Ко го читаф ова писмо, се прснаф од смеење

Член од
25 јануари 2009
Мислења
7
Поени од реакции
4
Мајката му пишува на синот

... па вика:

Драг Синко,

Ти го пишувам ова писмо за да знаеш дека ти пишувам,зошто ако го добиеш значи дека стигнало. Ако не го добиеш јави ми, ќе ти го пратам повторно. Ќе пишувам полека, знам дека споро читаш.

Пред некој ден татко ти прочита во весник дека по најнови статистички податоци повеќето сообраќајки се случуваат на далечина од 1км од куќата, па затоа ние се преселивме малку подалеку.

Куќата е преубава, имаме дури и машина за перење, само не знам дали работи. Вчера ставив некои алишта да се перат, ја повлеков рачката за вода и алиштата ги снема. Тука времето и не е така лошо. Прошлата недела само два пати врнеше. Првиот пат траеше 3 дена, а следниот пат 4.
Во врска со јакната што ја бараше, вујко ти Перо ми рече дека ако ги извадиме копчињата, пошто многу тежат, ќе не фати поефтино пратката во пошта. Јас затоа ги отпарав копчињата и ти ги ставив во џеб.
Конечно го погребавме и дедо ти. Го најдовме телото во вторникот, кога ја чистевме куќата. Беше во орманот од оној ден кога игравме жмурки и кога он победи. Пред неколку дена ни експлодира плинската боца во кујна. Татко ти и мене, експлозијата не исфрли надвор кроз прозор. Какво убаво чувство беше тоа! После толку години, татко ти и јас, конечно излеговме заедно.

Бидејки веќе го спомнувам татко ти, он најде нова работа!Многу се гордее. Има под себе околу 500 души...се запосли на градски гробишта, го коси травњакот.

Сестра ти Милева, знаеш онаа што се омажи, конечно се породи! Не знаеме кој пол е, па затоа не можам со сигурност да ти кажам дали си станал тетка или вујко...Сестра ти рече, дека ако биде женско ќе ја вика по мене. Малку ми е чудно што нејзината ќерка ќе ја вика "мама", ама ете желба и е.

А брат ти Радојче, он е стварно за никаде. Замисли, ја затвори вратата од колата, а клучевите беа внатре. Мораше да се врати во станот да го земе дупликат клучот за да не извлече од колата. Катастрофа !!!

Добро синко, нема да ти ја напишам адресата пошто незнам која е.Семејството што живееше пред нас тука, си го земаа куќниот број од зидот со нив. Ако ја видиш Светлана, Поздрави ја, а ако не ја видиш, не и кажувај ништо.

Те сака Мама,

Станислава.

П.С. Сакав да ти пратам и нешто пари, ама веќе го затворив пликот! :pos2:
 
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.732
Поени од реакции
22.727
Го имаше на форумот ама добро е да се прочита пак....
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
Кога го читав ова писмо, се прснав од смеење.

Инаку закон е писмото.Треба да си во минус со IQ за ова:)
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Сестра ти рече, дека ако биде женско ќе ја вика по мене. Малку ми е чудно што нејзината ќерка ќе ја вика "мама", ама ете желба и е.
Ова вреди најмногу од цел текст :pos:
 
F

Foxy`BuTTerFLY

Гостин
кој е талентов што го смислил ова? :pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2: леле закон
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Малку ми е чудно што нејзината ќерка ќе ја вика "мама", ама ете желба и е.


П.С. Сакав да ти пратам и нешто пари, ама веќе го затворив пликот! :pos2:
:tapp::tapp::tapp::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:
 
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.073
Можда знајш да читаш писмо ама со пишењето слабо ти оди
 

VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
Негде го иам читано ама незнам каде..
сепак закон е:pipi:
 

jovanovski

Motherfucker Jones
Член од
30 јуни 2008
Мислења
3.789
Поени од реакции
1.294
:pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2::pos2: стварно е супер
 

Kajgana Shop

На врв Bottom