1.
Партиски пиуни ( Сите кои трчаат по политички партии, кои одат на митнизи итн, без разлика за која партија се работи.)
2.
Простаци.
Луѓе кои не сакаат да те сослушаат, луѓе со кои не можиш да дискутираш за ништо, во иста група би ги стал и тие што слепо пратат еден политички лидерер , со нив не можеш никаков корисен разговор да оствариш. Исто така во групава би ги стал и тие фаци што излегуваат во кафич да се истепаат место да си поминат добро(фала богу поретки се браќава.)
3.
Разгалени деца.
Сите кои имаат богати родители не се исти ама има и такви кои со колата на тато се сликаат, направиле 20+ години уште сами не знаат денар да заработат. Истите шмркаат кока секој викенд и му се смеат на шанкерот зошто е шанкер.
4.
Антички македонци од Аустрелија.
Океј во ред е. Ја браните Македонија од предавниците од таму. Сваќам дека се интересирате за состојбите кај нас и Македонија била ваша држава некогаш ама нема смисла да се мешате и да коментирате што е најдобро за Македонија , единствено познавање за ситуацијата сте го добиле читајќи (курир,инфомкас,фокс...итн) . Епа не иде вака пријатели глејте си у ваш двор.
5.
Негативни луѓе
Излегуваш со некој кој е напнат, нервозен е, вика пцуе, итн,.. нормално атмосверата е поинаква одма и може да ти ја расипи вечерта. Со весело друштво , весела атмосвера. Животот е кратот затоа смејте се и сакајте се .
Долг е списокот би пишувал уште многу ова е во кратки црти тоа што ме иритира најмногу. Поздрав.