Кој се плаши од Македонија?-Girardon Jacques

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.113
Qui a peur de la Macédoine?

Par Girardon Jacques


Кој се плаши од Македонија ?

И покрај тоа што атињаните го сметаа Александар Македонски како варварин , или Демостен како окупатор, грците го прикажуваат како еден од најголемите мажи на грчката цивилизација.
Грците се многу осетливи во врска со нивното минато. Милиони плакати со “Македонија " поставија долж крајбрежјето на Егејско море.
Атина, категорички ја исклучува можноста дека една од 6-те бивши ју-републики која се осамостои во 1991 да го задржи за себе името Македонија.
Ќе го искористиме своето членство во ЕУ и ќе употребиме вето- бидејќи таа претставува смртна закана за нас и нема да го ратифицираме договорот за признавање на таа мала Mакедонија.Повикува на лобирања и медиумски кампањи (понекогаш дури и финансирани од ЕУ).
Истовремено,не престанува да ја нарекува "Република Скопје" и поставува потполно противзаконско ембарго за Македонија - слично на она во Србија.И тогаш пред сите -шок- грчката актуелна влада
признава дека доколку ЕУ ја признае Македонија- тие паѓаат.Но, Западните функционери се добро припремени за компромис , за да го избегнат враќањето на катастрофалниот Папандреу."Првиот,
којшто ќе направи компромис на македонското прашање може да си каже збогум од политиката"
Но, националистичката хистерија се прикова за грција. Нови монети од 100 драхми се штампани со ликот на Александар Македонски , со ѕвездата на Vergina(Кутлеш). Од Солун до Пелопонез се веат
знамиња со 16-кракото сонце на сите спортски активности. На 10 декември 1993 година демонстрации против признавањето на Македонија, на кои присуствуваа неколку стотици илјади демонстранти (потрошени се 1,3 милиони евра за организаторите и за полицијата). Властите беа принудени училиштата и
сите државни институции да ги затворат и овозможија бесплатен транспорт за посета на демонстрацијата во центарот на Атина. Црквата го даде својот благослов. "Има само една
Македонија- а таа е грчка“.:" Ние сме спремни да жртвуваме се’ за нашата света земја Македонија ".
Денес земјата е разделена на три: Беломорска Македонија, Македонија Вардарска, и Пиринска. Но Беломорска Македонија за разлика од останатите два дела е по-хомогена, како резултат на
принудното погрчување. Разселувањето во 20-тите години. Потоа забраната да се зборува македонски, па дури и да се каже името Македонија. Тој збор е табу во Грција, и таму -
официјално - нема малцинства. Оние кои што го кажуваа спротивното се наоѓаат по судовите .
Последните двајца: Christos Sideropoulos и Anastasios Boulis обвинети зошто, за време на интервјуто за грчкото списание "ENA", ги посочија своите македонски корени. Нивните имиња таканаречени
Boulis= Boulievski и Sideropoulos= Sidovski, се неприфатливи: тие им ги променија личните имиња (онака како што ги промениле и имињата на местата-селата). Така Беломорска Македонија е полна
со луѓе, чии презимиња на крајот завршуваат со "poulos", типични за Peloponnese, или со "akis" наставка на Cretans. Во Грција, демократијата беше во петтиот век пред Христа, а во 1993 дали реално се јавува таа како вистински православна?

Католиците, протестантите, евреите и муслиманите не се сметаат за рамноправни граѓани. Тие немаат право да бидат учители. Дури и во приватниот сектор. Секоја друга религија грците ја
опишуваат како "туѓа религија"! И, за подобро да ги оправда работите, Атина реши, дека е потребно
религиозната припадност да стои и во личните карти. Со тоа забија нож в грб на еврејската заедница - како во нацистичката окупација. Во Солун, големото македонско пристаниште, евреите
неможат да добијат дозвола за изградба на споменик од Холокаустот и тоа е прикажано во многу весници како антисемитизам

«LES SLAVES SONT DES BARBARES». Словените се Варвари

"Таа Република Скопје никогаш не беше во Македонија! изјавува премиерот Константин Мицотакис.
Тоа име го добива во 1948 од Сталин и Тито. Целта на комунистите во тоа време беше да се добие пристап до Егејско море: Солун. Ние, веднаш по создавањето на таа Македонија сме доживеале
горко искуство од граѓанската војна од страна на комунистите. Нивната цел беше да се оддели Македонија од Грција, и да ја припојат кон својата Псевдо-Македонија, на другата страна од
железната завеса. "
Но овде е срцето на Балканот. Населението се врати во Солун. Тие живееа во реонот на Смирна, Турција.
Целиот град позеленува од бес кога се вели дека Македонија не е Грчка. "Македонија е тука, а не на другата страна од границата! викаа Лијана Александри, новинар и Месимврини
дописник на Радио Пиреа. Таму се Словени. Варвари кои сакаат да се сметаат за грци. Несакам да бидам принудена утре да речам: сине мој, Грција граничи со Македонија! Прашање на етничка гордост ... "
:" Скопје -порано ги сожалувавме : они беа сиромашни, и комунисти. Варвари, било што! Ако беа цивилизирани, можеби ќе беше поинаку ... Во секој случај, тие ќе умрат без Солун. И, освен тоа,
нивните албански проблеми.

Попуст за Македонците
А,во истото време ,од другата страна на границата пак, продавачите на новогодишни честитки во Охрид не рабираат : "Ние немаме проблеми со грците-велат тие. Кога одевме да купуваме во Солун имаше дури и надписи на продавниците- Овде, попуст за Македонци.'' Зошто би сакале да ни го променат името? "
Во Скопје, Љупчо Георгиевски од ВМРО - "Грците се со лоша меморија од 1913, рекол тој- кога Македонија беше поделена на три дела. Тие се плашат заради тој земен дел и од нивните
малцинства. За разлика од нив кај нас Албанците се полноправно третирани: основни,средни училишта на албански језик, право на организирање политички партии, на избор. Имаме и министри
Албанци. А сепак, Европа одбива да не признае и бара промена на име ? ... "Промена на име? Лидерот на ВМРО не сака да чуе: "Тоа е изговор. Ако прифатиме промена на име, Грците ќе бараат
и нешто друго! Без оглед на ембаргото, и непризнавањето, Македонија продолжува да живее, нова линија за комуникации, исток-запад се развива меѓу Бугарија и Албанија, како надминување на затварање на линијата север-југ.
Бивш комунист, како сите лидери од републиките на бивша југославија, македонскиот претседател, Киро Глигоров,ги направи, но со задоцнување како неговиот хрватски колега, Фрањо Tуџман, сите отстапки, побарани од Badinter. Уставот беше изменет, за да се увери Атина, гарантирање на неприкосновеноста на постоечките граници. Badinter препорача да не се признава Босна - а да се
признае Македонија. Европејците со „нивната бескрајна мудрост“, го направија токму спротивното!
Константин Мицотакис: и нај-комунистичките држави си го променија името.Ве уверувам дека Грција е доста спокојна. Вие нема да најдете тука ниту еден екстремист. Ние сме одговорни и
почитувани. Дали тие ќе се наречат Република Вардар?, например, и ние ќе ги признаеме. И дури ќе им помогнеме ... . И уште: "Има само едно решение за северната граница со Србија."

А момчето грк- 17 годишен беше уапсен во Атина за делење на флаери, на кои пишуваше: "Не, на национализмот! Потомците на Александар Велики не се скопјаните, ниту грците: тие се мртви.
Александар Велики е военопрестапник. Македонија припаѓа на сите народи. "Судот го осуди на една година затвор. Тоа не се случило ни во Ирак или во Средновековието, но во Европска држава
на 17 декември 1992 година- да.

http://www.lexpress.fr/informations/qui-a-peur-de-la-macedoine= _592826.html
 

nako

No1
Член од
22 јануари 2006
Мислења
918
Поени од реакции
35
Интересен натпис, уште еднаш се докажува дека ние немаме проблем со името, Грците си имаат проблем.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Се однесуваат со климактерична жена: контрадикторно и исплашено...
 

^^Smiley^^

Broo Tal Smy Lee
Член од
25 јануари 2007
Мислења
1.045
Поени од реакции
25
Кој се плаши од волкот лош, три за грош. Македончето од волкот нема страв и стапот му е прав и здрав!
 

Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.552
Поени од реакции
1.606
Интересен натпис, уште еднаш се докажува дека ние немаме проблем со името, Грците си имаат проблем.
А бидејќи Грција е творба на Европа - Европа си има проблем.
 
Член од
27 мај 2009
Мислења
10
Поени од реакции
2
Грците се плашат од МАКЕДОЦИТЕ.
 
Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
Нека го прочитаат ова во ЕП и ЕУ и ЕК .... и секаде во ЕЕЕЕЕЕбаната Европа!
А може и ние па да научиме нешто од ова. Немаме пријатели и не треба никогаш со грб да им сме свртени на комшииве наши. Само со црвста политика и со гордост и чест заради она што сме , би имале просперитет , ако не денес после 100 години , ама Македонија да е!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom