Јас си ги минав сите. Прво си зедов нормално на првиот Мобимак, но ме нервираше тоа што освен што лапат многу а и три месеци и картата може да си ја фрлам, а јас кажи речи не сум секогаш во Македонија. Па затоа отидов на Космофон.И таму ми е добро. Летоска решив да пробам на ВИП оти имаше многу намаление та цело друштво на ВИП отидовме. АРНО АМА кај овие пак неможеш да праќаш смс-ки во странство, во земјите кај што имам познати, ни пак тие да ти пратат. ИИИИИиииии опет назад на семејниот Космофон, ако со другари и другарки неможам бесплатно, тогаш со мама, тато и бато ќе се лафаме!!!!
Инаку Космофон(сеуште со тоа име) ме задоволува (иии што си первезен значи одма на друго ти летна умот). Освен што нема склучено со третиот бугарски оператор, и смс од нив неможам да добивам, та со најдобрата колешка неможеме најдобро да си комуницираме по смс-ки. Но, за тоа си има пак Скајп бе!!!:pos2:
И то...