Според мене невозможно е да се одбере најдобар лик...сите ликови се добри и даваат свој придонес во приказната...
Но сепак би ги издвоил хобитите-иако така мали и на изглед безпомошни, само тие би можеле да ја издржат тежината на прстенот и да не потпаднат под негово влијание.
Незаборавната сцена кога Гандалф се појавува да им помогне на своите пријатели, точно во моментот кога им ветил.
Го издвојувам него затоа што е претставен како најмудар лик, кој секогаш има одговор за се`, стои на страната на доброто, им помага и се жртвува за сите и успева да го донесе мирот на крај.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.