Еве како навистина се градени пирамидите:
Human е сосем во право, баш така настанале пирамидите. :pos2:
Како и да е, шега на страна, според историските докази, пирамидите „физички“ биле градени од страна на робовите. Иако многумина ги потценуваат Египјаните во тоа време, и сметаат дека математиката била измислена завчера, тоа е сосем неточно. Египјаните биле одлични математичари и со помош на многу прецизни персметки ги граделе пирамидите, кои што траат и ден денес. На пример Кеопсовата пирамида саркофагот бил само 1cm помалку широк од влезот во кој што бил внесен во пирамидата. Понатаму, прецизно се градени уште од самата база па нагоре, доколку имало и најмала девијација во аголот на поставеност на блоковите пирамидата би паднала сама од себе, или никогаш не би биле во состојба да го затворат врвот горе. Освен робовите како физичка сила работеле и инжинери, математичари, градежници во тоа време кои што го контролирале процесот и квалитетот на градбата постојано. Сепак за многу од тајните да останат сокриени, Египетско правило било да се закопаат живи клучните луѓе за градбата по нејзиниото финиширање, затоа и многу работи не се откриени до ден денес. Не го тргам на страна присуството на живот вон земјата, само сепак дека вонземјани ги граделе пирамидите скоро и нема докази во моментов (не велам не, не сум бил таму да видам што конкретно како било, се е базирано врз она што е јавно објавено од историчарите, археолозите и компанија.) како и да е, не треба да се потценува Египетската цивилизација, не биле до толку „назадни“ како што повеќето луѓе имаат слика за работите после 100 години па наназад од сега.
А да, да не заборавам еве на пример првиот историски запишан кондом бил направен во Египет, мислам дека беше ткаенина и сл. варијанта, исто така и црева од заклани животни варијанта на кондом, исто и двете варијанти во едно.