Абе тука си у право дека многу луѓе одма би рипнале да живеат у Скопје, али тоа е само поради финансиски причини. Никој не ти иде у Скопје ради тоа колку е убав градот, колку е фин народот, итн.
А сите плукаат на градот заради скопскиот менталитет. Не викам дека сте лош народ, далеку од тоа, али на прв поглед давате некако арогантни вибрации, али многу мал процент од луѓето се стварно така. Коа ке седнам со некој скопјанец, секогаш си правам супер муабет. Али додека да седнам со него додека да сватиме дека се мразиме за безвезе причини, додека да го убедам дека вреди он со мене да прави муабет, до тогаш очите си ги вадиме. И овоа не го зборам од памет, него секое лето кога идам у Охрид истото се дешава...ќе бидеме камп до камп со неколку скопски кампови, ќе почнат да не провоцираат и да не потценуваат а ние си седиме на страна, ке им рипнеме ние ке се испотепаме ке извадиме очи, али на крајот ке им дадеме по 2-3 чашки ракија, ќе се опијат, и од утредента ептен се фини дечките. За тоа и многу ретко младината сака да се сели таму. Јас имам една другарка, нејзините пред 2 години се преселија у Скопје, али она неќе ни да чуе за таму. Ја однесија таму на 2-3 пати, али она како ќе стигне, одма фаќање првиот автобус и враќање назад. Не ме сваќај погрешно у никој случај не ве вреѓам пошто некои од најдобрите пријатели/ки ми се од Скопје, ептен супер дечки, али само ние си знаеме колку поминавме додека да седниме и цивилизирано да го испиеме кафето.
А за најубав град, за кого како. Онака на изглед Охрид ми е најубав, и најчист, и плажа и све, а и имаш и избор ако сакаш јак луд живот, или сакаш изолација. И двете ги имаш на едно место. Али јас лично Кавадарци не би си го заменила за 100 Охрида
Иако е 2х2 метри, иако е ептен мало, иако можда неаме некои работи што некои поголеми градеви ги имаат, најубав ми е, секој пат коа си идам таму душата ми се исполнува. На секого скоро своето му е најубаво..Како вицот со циганката коа и рекле кое дете е најубаво? Нормално си одговорилa, сите овие што ми ги покажавте се убави али како моето нема никаде