Setsuko
Модератор
- Член од
- 29 јануари 2006
- Мислења
- 6.403
- Поени од реакции
- 5.957
Отсекогаш сум имала проблеми со крајници, малку се повлекоа последниве неколку години и еве ги пред 2-3 дена се јавија пак... Како мала задолжително по 10тина инекции примав за да се опорават, сега ми дадоа некои капсули Dovicin што се како замена за инекции, многу се јаки и се пијат еднаш во 24 часа. И мора да помине барем една недела за да ми заздравеат.
Требаше да ги вадам како помала, ама докторката тогаш ме советуваше да не се вадат зашто по пубертетот немало да имам проблеми толку. Тие се предвесници на речиси секоја болест, ако има некој друг проблем во организмот прво тие се вцрвенуваат и тогаш полесно би можеле да одредиме што не е во ред.
Сепак, мислам дека не би ги вадела освен не дај боже ако имам претерано големи проблеми со нив.