Од светските гиганти би сакал да ја поседувам Барселона бидејќи сум нејзин огромен фан и бидејќи го игра најубавиот фудбал на планетата-му завидувам на Лапорта. Од бившите ју-простори сигурно би сакал да бидам газда на Партизан додека од нашето првенство би сакал да бидам сопственик на Пелистер, а доколку би имал повеќе парични средства ке пробам да го дигнам квалитетот на фудбал, а и конечно Македонија да има свој претставник во фазата по групи од Лигата на Шампионите. И уште една работа - сигурно би изградил огромни стадиони во повеќето градови низ Македонија со што кога би гостувале странски екипи не би морало да се игра на Градски.