Би те поправил, бидејќи посоодветно е Елфи отколку „самовили“. Иако ние си ги поистоветуваме овие два поими, сепак тие потекнуваат од различни територии и од различни народи, поточно различни митологии. За споредба и за да согледаш каква грешка правиш при поистоветувањето на двата посочени поими: тоа е исто како да ги поистоветуваш Зевс и Јупитер.
Инаку, за темава, би рекол дека најомилени ми се Гандалф и Галадриела, господарката на Лориен.
Всушност, митологиите и не се толку различни. Елфите, самовилите, нимфите и другите полубожества сродни на нив се дел од многу верувања и во голема мера имаат сличности. Треба сепак да се спомне дека Толкин, за потребите на приказната ги вооружи овие митолошки битија со лакови и стрели (во старите митологии не се толку воинствени и општествено организирани, а и машкиот пол бројно е занемарлив) и благодарение на популарноста на неговите романи оттогаш сликата за самовилите во Западниот свет се смени, а и кај нас полека се менува.
А што се однесува до Зевс и Јупитер, тие се поистоветени многу одамна, од самите Римјани (неколку века пред нашата ера). Римскиот пантеон во целост соодветствува со олимпискиот, имињата се различни, но атрибутите на божествата и митовите за нив речиси се идентични. Така, Зевс е (или станал) Јупитер, Арес е Марс, Хефест е Вулкан, Афродита Венера и тн.
Во митологиите на индоевропските народи громовниците најчесто се врховни божества населени на највисоките и најтаинствени планини. Освен имињата (Зевс, Перун, Тор, Јупитер, Индра), меѓу нив и нема многу разлики. Тоа во помала или поголема мера важи и за останатите божества. Се работи за стари содржини во нова форма, која настанала како резултат на различните култури и обичаи. Дури и некои светци се рехабилитирани антички божества :nesum:. Интересно е и присуството на змејот, односно змијата (или во некоја друга змијовидна форма) може да се сретне и во повеќето верувања низ светот и тоа како главно негативно натприродно суштество, и тоа во Европа, Афика, Азија, двете Америки итн.
Со оглед на тоа дека луѓето и покрај сите поделби на најразлични основи се дел од еден ист вид и нивните стравови, желби, потреби и очекувања се многу,многу блиски. Исто така блиски се и верувањата.
Дури и Eru, т.е. Illuvatar, ако добро го напишав, соодветствува со јудео - христијанскиот Бог, a Melkor, со неговиот вечен опонент Луцифер.