Астронимите редовно се вадат на Доплеровиот ефект, познат како „црвено поместување„, што значи, колку е некој објект поодалечен, дотолку послаба светлина испраќа до нас.
Писмото никаде не вели дека Вселената и се во неа, се создадени преку немерливо долги процеси, туку дека се што е создадено од Бога, создадено е по Негова заповед-Бог рече, и настанот/креацијата се случува. За Писмото, не важи „биг бенг„-от и неговите „ад хок„ небулози за местимично згуснивање на пра-материјата, од каде настанале ѕвездите, а подна и галаксиите. Тоа дека некоја галаксија била оддалечена јак број светлосни години, тоа не значи дека бројката е егзактна, туку дека се работи за проценка, по кој знае која метода добиена. Црвеното поместување не значи дека галаксиите одсекогаш се оддалечуваат едни од други-а што ако се одеднаш создадени? Во Вселената, не постои референтен објект, во однос на кој би можеле да дадеме точна проценка за некое растојание, кога е повеќе од јасно дека галаксиите бегаат една од друга на сите страни...
Црковната проценка е дека Светот/Вселената е стара цца 8 000 г,. а геолошката проценка за староста од Земјава е цца 10 000 г.
На кројот на краиштата, астрономите, но и било кој здраворазумен научник, ќе рече дека дава став само според тековно достапните сознанија, што значи дека со тек од време, тие сознанија можат и да се променат, како што тоа се случува во науките по традиција...
--- надополнето ---
Во толкувањето на „Шестодневот„, Св. Василиј Велики вели дека поимот „светлина„ не е исто што и Сонце или Месечина. „Светлината„ е категорија/особина, која е створена и пред Сонцето и пред Месечината, а по создавањето на Сонцето и на Месечината, тие стекнуваат особина да светат. Сонцето и Месечината се креирани во 4-от ден, а светлината е креирана во првиот ден, што значи дека не се сите креирани во ист ден...