.

Целокупната јавност месеци наназад беше известувана преку медиумите за случајот со цел да се предизвика ефективна реакција од страна на Фондот за здравствено осигурување, со оглед дека медицинските наоди покажуваа сериозно влошување на нејзината здравстевна состојба, која може да доведе и до смртни последици, доколку не се делува оперативно.

Хелсиншкиот комитет постапувајќи во случајот достави барање за информации до Фондот за здравствено осигурување и инсистираше на образложение за причините поради кои се игнорира конзилијарното мислење на ЈЗУ – Универзитетска клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар во Скопје во кое беше констатирано дека не постои можност да се спроведе соодветно лекување во нашите здравствени установи, а заради тежината на деформитетот и специфичната тежина на предложениот оперативен зафат и притоа се донесе негативно решение за лекување на Тамара во странство. Од документацијата која беше доставена до Хелсиншкиот комитет можеше да се утврди дека Фондот за здравствено осигурување се обратил и до специјалните болници по хируршки болести во државава, но ниту една од нив не се нафатила да го изврши оперативниот зафат.

Хелсиншкиот комитет не доби одговор на барањата за информации, ниту пак доби можност да оствари средба со одговорните лица во Фондот.
Имајќи ги предвид последиците од ваквиот однос на Фондот и Министерството за здравство кон животот на едно дете, Хелсиншкиот комитет повторно прашува зошто беше ветувано дека на Тамaра ќе и биде овозможено лекување во странство, а тоа никогаш не се случи?

Имајќи ја предвид влошената здравствена состојба на Тамара, зошто се оддолжуваше постапката и не се донесе конечно позитивно решение?
За Хелсиншкиот комитет не постојат никакви дилеми за одговорноста во случајот од страна на Фондот за здравствено здравствено осигурување и Министерството за здравство. Од тие причини, доколку не биде преземена одговорност од страна на раководните лица во овие институции Хелсиншкиот комитет ќе поднесе кривични пријави протов директорката и членовите на Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување за несовесно работење во службата, а доколку постои согласност од страна на родителите ќе биде поднесен предлог за кривично гонење против одговорните лица во Министерството за здравство, се вели во реакцијата на Хелсиншкиот комитет.
 
Последно уредено:
Член од
12 март 2008
Мислења
1.030
Поени од реакции
714
Не знам зашо ме етикетираш. Во моето семејство имам двајца лекари информирани во врска со случајот. Работата се закочила поради тоа што детето имало многу комплицирана дијагноза. Тим на хирурзи требало да биде формиран, а во Македонија нашите не се нафаќале.

Се надевам полесно ти е ако исплукаш некого кој врска нема со тоа што го збориш.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.497
Секаде во странство се формираат тим на хирурзи кога има посебен случај затоа што секогаш е подобро кога (карикирам) три глави во операциона мислат наместо една. Муабетот е дека да беше Тамара дете на боксерот или на вратарот тој тим ќе беше формиран за 2 саата не за 2 месеца :toe:
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.115
Поени од реакции
8.224
се слагам со сите предходни дискусии, ама би дополнил нешто за да ја истакнам правата слика на нашето здравство. Има 2 работи, едната е сиромашна држава и таков начин на размислување, а другата е нестручност и бирократија на луѓето од фондот. Првата работа би ја поврзал со ретките или скапи болести и случки; еден почест пример е труење со печурки. Во една Хрватска има доста такви труења па со владин авион под итно ги носат тешките случаи во Италија на трансплатација на црн дроб, мислам дека таа пракса е веќе 5-6 години најмалку..
Е сега околу ретките и скапи болести има и размислувања колку е етички да се фрлаат средства поради кој на друга страна за 1 таков случај можеби 100-ина ќе страдаат поради кратење на пари. Па и една богата УСА, која имаше случаи со децении да држи луѓе во вештачка кома, има случаи на умирање на сиромашни луѓе па и од најбанални работи, а го гледав филмот како одат во Куба каде здравството е багателно во однос на УСА.
А кај нас некој други работи поминаа незабележано, додека случајот на девојката што почина од заскитан куршум на плоштад (дочек на нова 2005) доби голем медиумски и судски публицитет, имаше бргу потоа и случај на млад дечко со скршена рака кој го шуткаа од една во друга болница, дали недела беше или празник не се сеќавам и си умре. Еден од докторите што не го примија мртов ладен кажа, па и од фрактура на рака се умира... И немаше НИКАКВИ написи по весници и емисии на ТВ, се се загуши моментално... Ова не е до фондот ама е до надлежности на болници за итни случаи.
Да се вратам пак до Фондот, да укажам и на друга работа, кога од некоја нивна причина не се одобруваат поефикасни и поефтини лекови или поефтина терапија. Конкретно би навел дека здравјето на многу луѓе е нарушено од погрешен а поскап третман, пример пациенти со алергии пред 30г ама и до1995 наместо со антихистаминици се третирани со пеницилин инекции од 1600000 и кортико инекции. А имаше и тогаш лекови против алергија, дихалари и слично , беа увозни но не беше проблем цената, едноставно некој тука не го признаваше тоа . Па основниот лек , лоратадин, го ставија на листа кон крајот на 90-тите кога Алкалоид почна да го прави.
Ќе рече некој тоа се стари работи, не, тие луѓе до скоро беа во фондот, може и уште се таму, остатоци од стариот комуњарско бирократски приод. Бев пред неколку години да прашам зошто фондот не признава терапија со ултразвук а признава само диа динамик (кој по мене е поскап а има и контраиндикации), абе тоа еден невиден арогантен однос, тие си имале правилник.
Со децении имаме случај да како мал пазар немаме регистрирано лекови, лекар ќе ти препише ама не можеш ни со пари да купиш, треба да одиш во странство. Со децении има препукувања по весници ако нема увоз на цитостатици, па држ недај, а некој па ќе се јави цитостатиците штетни биле итн...
Не сакам да го разводнувам случајот со Тамара, но има еден друг, за мене можеби поважен случај, девојчето кое неодамна почина а никој не знае од што. А ме плаши што не е само кај нас туку имаше таков случај и во Хрватска, еден медиски експониран и повеќе кој не стигнаа до медиуми. Се пишува 2-3 дена.. па незнам требало обдукција, па после кажуваат ама требало крв да се земе на болниот прв ден кога кренал температура и други прикаски и се се заборава. Дали никој не смее против лекарското лоби и незнаење, незнам, но имам впечаток дека лекарите почнаа да работат само шаблонски и по шеми. Испаѓа дека некој ако е болен од некоја ретка , ама интересна болест , има шанса да го примат некаде во странство и да го санираат, а некој тука може од навидум банална настинка да си отиде за 7-8 дена или оној што почина од скршеница за 3 дена.... Не секогаш ќе бидат пари во прашање, може да биде прашање и приоритет кој требал да биде даден на итен случај а од незнаење не е даден.
Поголеми се шансите да умреш од нешто банално, него од нешто посериозно.
Тетка ми умре на 43 години од никој не знае што.
Божем пневмонија, ама тоа се лекува, ама после докторката не дала соодветна терапија, па бубрезите откажале, па можеби септична станала.... Можеби, можеби.
А 1 недела пред да умре, се чинеше дека има посериозна настинка, можеби грип.
Од тоа не се умира во цивилизиран свет, не се умира во 21 век. Не чекаше таа да приумре па да оди на лекар, веднаш појде чим почна да кашла.

Сеуште не знаат од што е почината, којзнае дали некогаш ќе дознаеме.[DOUBLEPOST=1423569966][/DOUBLEPOST]
Не знам зашо ме етикетираш. Во моето семејство имам двајца лекари информирани во врска со случајот. Работата се закочила поради тоа што детето имало многу комплицирана дијагноза. Тим на хирурзи требало да биде формиран, а во Македонија нашите не се нафаќале.

Се надевам полесно ти е ако исплукаш некого кој врска нема со тоа што го збориш.
Кларк, да бидеме прави, ама ако некој е со лоша здравствена состојба, посебно ако е дете, не е нормално, не е морално и не е етички, да се чекаат термини, да се гура цела таа бирократија.
Да не бев од блиску запознаена, ајде, ама кога човек доаѓа толку болен, прво му се помага, па после се тера бирократија, ако треба и до бескрај.

Само што сега докторите се повеќе администратори, него доктори, повеќе термини, конзилијарни мислења и бирократски протоколи следат, него што лекуваат.
И не ги обвинувам нив за тоа, ама ИЧ.
Туку посранава држава што проповеда за многудетни семејства, а не можеме да ги спасиме ни оние кои веќе се родени и се тука и страдаат.[DOUBLEPOST=1423570005][/DOUBLEPOST]
Секаде во странство се формираат тим на хирурзи кога има посебен случај затоа што секогаш е подобро кога (карикирам) три глави во операциона мислат наместо една. Муабетот е дека да беше Тамара дете на боксерот или на вратарот тој тим ќе беше формиран за 2 саата не за 2 месеца :toe:
Замисли на Тодоров да беше внука, до сега ехеееее....
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Оставка за Тодоров и сите одговорни во случајов. Ова ќе го пишувам секој ден, секој час, ако треба и секоја минута.

Редно е веќе некој во оваа банана држава да ги сноси последиците. А тоа да не бидат обичните граѓани.
 
Член од
12 март 2008
Мислења
1.030
Поени од реакции
714
Поголеми се шансите да умреш од нешто банално, него од нешто посериозно.
Тетка ми умре на 43 години од никој не знае што.
Божем пневмонија, ама тоа се лекува, ама после докторката не дала соодветна терапија, па бубрезите откажале, па можеби септична станала.... Можеби, можеби.
А 1 недела пред да умре, се чинеше дека има посериозна настинка, можеби грип.
Од тоа не се умира во цивилизиран свет, не се умира во 21 век. Не чекаше таа да приумре па да оди на лекар, веднаш појде чим почна да кашла.

Сеуште не знаат од што е почината, којзнае дали некогаш ќе дознаеме.[DOUBLEPOST=1423569966][/DOUBLEPOST]

Кларк, да бидеме прави, ама ако некој е со лоша здравствена состојба, посебно ако е дете, не е нормално, не е морално и не е етички, да се чекаат термини, да се гура цела таа бирократија.
Да не бев од блиску запознаена, ајде, ама кога човек доаѓа толку болен, прво му се помага, па после се тера бирократија, ако треба и до бескрај.

Само што сега докторите се повеќе администратори, него доктори, повеќе термини, конзилијарни мислења и бирократски протоколи следат, него што лекуваат.
И не ги обвинувам нив за тоа, ама ИЧ.
Туку посранава држава што проповеда за многудетни семејства, а не можеме да ги спасиме ни оние кои веќе се родени и се тука и страдаат.[DOUBLEPOST=1423570005][/DOUBLEPOST]
Замисли на Тодоров да беше внука, до сега ехеееее....

Така е. Треба фино лепо сеа како што ја заебале работата, да се формира тело и дел по дел да почне да ги чешла и глави да летаат. Поделиш фино лепо 10-20 откази, неколку кривични, за да нема такви срања во иднина. Проблемот е што лекарите се тие до кој што тешко се доаѓа. Освен ако не си некој на некого со евра.

Тешко на родителите.

Сестра ми е матичен лекар, маме мамино и расплакаа со бирократија. Се е само лекар не е. Повеќе е по ФЗОМ и по бирократии, печати и фискални отколку со пациенти.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.364
Поени од реакции
81.674
Се надевам полесно ти е ако исплукаш некого кој врска нема со тоа што го збориш.
Се надевам дека ако, не дај боже, некад и тебе ти се деси вакво нешто, со истата настојчивост ќе застанеш во одбрана на оние чија небрежност и одолговлекување довеле до епилогот.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.115
Поени од реакции
8.224
Така е. Треба фино лепо сеа како што ја заебале работата, да се формира тело и дел по дел да почне да ги чешла и глави да летаат. Поделиш фино лепо 10-20 откази, неколку кривични, за да нема такви срања во иднина. Проблемот е што лекарите се тие до кој што тешко се доаѓа. Освен ако не си некој на некого со евра.

Тешко на родителите.

Сестра ми е матичен лекар, маме мамино и расплакаа со бирократија. Се е само лекар не е. Повеќе е по ФЗОМ и по бирократии, печати и фискални отколку со пациенти.
Тука си во право.
И кај мене на работа е исто, па за да се постигне да се прегледаат сите, сестри и администратори прават приеми, издаваат упати, внесуваат прегледи.... замисли да дојде господичниот министер, што би било тоа да го види.
Ама битно репна казна на доктор зошто примил 2 саати пациент покасно од терминот.... само што пациентот си каснеше на терминот.
Во оваа држава да бидеш доктор, треба да си ептен дебелокожец.
Ако не помогнеш - не си ја работиш работата за која што си учел и си се трудел и ја сакаш.
Ако помогнеш, ќе летнеш од работа, зошто не ја работиш работата како што министерот си ја замислил.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.364
Поени од реакции
81.674
Мајка ми имаше тумор на мозок и почина пред 2 години. Сите можни ебани неврохирурзи во земјава ги бркавме. Мислиш дека ги бранам?
Навистина не гледам како неврохирурзите се тука вмешани, во овој случај со девојчево.Ако сметаш дека има потреба да ги браниш, брани ги.
Ја можам само да ценам според тоа што си го пишал овде, а тоа е копи-пејст од патетичните изговори на тие во министерство за здравство и фонд. Како ние да имаме амнезија и не знаеме како одеа работите.

Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.115
Поени од реакции
8.224
Мајка ми имаше тумор на мозок и почина пред 2 години. Сите можни ебани неврохирурзи во земјава ги бркавме. Мислиш дека ги бранам?
Кога малце повеќе би обрнале внимание во читање на објавени случаеви, нови болести итн. би било се многу поефикасно.
Факт е дека докторот НЕ МОЖЕ да ги знае сите состојби, посебно оние кои се јавуваат кај 1 во 2-3 милиони луѓе. Ама затоа постои начин да се информираат, само ако малце повеќе обрнат внимание на анамнезата, само ако малце повеќе се заинтересираат лично за невообичаените случаеви.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom