Кој одбрамбен механизам го практикувате најчесто?

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.819
Мал вовед за тоа што претставуваат овие механизми.
—
Одбармбените механизми се обрасци на чувствување, кои се релативно ненамерни, автоматски и настануваат како реакција на перцепција на психичка опасност. Конструирани се да ги ублажат или сокријат конфликтите или стресовите кои можат да предизвикаат анксиозност!

Според Shafera не постои целосна, конечна листа на овие механизми. Па така ќе опфатам само дел од истите, па вие пробајте пронајдете кој механизам најчесто го употребувате.

Рационализација
-му овозможува на поединецот да го зачува самопочитувањето на тој начин што бара разни изговори за да го оправда неуспехот или несоодветната постапка.
- се користи кога незначителните успеси ги прикажуваме како големи (сладок лимон) или
кога за недостижната цел зборуваме со омаловажување (кисело грозје)

Регресија
- враќање кон некои примитивни и детски фази од животот кога ќе се сретнеме со опасноста.
—Примитивен механизам на заземање на став на дете во проблематична ситуација. Се смета како одговор на стресни ситуации.
—Регресијата има „логика“ на враќање во детството, како идеално спокоен и сигурен период.
—Регресивното однесување може да биде еднострано и неопасно.
—Примери:
—Плачење, заземање положба на фетус, цицање на палец(Ф.регресија во орална фиксација), тропање со ногата,тркалање по земја.

Идентификација
-му помага на поединецот да ги ублажи своите лични неуспеси преку идентификација со некоја
успешна личност или група.
•Индетификација е О.М каде некои привлечни особини, или начин на размислување или живеење кај другите луѓе се трудиме да го копираме.
•Индетификацијата со некој или нешто значи промена во една или повеќе насоки.
•Индетификацијата е добровона и не го менува онај кој се обожава.

Изолација
- е отстранување на било какви емоции што не врзуваат за настан што во нас предизвикува страв или негативни реакции.

Сублимација
- според Фројд претставува претварање на непотребните импулси (секс, гнев) во општествено прифатливи, продуктивни активности.
—Трансформација на социјално непожелни импулси во социјално попожелни.
—При соочување со негативни мисли се ствара кинетичка енергија која мора да се редуцира.
—Повеќето од спортовите и игрите настанале како последица на потреба за редукција на бес.
—Е еден од најконструктивните механизми кој деструтивната енергија ја трансформира во конструктивна. Фројд верува дека цивилизациските придобивки се благодарение на овај О.М
—Изворот од ID, предизвикан од Ego, управуван од SuperEgo .
—Примери:
Домаќинка, хирург, опсесивна педантерија....

Репресија
- нашите желби и цели кои не се во согласност со социјалните и моралните норми ги потиснуваме од свеста или едноставно ги забораваме.
—Репресијата понекогаш се нарекува „мотивирано заборавање“
—Степенот на „заборавање“ може да варира од привремено поништување на непријатните содржини, до висок степен на амнезија, каде што настани кои предизвикале голема вознемиреност може да се закопаат прилично длабоко. Примери: Злоставувано дете не се сеќава на настанот но има проблем со нормално воспоставување на односи со другите луѓе.
•Заборавање имиња, венчавки.

Реакциона формација
- има за цел да ги прикрие вистинските внатрешни импулси на личноста и своите неприфатливи преференции и тоа на таков начин што се покажува
токму спротивното во своето однесување. Сложен механизам кој содржи две фази:
1.Недозволената содржина се потиснува
2.Се изградува став или однесување директно спротивно на потиснатата содржина.
—Страв од општествена осуда
—Примери:
1.Мажи со хомосексуални афинитети-хомофоби
2.Алкохоличар ја воздигнува апстиненцијата.

Одрекување
- подразбира “исклучување од реалноста”, личноста одрекува или неможе да си признае себе си за она што навистина се случило.

Поместување
- кога нашата агресија поради неуспех, се насочува не кон вистинскиот извор на фрустрацијата, туку кон некои други предмети или лица

Фантазирање и денвно сонување
- му служи на фрустрираниот поединец , за она што неможе да се реализира во
реалниот живот, да се реализира во фантазијата.
Преставуваат еден вид на компензација или надополнување на нови нереализирани желби и надежи кои се задолжително замислени.
Карактеристичен за адолесценција и младост

Повлекување и осаменост
-е еден од подмолните одбранбени мехабизми бидејќи личноста се откажува и избегнува да се соочи со било кој вид на конфликтна ситуација.

Проекција
- се состои во тоа што сопствените особини на личноста се препишуваат т.е. се гледаат во други.
—Отпор да се согледа нечија реална слика.
—Емпатијата може да се смета за „порезервирана“ форма на проекција
—Примери:
1.Неверен сопруг ја обвинува сопругата за неверство.

Koмпензација
•Пренасочување на дејството од посакуваниот објект на друг поради тоа што првиот е недостапен.
•IDсака нешто што SuperEgo не го дозволува и Egoнаоѓа решение да му угоди на двата.
•Двата објекти можат да наликуваат еден на друг. Заменетите цели се слични.
Замената е задоволителен механизам

Aгресија
•Примитивен одбрамен еханизам. Природен одговор на препрека или негативно чувство.
•Агресијата ако нема услови да се реализира во реалноста често се реализира во сон.

Негирање
—Едноставно одбивање да се признае дека настанот се случил.
—Личноста се преправа дека ништо не се случило, однесувајќи се на начин кој на другите може да им се чини бизарен.
—Во својата полна форма е несвесен механизам.
—Жртвата може да се трансформира во „blind eye“
—Примери:
1.Човек на кој му е убиена жената одбива да верува и се однесува како таа да е присутна.
2.Зависник негира дека има проблем
 
Член од
23 јули 2015
Мислења
32
Поени од реакции
18
Одлична тема и вовед . Мислам дека тука може мн да се пишува и како шо рече Дарлинг во зависност од ситуација наоѓаат примена, се разбира и во зависност од емоционалната интелегенција на личност...
Се надевам дека темата ќе се развие . Поз
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.801
Поени од реакции
3.053
Репресија
—"Степенот на „заборавање“ може да варира од привремено поништување на непријатните содржини, до висок степен на амнезија, каде што настани кои предизвикале голема вознемиреност може да се закопаат прилично длабоко. Примери: Злоставувано дете не се сеќава на настанот но има проблем со нормално воспоставување на односи со другите луѓе."

Ова уште одма после настанот воопшто не се сеќаваш ништо?
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.819
Репресија
—"Степенот на „заборавање“ може да варира од привремено поништување на непријатните содржини, до висок степен на амнезија, каде што настани кои предизвикале голема вознемиреност може да се закопаат прилично длабоко. Примери: Злоставувано дете не се сеќава на настанот но има проблем со нормално воспоставување на односи со другите луѓе."

Ова уште одма после настанот воопшто не се сеќаваш ништо?
—Репресираните сеќавања не исчезнуваат, можат да имаат акомулативен ефект и да се појават во форма на симптоми, или дисфункционално однесување.
—Висок степен на регресија-висок степен на дисфункционално oднесување.
—Можат да се појават во форма на сон.
—Репресијата често се комбинира со други механизми.
—Репресијата е потсвесна, ако се прави свесно се вика супресија.

Друг пример е да речиме имаме страв од нешто, а не се сеќаваме кога сме се престрашиле.

Мислам дека не мора да е одма, може да се јави и со тек на време после настанот.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.801
Поени од реакции
3.053
Прашањето ми беше дали од премногу вознемиреност, шок или слични негативни чувства од настанот можно е веднаш или после некој саат највеќе ден да имаш као амнезија ("висок степен на амнезија" - како што пишува) дека воопшто се случило тоа. Сепак подсвесно да имаш траги од тоа длабоко понатаму во животот?
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.819
Инаку @Out Of Reality не сум запознаен со амнезијата и нејзините ефекти поврзани со овј механизам. Еве нешто прочепкав околу истата во потрага по одговорот.

Веројатно во подлабинско запознавање со антероградна и ретроградна амнезија, начинот на кој се развиваат и манифестираат, би дошле до одговорот.

Ако некој знај би му бил благодарен да образложи. Ограничен сум со познавањето на психологијата пошто правник сум, ова онака пропратно во некоја почетна аматерска фаза ja чепкам :D
 
Последно уредено:
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.736
Поени од реакции
24.388
Прашањето ми беше дали од премногу вознемиреност, шок или слични негативни чувства од настанот можно е веднаш или после некој саат највеќе ден да имаш као амнезија ("висок степен на амнезија" - како што пишува) дека воопшто се случило тоа. Сепак подсвесно да имаш траги од тоа длабоко понатаму во животот?
Мислам дека е возможно ова што го прашуваш. Имам читано за овој пример: девојка која била силувана и онесвестена се буди и не знае воопшто каде се наоѓа и што се случило(значи во рок од неколку саата ја губи меморијата). Понатаму кога мине низ тоа место доживува непријатни емоции, но не знае зошто. Со помош на психотерапија го освестува тој дел.
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.783
Поени од реакции
4.017
Прашањето ми беше дали од премногу вознемиреност, шок или слични негативни чувства од настанот можно е веднаш или после некој саат највеќе ден да имаш као амнезија ("висок степен на амнезија" - како што пишува) дека воопшто се случило тоа. Сепак подсвесно да имаш траги од тоа длабоко понатаму во животот?
Да возможно е.
Тоа е всушност репресијата.
Мозокот “знае“ дека не можеш да го процесираш и да се справиш со ова и со цел да те заштити ќе ги потисне тие спомени.
Можно е со тек на време тие спомени да испливуваат на површина малце по малце, да доаѓаат сеќавања дел по дел и на крајот по малце ќе склопиш целосна меморија, ако си решен да го направиш тоа. Може сепак ќе пробаш да ги потиснеш и тие нови спомени.
Телото има свој начин како да те заштити да не дојде до смрт или сериозни повреди, одбрамбените механизми се начини на мозокот да те заштити да не се повредиш психички.
Често се дешава со луѓе кои биле злоупотребувани како деца. Вечерта некој ги злоставил на некој грозоморен начин ама сабајлето се понашаат како нишо ниогаш да не се случило.
Има интересна книга според вистинска приказна (без да навлегуваме во постоењето на МПД) , за која на секој му треба многу силен желудник (switching time- a doctor's harrowing story of treating a woman with 17 personalities - Richard Baer) која очигледно обработува друга тема ама обработува баш тоа, потиснување. Во случајов е екстремен случај (сериозно, силен желудник) и девојката не само што потиснувала туку и развила МПД.

Луѓе кои се сведоци на или направиле нешто нешто грозноморно може да не се сеќаваат на ништо.
Ама ова се екстремни случаеви, нема да имаш амнезија ако некој ти скокне од пшозади врата и те исплаши :D
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.618
Поени од реакции
10.876
Интересно е што луѓето повеќе обрнуваат внимание на типот и начинот на одбранбен механизам кој им се презентира, додека правата суштина на проблемот исчезнува односно ја занемаруваат. Сосема друга работа е што не секогаш човек користи ист механизам и средства за да се одбрани. Затоа денес бројот на пациенти не може да се заклучи. Во контекст на темата сите овие наброени дефиниции ги користиме низ различни етапи на животот, зависно од ситуацијата и самата личност.
Сите сме исти е одговорот.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
74
Поени од реакции
82
Има интересна книга според вистинска приказна (без да навлегуваме во постоењето на МПД) , за која на секој му треба многу силен желудник (switching time- a doctor's harrowing story of treating a woman with 17 personalities - Richard Baer) која очигледно обработува друга тема ама обработува баш тоа, потиснување. Во случајов е екстремен случај (сериозно, силен желудник) и девојката не само што потиснувала туку и развила МПД.
Името на таа жена -- Алберт Ајнштајн.[DOUBLEPOST=1439912055][/DOUBLEPOST]
Мислам дека е возможно ова што го прашуваш. Имам читано за овој пример: девојка која била силувана и онесвестена се буди и не знае воопшто каде се наоѓа и што се случило(значи во рок од неколку саата ја губи меморијата). Понатаму кога мине низ тоа место доживува непријатни емоции, но не знае зошто. Со помош на психотерапија го освестува тој дел.
Дик индуцирана амнезија. Се случува секој ден.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
И од мене имаш едно големо Браво за темава, но морам да те поправам што се однесува до реакционата формација, зошто ги имам толку детално изучено овие одбранбени механизми, што ми останале во глава и знам доста за нив.

Реакционата формација си ја опишал само како мал дел од нејзиното вистинско значење. Најголемото нејзино значење е прикривање на вистинските чувства и емоции со спротивни невистинити чувства и емоции. Прост пример ти е..............., непријателот сака да ти наштети, успева во тоа, тебе страшно ти се плаче, но за да не му дадеш до знаење дека успеал во тоа и да дозволиш да ја прегази твојата гордост, ти почнуваш да се смееш и му даваш до знаење нешто во стилот ,,Нека пукнат душманите'' :D

Што се однесува до тоа кои одбранбени механизми јас ги користам...................., рационализација (кога нема кој да ми даде поттик, пофалба и мала поддршка за малиот успех), реакциона формација (кога во нешто губам, но сепак се смеам за да пукнат душманите), пред некое време ми се појави како одбранбен механизам и одрекувањето (при смртен случај на член од семејството јас сеуште не верувам дека тоа навистина се случило) и секако фантазирање (најдобриот одбранбен механизам кој помага да останеме цврсти и да се бориме за она што го сакаме).

Иначе дел од одбранбените механизми, поточно овие јас кои ги користам, е добро да се употребуваат, за психички да се заштитиме од стресот и неуспехот кој го доживуваме. Но одбранбениот механизам како одбранбен механизам не е добар за човекот ако тој се користи често или континуирано, зошто континуираното користење на одбранбениот механизам не оддалечува од реалноста, психички и емоционално не ослабнува и не ни дозволува да го најдеме вистинското решение. Затоа секогаш треба да се користи вистинското трајно решение, т.е. решавање на проблемот и соочување со истиот.

:)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom