Кој ги изградил пирамидите и зошто?

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Зошто така мислиш ете чим велиш дека 300 блокови биле а 3000 луге 100 Луге на еден блок зожто тиа да е невозможно?? + Тоагаш луѓето биле далеку посилни од нас не како сега ние оди во најблиската сендвичара нагнетисе и терај :)
Зошто не е возможно? Затоа што тоа темпо од 300 блокови е без престан 24/7, 365 дена! (365*300*21=2,2 милиони). Најди ми ти мене 100 луѓе кој 21 година без престан секој ден ќе влечат 300 камени блокови тешки 3-4 тона, без слободни денови, без годишни одмори, без боледувања, без застој, без одлагања.....!
А не е само да се довлечкаат до пирамидата! Што е со нивното обликување, поставување на соодветни места? Во пирамидите има цела низа од ходници, лавиринти, соби....!
 
H

Hombre

Гостин
За мене најнов податок во врска со оваа тема е дека блоковите од кои што биле изградени пирамидите не биле од камен туку од некој вид на непознат бетон со огромна цврстина.Ова го тврди еден чинам француски археолог кој при сечење на еден блок внатре во него пронашол човечки влакна.
 
Член од
5 септември 2009
Мислења
3.528
Поени од реакции
619
Па тогаш јас колку што знам немале цимент или некоја врста на цимент
 
С

сашенко

Гостин
Зошто не е возможно? Затоа што тоа темпо од 300 блокови е без престан 24/7, 365 дена! (365*300*21=2,2 милиони). Најди ми ти мене 100 луѓе кој 21 година без престан секој ден ќе влечат 300 камени блокови тешки 3-4 тона, без слободни денови, без годишни одмори, без боледувања, без застој, без одлагања.....!
А не е само да се довлечкаат до пирамидата! Што е со нивното обликување, поставување на соодветни места? Во пирамидите има цела низа од ходници, лавиринти, соби....!
Magic potions им давале од галите го украле хехе.Не стварно е тешко да се разбере како можеле луѓето така да го изведат тоа со такво темпо...
 
Член од
16 јули 2008
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.034
Затоа и се се погласни оние кои заговараат дека се изградени со помош на вонземјани
поради неможноста да се докаже една издржлива теорија за нивната изградба.Повеќе од 200 год. ги "дупат" и неможат уште да ги отворат сите соби со сите можни технологии.Читав негде и Роботи конструирале за да влагаат во сеуште неотворените простории (најверојатно поради стравот од безброј смртоносни стапици поставени од древните египетски архитекти).Нели е нелогично некои племиња со бронзени секирчиња да успеале за само 20 год. да изградат еден објект кој научнициве со сите расположливи инструменти 200 год. неможат да го отворат.
 
T

Tetro

Гостин
Па тогаш јас колку што знам немале цимент или некоја врста на цимент
Има и нешто поцврсто од цемент кое се користело тоа време. Ми кажуваше еден археолог, смеса направена од јајца, пепел и нешто друго, незнам што точно беше. :toe:
 
Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Има и нешто поцврсто од цемент кое се користело тоа време. Ми кажуваше еден археолог, смеса направена од јајца, пепел и нешто друго, незнам што точно беше. :toe:
Во емисијата на Артур Кларк имаа случај каде што истражувајќи налетаа на едни интересни замоци во Шкотска. Замоци и Шкотска, ништо ново и мистериозно нели - преполна е Шкотска со разни замоци, но овие на кои Кларк им се посвети се изработени на доста чуден и необичен начин - од топен камен, огромна мистерија е како успевале да стопат толкава количина на камен за од него да изградат ѕидини. И сега да не рече некој дека трипам, можеби истото т.е топењето на камењата било употребено и во Египет со цел да се зголеми цврстината на употребените блокови... можеби таков топен камен бил туран во процепите помеѓу блоковите итн.

Плус немора да одиме толку назад за да се чудиме како создавале цврсти смеси за кои потоа исчезнал рецептот, најконкретен пример (за concrete :pos:) ни е т.н римски бетон за кој речиси исчезнала постапката на добивање.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.425
Поени од реакции
5.103
Добро бе, не знам колку пати е објаснето како Египќаните ги граделе пирамидите.
И сето тоа го негирате, бројките не се совпаѓале, немало логика, ова она...

Што не излезете со теорија како вистински се граделе?
Еве на пример како тие вонземјаните ги граделе?
Или таа некоја си напредна цивилизација?
Со што транспортирале тие камења до пирамидите? Како ги кревале?

Кутри Египќани, во цела своја историја си граделе малечки пирамиди, кога одеднаш дошла друга цивилизација и изградила една 150 метарска пирамида... ???
 
Зошто нервоза? Да не зборам во име на другите ќе си кажам за себе, јас нереков дека ги граделе вонземјани туку кажав дека официјалните објаснувања како се изградени и со кој алатки за мене немаат логика. Кој и како ги градел реков незнам, и затоа не пласирам теории. Ако имаш теорија која ги објаснува нелогичностите баш би сакал да ја чујам.
Поздрав.
 
Не бе каква нервоза....
Само логично прашувам, ако не ги граделе Египќаните, некој мора да ги изградил, ама никакво објаснување како тој некој ги изградил.

И второ, кои нелогичности?
Ги граделе робови 100 000 робови повеќе од 20 години. Според официјалната верзија. Како гробница на фараоните или сл...
Додека ако ги граделе други цивилизации, која им била намената? Временски капсули???
 
Официјалните верзии постојано се менуваат, ако имаш слушнато најновата официјална верзија која беше презентирана на нејшнал џеографик, е дека воопшто не ги граделе робови туку слободни граѓани кој наместо плаќање данок на тој начин се оддолжувале на државата. И нелогичности има, јас не се држам слепо до ниедна теорија, кога нешто нема логика не го подржувам.
Темпо од над 300 блокови секојдневно кој тежат десетици тони, и кој се носени со стотици километри до местото каде се градени пирамидите, не е баш логично. Како успевале да го постигнат тоа темпо со најосновна примитивна технологија? Еве нема да тврдам дека не ги направиле, ама ме интересира како?? Како ги подигале тие блокови на висина од стотина метри, блокови од кој некој се тешки и по 50 тони? И пази, официјалните верзии тврдат дека не користеле тркала, туку трупци на кој ги тркалале блоковите! Сето тоа во пустински услови со температури од 40 степени!
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444

Не се 300 туку 686 блокови дневно, на секои 126 секунди по еден блок,континуирано без престан во текот на 20 години...
Имаше на претходните страни...

20 години х 365 дена х 24 сати х 60 минути х 60 секунди = 630.720.000 секунди
630.720.000/2/2.500.000 блока = секои 126 секунди по еден блок...

24 х 60 х 60 / 126 = 686 блока на ден...

Сега не се веќе 100.000 робови него забегаа накај 200.000... од население на тогашен Египет од 1,5 милиони...

http://forum.kajgana.com/showthread.php?3870-Кој-ги-изградил-пирамидите-и-зошто&p=3621823&viewfull=1#post3621823

http://forum.kajgana.com/showthread.php?3870-Кој-ги-изградил-пирамидите-и-зошто&p=3622776&viewfull=1#post3622776

http://forum.kajgana.com/showthread.php?3870-Кој-ги-изградил-пирамидите-и-зошто&p=3622816&viewfull=1#post3622816

Аргеологијата и Египтологијата се потпираат врз Херодотовиот опис околу начинот на градење, запис 2 милениуми после наводното градење...
Описот е неверојано прецизен...и веројатно следново се дешава на некој испит...

“Како ги граделе пирамидите?„
“Со некои скелиња,греди и басамаци, така запишал Херодот“
“браос колега ете ти 10-ка, ќе биде врвен археолог од тебе“
 
Sluzbarski

Македонец
Член од
21 јули 2009
Мислења
3.364
Поени од реакции
78
Добро бе, не знам колку пати е објаснето како Египќаните ги граделе пирамидите.
И сето тоа го негирате, бројките не се совпаѓале, немало логика, ова она...

Што не излезете со теорија како вистински се граделе?
Еве на пример како тие вонземјаните ги граделе?
Или таа некоја си напредна цивилизација?
Со што транспортирале тие камења до пирамидите? Како ги кревале?

Кутри Египќани, во цела своја историја си граделе малечки пирамиди, кога одеднаш дошла друга цивилизација и изградила една 150 метарска пирамида... ???
да изгледаше градењето на овие пирамиди,кои патем ги има сегде низ светот,како правење бурек или слатки немаше да ни биди чудно и нелогично......
 
cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
Не бе каква нервоза....
Само логично прашувам, ако не ги граделе Египќаните, некој мора да ги изградил, ама никакво објаснување како тој некој ги изградил.

И второ, кои нелогичности?
Ги граделе робови 100 000 робови повеќе од 20 години. Според официјалната верзија. Како гробница на фараоните или сл...
Додека ако ги граделе други цивилизации, која им била намената? Временски капсули???
Што им украде Мојсеј на Египканите ?
Најверојатно у тоа лежи тајната.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.425
Поени од реакции
5.103
Официјалните верзии постојано се менуваат, ако имаш слушнато најновата официјална верзија која беше презентирана на нејшнал џеографик, е дека воопшто не ги граделе робови туку слободни граѓани кој наместо плаќање данок на тој начин се оддолжувале на државата. И нелогичности има, јас не се држам слепо до ниедна теорија, кога нешто нема логика не го подржувам.
Темпо од над 300 блокови секојдневно кој тежат десетици тони, и кој се носени со стотици километри до местото каде се градени пирамидите, не е баш логично. Како успевале да го постигнат тоа темпо со најосновна примитивна технологија? Еве нема да тврдам дека не ги направиле, ама ме интересира како?? Како ги подигале тие блокови на висина од стотина метри, блокови од кој некој се тешки и по 50 тони? И пази, официјалните верзии тврдат дека не користеле тркала, туку трупци на кој ги тркалале блоковите! Сето тоа во пустински услови со температури од 40 степени!
Не знам дали имаш слушнато...

Александар Македонски има претворено остров во полуостров, во борбата кај Тир.

Никој не се чуди на тоа.

Римјаните имаат изградено без малку цела планина за да ја освојат тврдината Масада. И тоа сето тоа во воени услови. Никој не ни помислува дека тоа го направиле напредни цивилизации.

Зошто Египќаните да не изградиле толкава пирамида, иако претходно имале искуство во градење пирамиди?

--- надополнето ---

“Како ги граделе пирамидите?„
“Со некои скелиња,греди и басамаци, така запишал Херодот“
“браос колега ете ти 10-ка, ќе биде врвен археолог од тебе“
Е па ај, дај објасни како ги граделе тие што ги граделе?
Со кранови, камиони, летала, телепортирање.... како?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom