Најнов рецепт!
Многу мали вкусни пити:
1кг. компир, 200 гр. шунка (може и повеќе зависи од вкусот), 100 гр. путер (јас го правам со кристал маргарин, оти другите вкусови може да дојдат повеќе до израз), 2 јајца, 50 гр. презла, 1 жолчка, 50 гр. брашно, 100 мл масло, сол и бибер.
Сварените компири се гмечат или пасираат (`ко за пире само треба да биде цврсто), се додава омекнатиот маргарин (сматен со миксер), јајцата и малку сол. Тестото добро се меша да стане компактно, а потоа се сече во дебелина од еден сантиметар и се прават коцкички. Шунката ситно се сече (или се ренда кој како сака и како му е полесно), се додава жолчка и малку презла. На половина од коцките, т.е. во средината, се става малку фил и се покрива со друга коцка. Ги правиме како мали погачи. Краевите се притиснуваат да се залепат и ги ставаме во јајце, брашно и презла пред да ги пржиме во загреано масло. Превкусно е!
За да не биде суво
![Пукам од смеа! :pos: :pos:](/styles/default/xenforo/emot/pos.gif)
супер иде со прелив од павлака, краставички и мајонез.
п.с. ако сака некој, може да се стави и сирење или кашкавал внатре заедно со шунката, супер е и така, ама јас повеќе си ги бендисувам вака :smir: