Оh my God! Не зна друго што да ти реча!
Ако не заборавивте, нашето учество во окупацијата на Авганистан се правда со тоа дека „тоа било услов за зачленување во НАТО.“ Ние дури и ги дуплиравме нашите окупаторски сили во Авганистан минатата година, бидејќи тоа било услов за зачленување во НАТО. Нашите банано-републикански политичари најдоа за сходно да ги дуплираат трупите! Сакате да зборуваме за зголемена безбедност? Преку учество во окупацијата на Авганистан, ние ја загрозуваме, а не ја зголемуваме нашата безбедност! Непотребно, за туѓи цели, се нудиме да станеме жртви на возвраќање од исламистите.
Имајќи ја предвид моралната дубиозност на нашето учество во окупацијата на Авганистан, како и побивањето од страна на фактите дека тоа учество било услов за зачленување во НАТО, барам од нашиот естаблишмент да покажи барем малку достоинство и морален интегритет и во случај да не не’ примат во НАТО, да се повлечеме од окупацијата на Авганистан!