Кој е вашиот омилен лик од „Господар на прстените“?

Chapstick

Сам свој психолог
Член од
7 август 2009
Мислења
2.986
Поени од реакции
311
Омилен лик ми е Фродо!
 

Vespertine

The Ugly Duckling
Член од
22 септември 2009
Мислења
2.932
Поени од реакции
3.387
Мене ми се свиѓаше шумарот ама подоцна дознав дека е крал , па на крај бидна крал. Е тоа не ми му требаше. Он требаше да биде само шумар. Ебаго.
 
N

Nephthys

Гостин
Халдир,затоа што е храбар.


и Арвен,затоа што ке ја жртвува бесмртноста за да биде со човекот кој го сака
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.189
Поени од реакции
84.067
Филмскиот Халдир не е лик на Толкин, туку лик на Питер Џексон.
 
M

Mario Gómez

Гостин
Denethor...:pos2: :pos2:

Многу ликови имаат позитивни особини и нема да издвојам еден лик. Гандалф може бидејќи моќта и мудроста ме импресионира. А Арагорн, Леголас, Мери, Пипин, Сем, сите се тоа ликови кои вреди да се спомнат.:)
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.791
Поени од реакции
12.273
а бе ЈА! :) (воа сега ми е уметнички ник :)) )
С'ј, Арвен е одличен лик...а една од моите 3-4 омилени актерки (покрај Мила).

Туку не е тешко да се погоди мојот лик-Лурц мутантот... жалосно, од скоро 10 саати филм, одвај издржа 15-тина минути жив-"јако" копиле.
 
Г

Господ

Гостин
The Witch King of Angmar,that motherfucker was bad!
Од заведување на пола човечка северна нација под своја команда преку чумата у The Barrow Downs до mother fucker-осување на Minas Tirith типот ми е идол.
 
Член од
6 март 2010
Мислења
27
Поени од реакции
3
Tolkinoviot svet e prebogat so likovi : hobiti, samovili, orki, volshebnici ... Koj e vasiot omilen lik od knigata ili od filmot ?
Би те поправил, бидејќи посоодветно е Елфи отколку „самовили“. Иако ние си ги поистоветуваме овие два поими, сепак тие потекнуваат од различни територии и од различни народи, поточно различни митологии. За споредба и за да согледаш каква грешка правиш при поистоветувањето на двата посочени поими: тоа е исто како да ги поистоветуваш Зевс и Јупитер.

Инаку, за темава, би рекол дека најомилени ми се Гандалф и Галадриела, господарката на Лориен.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Би те поправил, бидејќи посоодветно е Елфи отколку „самовили“. Иако ние си ги поистоветуваме овие два поими, сепак тие потекнуваат од различни територии и од различни народи, поточно различни митологии. За споредба и за да согледаш каква грешка правиш при поистоветувањето на двата посочени поими: тоа е исто како да ги поистоветуваш Зевс и Јупитер.

Инаку, за темава, би рекол дека најомилени ми се Гандалф и Галадриела, господарката на Лориен.
Всушност, митологиите и не се толку различни. Елфите, самовилите, нимфите и другите полубожества сродни на нив се дел од многу верувања и во голема мера имаат сличности. Треба сепак да се спомне дека Толкин, за потребите на приказната ги вооружи овие митолошки битија со лакови и стрели (во старите митологии не се толку воинствени и општествено организирани, а и машкиот пол бројно е занемарлив) и благодарение на популарноста на неговите романи оттогаш сликата за самовилите во Западниот свет се смени, а и кај нас полека се менува.
А што се однесува до Зевс и Јупитер, тие се поистоветени многу одамна, од самите Римјани (неколку века пред нашата ера). Римскиот пантеон во целост соодветствува со олимпискиот, имињата се различни, но атрибутите на божествата и митовите за нив речиси се идентични. Така, Зевс е (или станал) Јупитер, Арес е Марс, Хефест е Вулкан, Афродита Венера и тн.
Во митологиите на индоевропските народи громовниците најчесто се врховни божества населени на највисоките и најтаинствени планини. Освен имињата (Зевс, Перун, Тор, Јупитер, Индра), меѓу нив и нема многу разлики. Тоа во помала или поголема мера важи и за останатите божества. Се работи за стари содржини во нова форма, која настанала како резултат на различните култури и обичаи. Дури и некои светци се рехабилитирани антички божества :nesum:. Интересно е и присуството на змејот, односно змијата (или во некоја друга змијовидна форма) може да се сретне и во повеќето верувања низ светот и тоа како главно негативно натприродно суштество, и тоа во Европа, Афика, Азија, двете Америки итн.
Со оглед на тоа дека луѓето и покрај сите поделби на најразлични основи се дел од еден ист вид и нивните стравови, желби, потреби и очекувања се многу,многу блиски. Исто така блиски се и верувањата.

Дури и Eru, т.е. Illuvatar, ако добро го напишав, соодветствува со јудео - христијанскиот Бог, a Melkor, со неговиот вечен опонент Луцифер.
 

Ма-Ста-Пе

недоквакан од 1966
Член од
28 јуни 2009
Мислења
703
Поени од реакции
132
ПРСТЕНОТ ГИ ДУ.И СИТЕ ХАХАХАКИКИРИКИДАГЛАС
 

Kajgana Shop

На врв Bottom