Креационизам наспроти еволуционизам

Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Сериозна дискусија со астронаутите Христијани може да имаш, да ги прашаш зошто-како, а и дали астронаутите се научници во смисолот на зборот тукашен?
Дечко, сериозно сум загрижен за тебе. Твоите реченици оддаваат крајно конфузна личност, која се тетерави по танката линија помеѓу нормалноста и душевната болест. Не ти го пишувам ова за да те навредам, побарај професионална помош додека сеуште не е доцна.
 
ЛеоЛе07

Не биди трол
Член од
8 октомври 2010
Мислења
879
Поени од реакции
375
А првиот Закон на термодинамиката, што вели?
E што вели де? Знаеш? Си бегал од часови. Освен тоа, мислев дека креационистиве се по Вториот закон на термодинамиката.
--- надополнето: 14 септември 2012 во 11:05 ---
Во тоа е целата „квака„: ако денешните владетели не го одржат тековно важечкиот светоглед, ќе мораат да ни‘ понудат „нешто друго„, а таа алтернатива е само верата во Бога, а не уште една човекова измислица....

Да, луѓето би ја приметиле фалинката и на денешниот светоглед, но нивните умови се истренирани само на една, а не на две, три или повеќе вистини. За „модерните„ луѓе на пример, апсолутно точно е само она кое некој, некогаш и некаде го кажал, но апсолутно е неточно сето она, кое ни‘ се случува под носот и кое е очигледно....
Сосема се согласувам. Само имам едно прашање. Каде ти е пикнат носот?
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
E што вели де? Знаеш? Си бегал од часови. Освен тоа, мислев дека креационистиве се по Вториот закон на термодинамиката.
--- надополнето: 14 септември 2012 во 11:05 ---

Сосема се согласувам. Само имам едно прашање. Каде ти е пикнат носот?
Мислам дека лошо си го проценил MIKI1:P

Човекот само се адаптира на дискусијата на членовите кои се обидуваат да му ја побијат неговата теза, односно верба, а притоа користат наука (а многумина и без знаење од некоја област, туку само со линк прочитан 2 минути) за да разобличат философски концепт на убедување.

Нема тука доближување на ставовите пријателе.

Јас како симпатизер на Милан кој го паметам од времето на холандското трио Гулит, Рјкард, Ван Бастен, па потоа со Дејо и Звоне, па Жорж Веа, па се до Кака и Ибрахимовиќ, секогаш ќе го сметам за вториот најдобар клуб во Европа, после Реал Мадрид.

Помладите кои гледаат фудбал од РОман Абрамович наваму, ќе сметата дека БАрселона е најдобриот клуб.

И сега препирки до утре сабајле, никој никого не може да убеди.
Милион субјективни факти за, и исто толку против:P

Џабе ти број на титули кога субјективно веруваш дека машинеријата на БАрса е најдобра во историјата на фудбалот.

Исто ти е и тука. Не можеш со научни факти да побиеш философски концепт. ;)
 
ЛеоЛе07

Не биди трол
Член од
8 октомври 2010
Мислења
879
Поени од реакции
375
Кои профили на луѓе се обидуваат да креационизмот влезе во училиштата?
Која е целта што би ја постигнале со искористување на верниците?

Чисто твое размислување околу овие две прашања.
Креационизмот е измислен во САД со намера влегување во училиштата од страна на протестантите. Ова е американска дискусија. Во Европа и кај нас се води истата дискусија, но со помал интензитет.

Целта е пари и контрола врз луѓето. Колку се луѓето поглупи толку полесно се контролираат.

Верниците обично не би ги интересирала биологија и врската со нивната вера. Некои од „креационистите“ ќе им речат: „Ама треба да те интересира. Овие велат дека твојата вера нема врска.“ И на тој начин ги врбуваат да протестираат против науката.

Освен тоа, „креационистите“ пишуваат книги и држат предавања. Некој треба да го плати тоа. Ако го внесат во образовен систем им се отвораат фондовите на државата.
--- надополнето: 14 септември 2012 во 11:51 ---
Мислам дека лошо си го проценил MIKI1:P

Човекот само се адаптира на дискусијата на членовите кои се обидуваат да му ја побијат неговата теза, односно верба, а притоа користат наука (а многумина и без знаење од некоја област, туку само со линк прочитан 2 минути) за да разобличат философски концепт на убедување.

Нема тука доближување на ставовите пријателе.
Во случајов не е ни важен MIKI1. Важно е да се каже вистината за тие што се неодлучени, а ги има и такви. И јас бев таков еднаш. Многу лесно можев да бидам на негова страна. Тој е отиден, ама за други има надеж.

Ама стварно, Милан?! Ај Гулит, Рајкард, и Ван Бастен да сфатам ама после тоа, ццц...
Барселона е најдобриот клуб! :D
 
Член од
4 јули 2012
Мислења
87
Поени од реакции
69
Мислам дека лошо си го проценил MIKI1:P

Исто ти е и тука. Не можеш со научни факти да побиеш философски концепт. ;)
Да беше за друго муабетот ок, на пример која пејачка е позгодна, но конкретно за темава не е воопшто важно субјективното гледање на работите или разгледување врз основа на демократско мнение.
Теоријата на еволуцијата не е претпоставка, нешто кое на некој му текнало па ај сега во дебата ќе го брани, туку процес кој е експериментално докажан низ бројни примери.

Едно е да се бориш да ги дознаеш причините зошто нешто е така, друго е да ги прифатиш без размислување.
Бидејќи човекот е креативен и љубопитен нема таква сила кој ќе му ја спречи потрагата по одговори.
А одговорите доаѓаат еден по еден и просторот за маневар на црквата е се помал. Прават некакви патетични обиди со градење на опсерватории и извинувања кон Галилеј. Ама тоа е само маркетинг, кој црквата низ историјата се покажа дека добро го владее.
Нема религијата никогаш повторно да се врати во општествениот мејнстрим. Затоа што луѓето колку и да ги притискаш и лажеш, ќе се најде некој кој ќе ја отфлрли слепата послушност и ќе се запраша - што е ова, како е направено она, од што е составено итн.
Љубопитноста на човекот го погреба бог. Аналогијата со јаболкото е одлична.
 
Член од
7 јуни 2012
Мислења
214
Поени од реакции
6
Работата E крајно едноставна: тебе очигледно ти требаат материјални докази за да ја потврдиш твојата вера. Такви докази во науката нема да најдеш и затоа твојата вера е разнишана и се обидуваш да се фатиш и за сламка за да ја спасиш.

Но, ти сеуште бараш знаци во карпите, во коските на мртвите животни.​
Кои се тие кои размислуваат како мене? Не ме ни познаваш, а се осмелуваш да судиш за мене и за некои предрасуди. А за духовниот опит не се пишува затоа што така го затвораш во материјални граници.
Она што суштински не го сфаќаш е дека христијанската вера нема врска со креационизмот. Некои луѓе се обидуваат да ја направат научна дисциплина со цел на час биологија да се изучува креационизам како противтежа на Теоријата на еволуција и на тој начин да ја донесе Црквата во училниците. Тие луѓе само ги искористуваат верниците за да стигнат до својата цел.
Работата е едноставна: се е водено од Љубовта, демантирај слободно ако можеш, или стави ја во научен контекст па ќе видиме што ќе произлезе...

Љубовта според горното мое треба да се трудиме да ја промовираме, или како ти велиш, да ја спасиме. Секако да ја спасиме, поради Спасителот...

Знаците, скромно мислам се и во Библијата, подолу го цитираш Писмото за Јона...

Предрасуди...какви предрасуди? Тоа се критички прашања...

Духовниот опит се искажува преку исповедање Вера во Љубовта којашто е Господ...Господ не е материјален...

Зошто на час по биологија да не се дефинира зошто видовите се самозапазуваат, т.е. зошто почнале да се прилагодуваат, од наједноставниот биолошки продукт до сега? Зошто Човек ја загубил својата способност да се самозапазува?

Црквата е заедништво на верните, знатно има придонесувано со цел денес да има атеисти итн....

Какво искористување; дека Човек е Тој одговорниот за Светот?

Алфа и Омега:love:
--- надополнето: 14 септември 2012 во 12:28 ---
Да беше за друго муабетот ок, на пример која пејачка е позгодна, но конкретно за темава не е воопшто важно субјективното гледање на работите или разгледување врз основа на демократско мнение.
Теоријата на еволуцијата не е претпоставка, нешто кое на некој му текнало па ај сега во дебата ќе го брани, туку процес кој е експериментално докажан низ бројни примери.

Едно е да се бориш да ги дознаеш причините зошто нешто е така, друго е да ги прифатиш без размислување.
Бидејќи човекот е креативен и љубопитен нема таква сила кој ќе му ја спречи потрагата по одговори.
А одговорите доаѓаат еден по еден и просторот за маневар на црквата е се помал. Прават некакви патетични обиди со градење на опсерватории и извинувања кон Галилеј. Ама тоа е само маркетинг, кој црквата низ историјата се покажа дека добро го владее.
Нема религијата никогаш повторно да се врати во општествениот мејнстрим. Затоа што луѓето колку и да ги притискаш и лажеш, ќе се најде некој кој ќе ја отфлрли слепата послушност и ќе се запраша - што е ова, како е направено она, од што е составено итн.
Љубопитноста на човекот го погреба бог. Аналогијата со јаболкото е одлична.
Па да, Човек сака да стане Бог, се да знае, додека со своја слободна волја заборава на својата одговорност кон Планетата (потенцијалниот рај на земјата). Дис куд би хевн фор евриван:love:
 
Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.761
Поени од реакции
7.593

Не, не е се водено само од љубовта. Луѓето во реалниот свет имаат реални потреби. Љубовта е само една од нив. И духовниот опит е доста лабилна работа, бар ако е навистина така. Ваков духовен опит дозволува да се вршат злосторства врз луѓето и човештвото во име на Верата во љубовата која што е господ и истите да бидат наградени за злоделата.

И објасни го концептот за самозапазување. Вака двосмислено поставен само беља прави.
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Во случајов не е ни важен MIKI1. Важно е да се каже вистината за тие што се неодлучени, а ги има и такви. И јас бев таков еднаш. Многу лесно можев да бидам на негова страна. Тој е отиден, ама за други има надеж.

Ама стварно, Милан?! Ај Гулит, Рајкард, и Ван Бастен да сфатам ама после тоа, ццц...
Барселона е најдобриот клуб! :D

Каде е отиден нашиот драг форумџија Мики1?

Мене не ми личи така:)

Мислиш дека има многу неодлучени, па треба да изберат страна?

Што те натера тебе да бидеш на страната, на која што си сега? Кој беше пресвртниот момент?

п.с. Каде младо момче со тој памет по Барса:P
 
Член од
7 јуни 2012
Мислења
214
Поени од реакции
6
И скромно мислам дека парична награда на Нобеловците не би требало да им се доделува (односно тие да ја примаат)...
 
Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.761
Поени од реакции
7.593
Па да, Човек сака да стане Бог, се да знае, додека со своја слободна волја заборава на својата одговорност кон Планетата (потенцијалниот рај на земјата). Дис куд би хевн фор евриван:love:
Па да, бидејќи подобро е да се знае одколку да не се знае. Најлошо е да се имаат погрешните одговори и некои луѓе забораваат на планетата, некои не, рамнотежата ќе биде воспоставена кога тогаш. Животот ќе продолжи на начин кој е најсоодветен според новосоздадените услови.
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Да беше за друго муабетот ок, на пример која пејачка е позгодна, но конкретно за темава не е воопшто важно субјективното гледање на работите или разгледување врз основа на демократско мнение.
Теоријата на еволуцијата не е претпоставка, нешто кое на некој му текнало па ај сега во дебата ќе го брани, туку процес кој е експериментално докажан низ бројни примери.

Едно е да се бориш да ги дознаеш причините зошто нешто е така, друго е да ги прифатиш без размислување.
Бидејќи човекот е креативен и љубопитен нема таква сила кој ќе му ја спречи потрагата по одговори.
А одговорите доаѓаат еден по еден и просторот за маневар на црквата е се помал. Прават некакви патетични обиди со градење на опсерватории и извинувања кон Галилеј. Ама тоа е само маркетинг, кој црквата низ историјата се покажа дека добро го владее.
Нема религијата никогаш повторно да се врати во општествениот мејнстрим. Затоа што луѓето колку и да ги притискаш и лажеш, ќе се најде некој кој ќе ја отфлрли слепата послушност и ќе се запраша - што е ова, како е направено она, од што е составено итн.
Љубопитноста на човекот го погреба бог. Аналогијата со јаболкото е одлична.
Епа мислам дека првиот болд е сосема солидно напишан, и во контекст на тоа -
нечиј обид и борба за дознавање на причините зашто не е така се манифестира на различен начин :) Бар јас така мислам.

Црвениот болд, е сосема во ред. ТОа никој не го спори.;)
 
Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.761
Поени од реакции
7.593
И скромно мислам дека парична награда на Нобеловците не би требало да им се доделува (односно тие да ја примаат)...
Јас сметам дека црквите и црковните лица не треба да зимаат пари за своите дејствија и дека ако веруваат во нематеријалното , таква треба да им биде наградата, ама изгледа парите им се помили.

А Нобеловата награда е признание од луѓето кон луѓе кои дале значаен придонес во науката и човештвото. Останува на човекот да ја изрази на начин кој го смета за соодветен.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Работата E крајно едноставна: тебе очигледно ти требаат материјални докази за да ја потврдиш твојата вера.
Ми требале „...материјални докази...„ за потврда на мојата вера?! :confused: А бе ај...Миљон пати имам напишано дека на верата не и‘ требаат материјални докази, туку духовен опит.
--- надополнето: 14 септември 2012 во 12:40 ---
Такви докази во науката нема да најдеш и затоа твојата вера е разнишана и се обидуваш да се фатиш и за сламка за да ја спасиш.
Благодарам на Вашиот исцрпен одговор, ама јас воопшто не барам докази за верата во ниту една науката, туку само во Црквата и во нејзиното учење.
--- надополнето: 14 септември 2012 во 12:41 ---
E што вели де? Знаеш? Си бегал од часови. Освен тоа, мислев дека креационистиве се по Вториот закон на термодинамиката.
--- надополнето: 14 септември 2012 во 11:05 ---
Се сеќавам дека Ти ме виде кога бегав, така?...
--- надополнето: 14 септември 2012 во 12:42 ---
Сосема се согласувам. Само имам едно прашање. Каде ти е пикнат носот?
Ај погоди од три пати.
 
Член од
7 јуни 2012
Мислења
214
Поени од реакции
6
Јас сметам дека црквите и црковните лица не треба да зимаат пари за своите дејствија и дека ако веруваат во нематеријалното , таква треба да им биде наградата, ама изгледа парите им се помили.

А Нобеловата награда е признание од луѓето кон луѓе кои дале значаен придонес во науката и човештвото. Останува на човекот да ја изрази на начин кој го смета за соодветен.
Има свештени лица кои зимаат, има кои не зимаат; бидејќи веруваат дека дел од материјалното е духовно (верските/духовните објекти, плаќање струја, порези и давачки, бензин, дизел, итн.).

А Нобеловците секако нека бираат(y)
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Целта е пари и контрола врз луѓето. Колку се луѓето поглупи толку полесно се контролираат.
Еве, лично сметам дека си изузетно паметен, што знам, можеби со IQ од, да речеме, скромни 230, и ајде сега кажи ми, како Ти успева да останеш имун на денешното, до сега невидено, перење умови и да останеш неконтролиран?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom