Крајници!

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.403
Поени од реакции
5.957
Отсекогаш сум имала проблеми со крајници, малку се повлекоа последниве неколку години и еве ги пред 2-3 дена се јавија пак... Како мала задолжително по 10тина инекции примав за да се опорават, сега ми дадоа некои капсули Dovicin што се како замена за инекции, многу се јаки и се пијат еднаш во 24 часа. И мора да помине барем една недела за да ми заздравеат.

Требаше да ги вадам како помала, ама докторката тогаш ме советуваше да не се вадат зашто по пубертетот немало да имам проблеми толку. Тие се предвесници на речиси секоја болест, ако има некој друг проблем во организмот прво тие се вцрвенуваат и тогаш полесно би можеле да одредиме што не е во ред.
Сепак, мислам дека не би ги вадела освен не дај боже ако имам претерано големи проблеми со нив.
 
В

ВАЖНА-ВД

Гостин
Не ми се извадени крајниците и фала богу до сега сум немала никаков проблем со нив
 
pAnDa`

Original..
Член од
5 ноември 2009
Мислења
578
Поени од реакции
35
Па како помал имав проблем со крајници, али сеа се е океј.. :wink:
 
superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
може да се каже дека имам мал проблем со крајниците. често пати сум имала гној на ангина и стварно чувството ми беше одвратно,не можев ни да голтам ко шо треба, ни нишо...
се сеќавам,лани летото три пати се разболев од тоа чудо:nesum:
само сакам да прашам дали би било пожелно да ги извадам крајниците за да неам ваков проблем затоа што се плашам да не ги оштети случајно гласните жици?...потребни ми се:nesum:

Можно е компликации со гласните жици, зашо како шо ми кажуваа на времето ја коа ги вади (тоа е пред едно 15 години) ради тоа шо со крајниците биле покриени и биле со поголема заштита а ако ги извадеш биле по ранливи.
Барем ја така го разбра докторо!:toe:

Ама ти најубаво питај си некој доктор, пошто до тугај па до сеа ногу работи се променија !
 
SV-Strange

Sorcerer Supreme
Член од
27 август 2007
Мислења
3.604
Поени од реакции
367
Читав наназад ама кој вели така, кој вака па да прашам за сигурно кој имал искуство. За трет крајник (кој велите оти најтешко се вади) да ме информирате, до која година стои, кога се суши и таканатака.
Дали е болно вадењето крајници и колку време трае операцијата/опоравувањето?
 
Член од
20 февруари 2010
Мислења
67
Поени од реакции
2
Отсекогаш имам проблеми со крајниците и заради тоа се разболувам кога е ладно.
 
SV-Strange

Sorcerer Supreme
Член од
27 август 2007
Мислења
3.604
Поени од реакции
367
Читав наназад ама кој вели така, кој вака па да прашам за сигурно кој имал искуство. За трет крајник (кој велите оти најтешко се вади) да ме информирате, до која година стои, кога се суши и таканатака.
Дали е болно вадењето крајници и колку време трае операцијата/опоравувањето?
Морав да поминам низ операција за да си одговорам сам на прашањата. Шо сте значи..

Арно имав два крајника, третиот стварно тешко се вадел.
Завчера сабајле ме оперираа, денес сум веќе дома. Операција како операција, не е воопшто страшна, со локална анестезија, прво 5-6 пати со спреј прскаат па после со инекции, значи воопшто нема да почувствувате ништо. Но, после операцијата, чим помине дејството на анестезијата, поарно земете си нешто во што ќе можете да удирате, пошто боли, и тоа бааги! Нели, нормално, ставаат една инекција антибиотик во бутот, и тоа е, после ти даваат едно шишенце аналгин капки кои ти се за цел ден, не смееш да претеруваш пошто како што ми рекоа, колку се добри, толку се и неарни, се ширеле крвните садови од нив и можело да дојде до некаква алергија.

36 часа бев само на чај, и воопшто не почувствував глад, од вчера по малку јадам, овошни јогурти, супи, пире.. али по малку, пошто реагираат раните во грлото и боли сеуште многу. Болката те заситува, али како и се друго, ќе помине (се тешам, не ми замерувајте). :)
 
Член од
27 јануари 2009
Мислења
1.044
Поени од реакции
40

Jas gi imam izvadeno site krajnici, operacijata trae mn kratko, oporavuvanjeto e nekade okolu 2 nedeli, so toa sto pies sako caj od kantarion i supa, nekolku dena posle operacijata boli mnogu, ne mozes da goltas od bolka.
Tretiot e najkompliciran, ima i slucai koga e izvaden i po nekoe vreme pak se pojavuva :toe:
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Морав да поминам низ операција за да си одговорам сам на прашањата. Шо сте значи..

Арно имав два крајника, третиот стварно тешко се вадел.
Завчера сабајле ме оперираа, денес сум веќе дома. Операција како операција, не е воопшто страшна, со локална анестезија, прво 5-6 пати со спреј прскаат па после со инекции, значи воопшто нема да почувствувате ништо. Но, после операцијата, чим помине дејството на анестезијата, поарно земете си нешто во што ќе можете да удирате, пошто боли, и тоа бааги! Нели, нормално, ставаат една инекција антибиотик во бутот, и тоа е, после ти даваат едно шишенце аналгин капки кои ти се за цел ден, не смееш да претеруваш пошто како што ми рекоа, колку се добри, толку се и неарни, се ширеле крвните садови од нив и можело да дојде до некаква алергија.

36 часа бев само на чај, и воопшто не почувствував глад, од вчера по малку јадам, овошни јогурти, супи, пире.. али по малку, пошто реагираат раните во грлото и боли сеуште многу. Болката те заситува, али како и се друго, ќе помине (се тешам, не ми замерувајте). :)
Си поминал лесно... Јас со целосна анестезија ми го вадеа и третиот и 10 дена имав страшни болки со јадење големи проблеми ми требаше баеги време да се вратам на храна.
http://forum.kajgana.com/showpost.php?p=2754922&postcount=52
 
Велко камионџијана

Кенгur Lavoви гроup
Член од
20 март 2009
Мислења
379
Поени од реакции
98
Ехеее, не да сум имал проблеми... Секоја година по 2 пати минимум ми гнојат амаа јок. Не ги вадам за инат ! Е сеа шо е моменатот, во моментов коа ви пишам, едниов крајник веќе ми е троа загнојан:drk:ми се смачи од инекции и од инфузии е ај слушнав за нишадор. Делувало... Читам насекаде, дување нишадор, триење нишадор од крајник. Може ли некој точно да ми каже како иде тоа, да го средам крајников брзопотезно, чак и во овој моменат. Благодарам од сега:pipi:
 
Ada?

мјаууууу
Член од
4 април 2009
Мислења
490
Поени од реакции
54

Епа земи мала лажичка и стави малку нишадор на врвот и тоа мајкати нека ти го стави на крајникот може можеш и ти сам и остај така една минута не голтај да се растопи прашокот на крајникот и нема да ти загноат ама без терапија загноени крајници да поминат не сум ја имала таа среќа ..нишадорот помага кога ти е воспален зацрвенет и те боли крајникот да не ти загнои така да една доза оспен да испиеш ако ти е загноен не е така стршно.
 
Член од
4 јануари 2010
Мислења
179
Поени од реакции
18
Какво вадење.. јас на пр. секој месец, обавезно, од летото имам ангина(гној на крајници).. прво одев на инфузија, но сега само се прскам со прополис, лајца мед и гаргара со чај од жалфија и сол..
 
RaZ-R

Артилерец
Член од
8 ноември 2009
Мислења
3.413
Поени од реакции
2.547
Немам крајници,сите ми се извадени до 3 години :toe:
 
Велко камионџијана

Кенгur Lavoви гроup
Член од
20 март 2009
Мислења
379
Поени од реакции
98
ама без терапија загноени крајници да поминат не сум ја имала таа среќа .
Фала за инфото за користење на нишадорот. Иначе комбинирано со прополис и септолете, го истерав гнојот од грло, без да отидам на лекар :). Заштедив скоро 1000 денари. Гад блесс нишадор енд прополис.:drk:
 
Ada?

мјаууууу
Член од
4 април 2009
Мислења
490
Поени од реакции
54
Фала за инфото за користење на нишадорот. Иначе комбинирано со прополис и септолете, го истерав гнојот од грло, без да отидам на лекар :). Заштедив скоро 1000 денари. Гад блесс нишадор енд прополис.:drk:
A каков прополис растворен со алкохол и како го нанесуваше, во ќај го пиеше тоа ај сега малце ти изјаснисе хаха.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom