Ааааа, глеааааш...Сега испаѓа дека еволуцијата била „..одржување на постојаното...„. Ц,ц,ц...
Но добро, секој со совјата вера. За мене, битна е можноста од споредување: ако една вистина, на пример, еволуционитичката, ми е наметната преку образовниот систем и немам со што да ја споредам, тогаш, логично, немам избор па морам да го одберам она кое ми се нуди. Фала и слава на Бога во Висините, ја имам/е и верата Христова, која ни нуди поинкава вистина од еволуционистичката вера, па сега, кога имам избор на повеќе од една вистина, можам да ставам прст на чело, да споредам и аналзиирам и конечно, да одберам.
Се до моето обраќање кон Христа, и самиот бев поборник на еволуцијата, оти таква каква е, го покрива/ше моето гревовно однесување. Сега, која ја имам и верата во Христа, маглата од еволуцијата е тргната на страна и вистините ги гледам во вистинско светло.
Она кое посебно ми пречи во таа вера-еволуцијата, е тоа што наспроти очигледните вистини, има луѓе кои сакаат да веруваат во своите заблуди. Напросто, еволуцијата ги побива сите проверени физички закони и се води самата асебе, од некои свои иманенти законитости, кои се непознаница и за физичкиот свет и за здравиот ум.
Напросто, преку делот, не можеме да спознаеме целината. Секој обид за осознавање на вистините во нивната суштина, со користење на својот огревовен ум и природа, раѓаат вакви заблуди, каква е и еволуцијата. Токму затоа дојде Вистината, Животот и Патот-да не повика на покајание и на вечен живот со Него, а не на неизбежна и апсурдна смрт.