- Член од
- 5 септември 2007
- Мислења
- 3.848
- Поени од реакции
- 960
Исто толку нормално колку и човек без слепо црево и крајници. Јас познавам човек без еден тестис и тој не забележува никаква разлика кај себе пред и откако му го отстраниле тестисот. Тој се потсетува дека му фали едниот тестис само во моментите кога ќе го прашаат за тоа или кога се пипка доле.Може, но не нормално.
Тие примери ги игнорирав затоа што мислев дека се шегуваш со нив. Толку се смешни што мислам дека не заслужуваат ни да бидат дискутирани.А дека човекот еволуирал, докажуваат и тие недостатоци на еволуцијата кои што ги постирав погоре.
Ете, доволен доказ е постоењето на остатоци од трет очен капак кој што некогаш им служел на нашите предци. Или наежувањето (кострешење).
Не може едноставно да ги негираш тие.
Не се тоа опашки, туку дегенеративни израстоци кои што некои еволуционисти си ги толкуваат дека се "опашки". Според ткн. "еволутивното дрво" човеколиките мајмуни се поблиски до луѓето од оние мајмуни што се пентарат по дрва. Сепак човеколиките мајмуни немаат опашка, а тие другите имаат. Ако дегенеративниот израсток кај бебињата со "опашка" е остаток од опашка, тогаш испаѓа дека луѓето еволуирале т.е. имаат заеднички предок со шимпанзата, а не со човеколиките мајмни. Но токму еволуционистите го тврдат обратното.Исто така има доста случаи во светот на деца родени со опашки, што јасно го покажува еволутивното минато на човекот.
Понатаму сите знаеме дека опашката им е корисен орган на мајмуните. Губењето на опашката е спротивно на законот на еволутивната природна селекција кој вели дека опстануваат оние животни кои се посупериорни во преживувањето на новата средина или новите услови т.е. оние кои имаат корисни органи за да преживеат во новите услови. Зошто, доколку човечкиот предок имал опшака, таа би му исчезнала? Да речеме дека порано нашите предци имале опашка. Да речеме дека се родиле некои "дегени" машко и женско кои немале опашка. И потоа овие се пареле меѓу себе и бидејќи во нивните гени генот за опашка бил дефектен, нивните деца се раѓале без опашки. Зошто ова поколение со дегенерирани гени за опашка би преживеало, а оние посупериорните кои што имале здрави прави опшаки би изумреле? Оваа еволутивна претпоставка е контрадикторна со самиот закон за еволутивна природна селекција.
И за крај, дали детето кое што се родило со 4 раце и 4 нозе е доказ дека човекот еволуирал од пајакот? Секако еволуционистите ќе речат не, но само затоа што не познаваат животно слично на човекот со 8 екстремитети. Но да постоеше такво, тие ќе не бомбардираа со "научните докази" дека ние сме еволуирале токму од тоа животно.
Или пак што ќе кажете за детето со по 6 прсти на секоја дланка и стапало? (вкупно 24 прсти) Секако, секој еволуционист ќе рече дека тоа е дегенеративна болест и дека нема врска со еволуцијата. Но да постоеше мајмун со 24 прсти, тогаш ќе скокаше велејќи: "ете, ете, од тој мајмун сме еволуирале!"
Или за девојчето родено со споени нозе?
Дали е тоа доказ дека сме еволуирале од сирени?
Тоа ли е наука драги мои форумџии?
Јас имам слепо црево и ете не ми предизвикува нинакви проблеми, а штом пишувам значи и не сум мртов. Тоа се воспалува од инфекција, а инфекцијата е болест. И не е само инфекцијата болест, туку медицински дефинирано, секое абнормално однесување на нашите органи се дефинира како болест.Хехе, да, но слепото црево без некоја причина (болест) може да предизвика сериозни проблеми, па и смрт.