Крвав октомври за НАТО во Авганистан

Член од
2 септември 2010
Мислења
59
Поени од реакции
6
Шестмина странски војници загинаа во три одделни напади во Авганистан. Овој месец е најкрвавиот за странските војници во таму. За неполни две недели во октомври загинаа 34 војници на НАТО во оваа земја.
 

cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
А не кежуеш колку хероин претераа преку граница а?
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
277
За потсетување, имаме и ние таму наши војници во склоп на НАТО, така што треба да молиме Бога, прво овие бројки да бидат што помали, а второ нашите војници да бидат здрави и живи.
 

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
2.766
Поени од реакции
2.355
За потсетување, имаме и ние таму наши војници во склоп на НАТО, така што треба да молиме Бога, прво овие бројки да бидат што помали, а второ нашите војници да бидат здрави и живи.
Aбе како прво нашите таму не треба да одат. Шо мајка бараат таму?

Восјката во Авганистан не е РЕДОВНА никој не ги тера со сила да одат...Тоа се луѓе одлучени да и служат на армијата,многу добро знаат во каков ризик влегуваат,значи нема ти зошто да ги жалиш,кога тие веќе се определени што би правеле со својот живот,како би го живееле.

Ако пак решиле да се маваат в гради и да викаат „Мајко Америко заслужуваш да гинам за тебе“ тогаш гла нека кршат.
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
277
Само полека и смирено, покажи малку почит, не ја пуштај тастатурата пред паметот.

Зошто се таму сите знаеме, и кој е стимулот за да бидат таму исто така знаеме.

Така што само треба да молиме Бога да бидат здрави и живи, покажи малку почит, ако не кон нив, кон споствената држава.
 

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
2.766
Поени од реакции
2.355
Оh my God! Не зна друго што да ти реча!

Ако не заборавивте, нашето учество во окупацијата на Авганистан се правда со тоа дека „тоа било услов за зачленување во НАТО.“ Ние дури и ги дуплиравме нашите окупаторски сили во Авганистан минатата година, бидејќи тоа било услов за зачленување во НАТО. Нашите банано-републикански политичари најдоа за сходно да ги дуплираат трупите! Сакате да зборуваме за зголемена безбедност? Преку учество во окупацијата на Авганистан, ние ја загрозуваме, а не ја зголемуваме нашата безбедност! Непотребно, за туѓи цели, се нудиме да станеме жртви на возвраќање од исламистите.

Имајќи ја предвид моралната дубиозност на нашето учество во окупацијата на Авганистан, како и побивањето од страна на фактите дека тоа учество било услов за зачленување во НАТО, барам од нашиот естаблишмент да покажи барем малку достоинство и морален интегритет и во случај да не не’ примат во НАТО, да се повлечеме од окупацијата на Авганистан!
 
Член од
26 август 2008
Мислења
22
Поени од реакции
3
Aбе како прво нашите таму не треба да одат. Шо мајка бараат таму?

Восјката во Авганистан не е РЕДОВНА никој не ги тера со сила да одат...Тоа се луѓе одлучени да и служат на армијата,многу добро знаат во каков ризик влегуваат,значи нема ти зошто да ги жалиш,кога тие веќе се определени што би правеле со својот живот,како би го живееле.

Ако пак решиле да се маваат в гради и да викаат „Мајко Америко заслужуваш да гинам за тебе“ тогаш гла нека кршат.
Браво фраеру
 

Hello Kitty

Soft Kitty, Warm Kitty キティ・ホワイト
Член од
14 август 2006
Мислења
36.955
Поени од реакции
58.780
Шестмина странски војници загинаа во три одделни напади во Авганистан. Овој месец е најкрвавиот за странските војници во таму. За неполни две недели во октомври загинаа 34 војници на НАТО во оваа земја.
Крвав месец за НАТО силите?
Па на Авганистанците им е крвав животот, со децении веќе.
 
С

сашенко

Гостин
Крвав месец за НАТО силите?
Па на Авганистанците им е крвав животот, со децении веќе.
Да ама тоа не е интересно.Американците се битните во муабетов.Милиони авганистанци да изгинат тоа е нормално.Во војна се се случува.Еден американец да погине одма галама се крева.
 

pumaval

Дрвен Адвокат
Член од
5 септември 2008
Мислења
1.479
Поени од реакции
597
Кој ги тера тие на НАТО да бутат нос онаму кајшто не им е мајката. Сите знаеме дека америка ги остварува своите цели со НАТО, нашите пак, дека многу не има, па и дека сме во НАТО веке 20 години, па пуштија и нашите да чуваат ред во туѓ двор. Но кога веке се отидени, не треба да се радуваме ако убијат бунтовници, туку треба да се молиме да нема бунтовници...
 
Член од
12 август 2010
Мислења
2.892
Поени од реакции
905
Секој оди доброволно и е добро платен за тоа...никој не те тера да идеш во Авганистан. Некои и молат да одат.
 
D

D_NazGUL

Гостин
За жал сите знаеме дека немаме избор при праќањето на војници во вакви „мировни“ акции. Ако не пратиме војници веднаш ќе се преведе како наша незаинтересираност за влез во ОТАН, а искрено кажано сите знаеме дека воопшто не ни треба да праќаме војници никаде од повеќе причини. Како прво со тоа што праќаме војници дури ни оние у Бардовци не веруваат дека сме поблиску до ОТАН, а второ, молим ти се „МИРОВНА“ акција било тоа - исто како што и Хитлер „мировно“ тргна у акција низ пола свет. Да не збориме дека првенствено мирот во нашава педа земја првенствено ни е под знак прашање, па ние ќе солиме памет на некого друг.
Е сега финансиската корист игра голема улога при ваквите мисии и затоа и има заинтересираност кај нашите професионални војници. (со чесни исклучоци - да не се лажеме сеа).
За жал мора да играме на орото на големиот брат и да бараме погласно да свират ако треба иако и слепите ја гледаат белата трага што се влечка од Авганистан до Бонд челичниот онде горе, а после од тамо ...
 
Член од
12 август 2010
Мислења
2.892
Поени од реакции
905
Бацка нашите немаат нешо посебна работа у Авганистна..главо стажарење на објекти и патрола низ град...
 
D

D_NazGUL

Гостин
Бацка нашите немаат нешо посебна работа у Авганистна..главо стажарење на објекти и патрола низ град...
Сепак тоа не го побива фактот дека и за тоа се многу подобро платени него ли овде да чмаат у касарна и да пропукаат од време на време на Криволак или на Стенковец.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom