Erich Zann
Модератор
- Член од
- 13 мај 2012
- Мислења
- 14.633
- Поени од реакции
- 31.842
Мал вовед за тоа што претставуваат овие механизми.
Одбармбените механизми се обрасци на чувствување, кои се релативно ненамерни, автоматски и настануваат како реакција на перцепција на психичка опасност. Конструирани се да ги ублажат или сокријат конфликтите или стресовите кои можат да предизвикаат анксиозност!
Според Shafera не постои целосна, конечна листа на овие механизми. Па така ќе опфатам само дел од истите, па вие пробајте пронајдете кој механизам најчесто го употребувате.
Рационализација
-му овозможува на поединецот да го зачува самопочитувањето на тој начин што бара разни изговори за да го оправда неуспехот или несоодветната постапка.
- се користи кога незначителните успеси ги прикажуваме како големи (сладок лимон) или
кога за недостижната цел зборуваме со омаловажување (кисело грозје)
Регресија
- враќање кон некои примитивни и детски фази од животот кога ќе се сретнеме со опасноста.
Примитивен механизам на заземање на став на дете во проблематична ситуација. Се смета како одговор на стресни ситуации.
Регресијата има „логика“ на враќање во детството, како идеално спокоен и сигурен период.
Регресивното однесување може да биде еднострано и неопасно.
Примери:
Плачење, заземање положба на фетус, цицање на палец(Ф.регресија во орална фиксација), тропање со ногата,тркалање по земја.
Идентификација
-му помага на поединецот да ги ублажи своите лични неуспеси преку идентификација со некоја
успешна личност или група.
•Индетификација е О.М каде некои привлечни особини, или начин на размислување или живеење кај другите луѓе се трудиме да го копираме.
•Индетификацијата со некој или нешто значи промена во една или повеќе насоки.
•Индетификацијата е добровона и не го менува онај кој се обожава.
Изолација
- е отстранување на било какви емоции што не врзуваат за настан што во нас предизвикува страв или негативни реакции.
Сублимација
- според Фројд претставува претварање на непотребните импулси (секс, гнев) во општествено прифатливи, продуктивни активности.
Трансформација на социјално непожелни импулси во социјално попожелни.
При соочување со негативни мисли се ствара кинетичка енергија која мора да се редуцира.
Повеќето од спортовите и игрите настанале како последица на потреба за редукција на бес.
Е еден од најконструктивните механизми кој деструтивната енергија ја трансформира во конструктивна. Фројд верува дека цивилизациските придобивки се благодарение на овај О.М
Изворот од ID, предизвикан од Ego, управуван од SuperEgo .
Примери:
Домаќинка, хирург, опсесивна педантерија....
Репресија
- нашите желби и цели кои не се во согласност со социјалните и моралните норми ги потиснуваме од свеста или едноставно ги забораваме.
Репресијата понекогаш се нарекува „мотивирано заборавање“
Степенот на „заборавање“ може да варира од привремено поништување на непријатните содржини, до висок степен на амнезија, каде што настани кои предизвикале голема вознемиреност може да се закопаат прилично длабоко. Примери: Злоставувано дете не се сеќава на настанот но има проблем со нормално воспоставување на односи со другите луѓе.
•Заборавање имиња, венчавки.
Реакциона формација
- има за цел да ги прикрие вистинските внатрешни импулси на личноста и своите неприфатливи преференции и тоа на таков начин што се покажува
токму спротивното во своето однесување. Сложен механизам кој содржи две фази:
1.Недозволената содржина се потиснува
2.Се изградува став или однесување директно спротивно на потиснатата содржина.
Страв од општествена осуда
Примери:
1.Мажи со хомосексуални афинитети-хомофоби
2.Алкохоличар ја воздигнува апстиненцијата.
Одрекување
- подразбира “исклучување од реалноста”, личноста одрекува или неможе да си признае себе си за она што навистина се случило.
Поместување
- кога нашата агресија поради неуспех, се насочува не кон вистинскиот извор на фрустрацијата, туку кон некои други предмети или лица
Фантазирање и денвно сонување
- му служи на фрустрираниот поединец , за она што неможе да се реализира во
реалниот живот, да се реализира во фантазијата.
Преставуваат еден вид на компензација или надополнување на нови нереализирани желби и надежи кои се задолжително замислени.
Карактеристичен за адолесценција и младост
Повлекување и осаменост
-е еден од подмолните одбранбени мехабизми бидејќи личноста се откажува и избегнува да се соочи со било кој вид на конфликтна ситуација.
Проекција
- се состои во тоа што сопствените особини на личноста се препишуваат т.е. се гледаат во други.
Отпор да се согледа нечија реална слика.
Емпатијата може да се смета за „порезервирана“ форма на проекција
Примери:
1.Неверен сопруг ја обвинува сопругата за неверство.
Koмпензација
•Пренасочување на дејството од посакуваниот објект на друг поради тоа што првиот е недостапен.
•IDсака нешто што SuperEgo не го дозволува и Egoнаоѓа решение да му угоди на двата.
•Двата објекти можат да наликуваат еден на друг. Заменетите цели се слични.
Замената е задоволителен механизам
Aгресија
•Примитивен одбрамен еханизам. Природен одговор на препрека или негативно чувство.
•Агресијата ако нема услови да се реализира во реалноста често се реализира во сон.
Негирање
Едноставно одбивање да се признае дека настанот се случил.
Личноста се преправа дека ништо не се случило, однесувајќи се на начин кој на другите може да им се чини бизарен.
Во својата полна форма е несвесен механизам.
Жртвата може да се трансформира во „blind eye“
Примери:
1.Човек на кој му е убиена жената одбива да верува и се однесува како таа да е присутна.
2.Зависник негира дека има проблем