Креационизам наспроти еволуционизам

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.761
Поени од реакции
7.593
Први записи за обликот на земјата како тркалезна, рамна површина даваат евреите. Питагора 500-600 години пне тврдеше дека земјата не е рамна плоча а Аристотел прв соопшти дека земјата има облик на топка. Него го следеа Архимед и Ератостен еден век подоцна кои ги потврдија неговите резултати, со поразлични бројки за обиколката на земјата.
Did I pass? :vozbud:
Ти ли беше прашан?:LOL:
 

ЛеоЛе07

Не биди трол
Член од
8 октомври 2010
Мислења
879
Поени од реакции
375
Каде е отиден нашиот драг форумџија Мики1?

Мене не ми личи така:)

Мислиш дека има многу неодлучени, па треба да изберат страна?

Што те натера тебе да бидеш на страната, на која што си сега? Кој беше пресвртниот момент?

п.с. Каде младо момче со тој памет по Барса:P
Неодлучени се раѓаат секој ден.
Тоа дека Теоријата на еволуција најдобро го објаснува биодиверзитетот на планетава го сфатив после една документарна серија The Shape of Life. Самата серија не е директно за еволуција, но укажува на огромните разлики меѓу различните видови, но и ги поврзува преку нивните заеднички карактеристики. На некој начин, зборува за Камбриската експлозија на животот, но преку видовите кои се живи денес.
Иако претходно доказите тежеа на таа страна, сепак не ми беа јасни механизмите на еволуцијата. Всушност, не знаев ни дека постојат. А во образовниот процес се дадени толку штури податоци, што речиси ја отвора вратата на неверување и барање на други вистини.

п.с. За тоа на друга тема. Ако има Зошто навивате за клубот за кој навивате.
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.208

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Ама ме интересира болдот - зашто би некој не учел нешто погрешно од мали нозе?
Она кое не‘ учат уште од мали нозе, дел е од денешниот светоглед: дарвинситичко-марксистичко-прогресивистичко-сциентистичко-футуристички светоглед, и целиот образовен процес е во функција на тој светоглед, дури и кога самите науките не учат такво нешто!

Модерниот образовен систем не допушта други вистини, освен онаа која системот ја наметнува насилно, преку образованието и преку медиумите.

Така, се формираат генерации и генерации луѓе, на кои животот им минува со една и иста вистина и луѓе, кои се неспособни за критичко примање и поимање на нештата во Светов и во животот, туку се‘ што ќе примат од Светот, го земаат за исправно и вистинито.
--- надополнето: 14 септември 2012 во 14:40 ---
Осеќам дека ќе биде врзано со Нечестивиот и сивата еминенција нешто, па би следело потпрашање : тогаш кој владее на Земјава во моментов Исус или Лукавиот?
На Земјава, тековно владее лукавиот, користејќи стари и нови методи. Неговата најстара и проверена метода е лагата, а од поновите методи, тука се: разно-разните новокомпонирани философии и идеологии, тазе религии, тајните друштва, забеганите науки и квази-науки и сл.
 
Член од
17 јануари 2012
Мислења
1.044
Поени од реакции
644
Она кое не‘ учат уште од мали нозе, дел е од денешниот светоглед: дарвинситичко-марксистичко-прогресивистичко-сциентистичко-футуристички светоглед, и целиот образовен процес е во функција на тој светоглед, дури и кога самите науките не учат такво нешто!

Модерниот образовен систем не допушта други вистини, освен онаа која системот ја наметнува насилно, преку образованието и преку медиумите.

Така, се формираат генерации и генерации луѓе, на кои животот им минува со една и иста вистина и луѓе, кои се неспособни за критичко примање и поимање на нештата во Светов и во животот, туку се‘ што ќе примат од Светот, го земаат за исправно и вистинито.
--- надополнето: 14 септември 2012 во 14:40 ---
Мики1 а по што се разликува ова што го напиша од тоа што го правела црквата во минатото, освен што не спалува луѓе на клада.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Браос, значи само православниот “духовен опит“ е исправен, сето друго е невистина. Од каде тој екслузивитет на православните? Лично Исус ви го даде?
А што праиме со “духовните опити“ на шиити, сунити, хиндуисти, џаинисти, шинтоисти, будисти, шамани.......? И за нив ли Исус вели дека се неточни?
Yes, of course...

Во философиите и во религиите, во кои преовладуваат: лагата, суетноста, гордоста и егоцентризмот, таму неизоставно е вмешан и лукавиот.
--- надополнето: 14 септември 2012 во 15:03 ---
Мики1 а по што се разликува ова што го напиша од тоа што го правела црквата во минатото, освен што не спалува луѓе на клада.
Што правела Црквата во минатото? Палела неистомисленци на клада, гонела вештерки?...За која Црква се однесува тоа?....

Денешната инквизиција е по елегантна: ако не си со нас, тогаш си против нас. Денес, не мора да бидам запален на плоштад ако не се согласувам со нечиј светоглед, оти денес е повеќе од доволно да бидам отстранет од некоја заедница, на пример, од професијата, и со тоа, останувам без никаква можност за прежививуање во Светов, бидејќи вкупното модерно живеење се сведе на економска зависност, наспроти гласните пароли за демократија, еднаквост, човекови права, исти можности и слични небулози.
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Yes, of course...

Во философиите и во религиите, во кои преовладуваат: лагата, суетноста, гордоста и егоцентризмот, таму неизоставно е вмешан и лукавиот.
Тачно.
Според мојот духовен опит во сите други религии и философии, освен во мојата се разбира, преовладуваат: лагата, суетноста, гордоста и егоцентризмот. Вклучително и твоето православно христијанство. Значи Мики да бегаш подалеку од твојата религија оти е дело на лукавиот. Ти треба некој друг духовен опит.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Важи: преостанува уште опитот со пивото...:D
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.208
Тачно.
Според мојот духовен опит во сите други религии и философии, освен во мојата се разбира, преовладуваат: лагата, суетноста, гордоста и егоцентризмот. Вклучително и твоето православно христијанство. Значи Мики да бегаш подалеку од твојата религија оти е дело на лукавиот. Ти треба некој друг духовен опит.
Well played.:icon_mrgr:
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Неодлучени се раѓаат секој ден.
Тоа дека Теоријата на еволуција најдобро го објаснува биодиверзитетот на планетава го сфатив после една документарна серија The Shape of Life. Самата серија не е директно за еволуција, но укажува на огромните разлики меѓу различните видови, но и ги поврзува преку нивните заеднички карактеристики. На некој начин, зборува за Камбриската експлозија на животот, но преку видовите кои се живи денес.
Иако претходно доказите тежеа на таа страна, сепак не ми беа јасни механизмите на еволуцијата. Всушност, не знаев ни дека постојат. А во образовниот процес се дадени толку штури податоци, што речиси ја отвора вратата на неверување и барање на други вистини.

п.с. За тоа на друга тема. Ако има Зошто навивате за клубот за кој навивате.

Ок значи образовниот процес ти беше недоволен, па мораше документарец да ти го осветли патот:P
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Она кое не‘ учат уште од мали нозе, дел е од денешниот светоглед: дарвинситичко-марксистичко-прогресивистичко-сциентистичко-футуристички светоглед, и целиот образовен процес е во функција на тој светоглед, дури и кога самите науките не учат такво нешто!

Модерниот образовен систем не допушта други вистини, освен онаа која системот ја наметнува насилно, преку образованието и преку медиумите.

Така, се формираат генерации и генерации луѓе, на кои животот им минува со една и иста вистина и луѓе, кои се неспособни за критичко примање и поимање на нештата во Светов и во животот, туку се‘ што ќе примат од Светот, го земаат за исправно и вистинито.
--- надополнето: 14 септември 2012 во 14:40 ---


На Земјава, тековно владее лукавиот, користејќи стари и нови методи. Неговата најстара и проверена метода е лагата, а од поновите методи, тука се: разно-разните новокомпонирани философии и идеологии, тазе религии, тајните друштва, забеганите науки и квази-науки и сл.

Ајде да речеме дека е така, како што си напишал, особено болдот.

Ако луѓето се среќни и не им фали ништо во тековниот живот, тогаш зашто не би ја прифатиле вистината или лагата како што велиш која им е наметната?

И уште едно прашање.

Еве ти си во позиција над останатите, и ја имаш осознаено и другата вистина, онаа што не е наметната од образовниот систем.
Каква поволност нуди спознавањето на таа вистина?
Како другите (читај атеистите нели) ќе се наведат да сакаат да ја осознаат таа вистина, која пак ја сметаат за лага?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Тој опит уз пиво ќе дискутираме за него. Вака на суво, жаба не крека. :P
...а и Шарко не лае...:cool:
--- надополнето: 14 септември 2012 во 16:00 ---
Ако луѓето се среќни и не им фали ништо во тековниот живот, тогаш зашто не би ја прифатиле вистината или лагата како што велиш која им е наметната?
Црквата секогаш поаѓа од одредена даденост, а во случајов, ќе ја разгледаме човековата природа, која е сложена: дух, душа и тело. Така, ако живеам само на телесно/материјално ниво‘ а тоа живеење и на такво ниво‘ дополнително ми е поткрепено со изразито материјалистички светоглед, тогаш и би можел да живеам прилично задоволно.

А што се со другите делови од човековата природа? Ако телото го бара телесното/материјалното за свои потреби, духот го бара духовното, за своја потреба. Како што на телото му треба материјална храна, така и на духот му треба духовна храна, која може да се најде само во нематеријалните категории. Невозможен е траен супститут на духовните потреби со материајлни нешта...Или, како што би рекол Солжењицин: „..човекот не може долго да живее без духовност...„.

Денешното живеење е сведено само на еднодимензионално живење, кое во основа го претвора човекот само во „zoon consument„, а не и во „образ и подобие Божјо„.

Се‘ дур луѓето живеат само телесно и чат-пат душевно ниво‘ и се‘ дур тоа им е единствената вистина, таквите луѓе нема да се занимаваат со „нешто повеќе„ и мирно ќе си го трошат животот, чекајќи за смртта, после која, нели „нема ништо„...
--- надополнето: 14 септември 2012 во 16:03 ---
Каква поволност нуди спознавањето на таа вистина?
Како другите (читај атеистите нели) ќе се наведат да сакаат да ја осознаат таа вистина, која пак ја сметаат за лага?
Спознавањето на таа вистина значи неколку работи:
- творението го спознало својот Творец и
- творението ја нашло вистината, смислата и целта од своето овосветовно битисување.

А атеистите не можат да за осознаат таа поинаква вистина, се‘ додека умовите им се „закачени„ исклучиво за овосветовниот материјализам, или поинаку кажано, не можат да осознааат поинаква вистина, ако тоа не им дојде „од озгора„, од Бога. Без лично отворање на својот ум и кон Бога, а не само кон Светов, нема „поинаква„ вистина од оваа која секој ден ни‘ се нуди.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom