Малку тешко пробивање на западната пропагандистичка култура на далечниот исток, сепак тие народи не со векови, туку со милениуми немале никакви допирни точки со западните таканаречени цивилизации, а истовремено си имаат свои не повеќевековни, туку повеќемилениумски култури, традиции, обичаи кои не планираат да ги менуваат преку ноќ само бидејќи оствариле контакт со западот.
Во превод: Ако оствариш контакт со луѓе од некоја далечна земја, колку и да се понапредни, побогати и поуспешни од тебе, тоа не значи дека треба да се обидуваш да ги копираш или да ги надминеш, а уште помалку па да успееш во тоа.
https://off.net.mk/zhivot-i-zabava/film/holivud-ja-gubi-bitkata-za-kina
Холивуд ја губи битката за Кина
28 април 2023 - 11:34
Ако „меката моќ“ на Западот (музика, џинс и филмови) беше она што помогна да се сруши Советскиот Сојуз во 1980-те, тогаш е малку веројатно дека Западот ќе може да се потпре на истото за битката против Кина.
Тргнувајќи од тоа дека „меката моќ“ е тешко да се измери, Економист се фаќа со нешто што е далеку полесно и веќе достапно - трендови и филмски рецензии на глобални филмови на кинескиот пазар. А овие трендови не се во корист на Холивуд.
Економист се служи со бројките од социјалната мрежа Доубан, која главно служи како платформа чии корисници можат да оставаат рецензии и оценки на филмовите.
Иако Кина има правило според кое во кино-салите во земјата годишно може да се емитуваат само 34 странски филмови, на мрежата се рецензирани илјадници странски филмови, до кои главно се стига преку пиратерија.
Економист стига до бројките за 26.000 филмови на Доубан, снимени меѓу 2010 и 2022. Од нив, речиси 10.000 се „англо“ (од англиско говорно подрачје), 4.500 се продуцирани во Кина, а остатокот се главно европски, јапонски и корејски. Во овој период на англо филмовите отпаѓаат 43% од сите прегледи на сајтот, а на второ место се кинеските со 36%.
Она што е значително сменето е што на почетокот од овој период, околу 2010, на англо филмовите отпаѓаат 53% од прегледите, за на крајот, околу 2022, тоа да падне на само 28%. Во истиот период кинескиот удел расте од 21 на 55%.
Ваквиот тренд според Економист не може да се објасни ни со поголема кинеска продукција на филмови, бидејќи нивниот удел во вкупниот број на филмови е пораснат само 5% од 13 на 18, ниту со тоа дека Кина почнала да прави подобри филмови, бидејќи кинеските филмови во 2022 се полошо оценети од кинеската публика отколку пред една деценија.
Од англо филмовите кинезите посебно имаат мерак на авантури, додека од домашните филмови омилени им се комедиите. Посебно добро кај кинеската публика минуваат и домашните драми, а посебен ќеиф за кинеското раководство е што публиката има мерак и на пропаганди филмови како „Волк воин 2“ во кој поранешен кинески специјалец оди во Африка за да се бори против безмилосен американски платеник.
„ За западните гледачи, такви провладини приказни може да изгледаат незрело (иако продуцентите на новиот Топ ган признаа дека тој е снимен со благослов на американската армија). Меѓутоа нивната популарност покажува дека пропагандата на Комунистичката партија има влијание. Плус, нивната домашна кинематографија го оформува начинот на кој цела генерација Кинези ќе ја гледаат својата држава и нејзиното место во светот “, објаснуваат од
Економист.