F
FallenHypaspist
Гостин
Дај малку да ве пренасочам....Зошто пирамидите биле изградени во форма на пирамида....зошто не се во форма на коцка,цилиндер,.....итд ???
Само да те надополнам малку.+Тезата дека ''Ѕвезденото дете'' било хибрид од човек и веројатно Граус.+ дека во неговата ДНК се најдени не само голем број на разлики од човекот туку и сличности.Така да држи тезата за хибридот.
Гледам се занимаваш околу овие ствари така да зирни ги овие ствари базирани на пишани но не и на материални докази.
Има 25 парта..али вреди да се ѕирнат.Знај ке ти ги смени погледите кон светот.
Квалитетен пост.Другар, линкот што си го пуштил(т.е.черепот на фотката)е таканареченото ,,Ѕвездено дете,,кое е откриено во некое мексиканско село,додека некое месно девојче собирало печурки и случајно го има откриено во некоја пештера.
Постојат безброј контрадикции во врска со овој череп:
-Додека едни тврдат дека тоа е череп на вонземско суштество,други теоретичари сметаат дека се работи за обично хуманоидно суштество,кое од самото раѓање имало физичка деформација.
-Исто така, вршено е истражување врз овој череп и докажано е дека човечко суштество не може да живее со деформација од таков тип.
Како прво-очните шуплини му се претерано плитки и формата на черепот е таква,што човечки мозок не би го издржал притисокот што самиот череп би го создал.
Така да,со таква форма на черепот,докажано е дека би настанала смрт кај организмот уште при самото раѓање.
Но, Ѕвезденото Дете,според наодите, било во поодмината возраст,кога кај него настапила смртта.
Прашањето е :како е можно да живеел и да дочекал извесна старост(ова ,,старост,,сфатете го хипотетички)со деформација од таков тип?
Но,има и друга теза,која вели дека ,,Ѕвезденото Дете,,се родило како сосема нормално човечко суштество и деформацијата кај него настанала како резултат на тумур во мозокот,тумур,чие ткиво сраснало со черепните коски и предизвикал целосна деформација на черепот,поради што настанала и смртта.
Така да,и овде ни се наметнува едно прашање:Па,зарем не е можна и оваа теза?
Прашање,од кое можеме да извлечеме и заклучок дека и оваа опција е можна.
Научници,не можејќи да го пронајдат правилниот одговор,се решаваат да го испитаат ДНК-то на ,,Ѕвезденото Дете,,и да ја споредат со човечка ДНК.
Констатирано е дека ДНК кај ,,Ѕвезденото Дете,,и ДНК кај човек има многу сличности,но воедно и многу разлики во структурата,што е особено чудно.
Како и да е-мистеријата е многу голема во секој случај.
Дали ,,Ѕвезденото Дете,,било само обично човечко суштество,чиј череп се деформирал како резултат на заболување од тумор,кој му го опфатил целиот череп,вклучително и мозокот,или пак се работи навистина за изванземно суштество?
Само да те надополнам малку.+Тезата дека ''Ѕвезденото дете'' било хибрид од човек и веројатно Граус.+ дека во неговата ДНК се најдени не само голем број на разлики од човекот туку и сличности.Така да држи тезата за хибридот.
Гледам се занимаваш околу овие ствари така да зирни ги овие ствари базирани на пишани но не и на материални докази.
Има 25 парта..али вреди да се ѕирнат.Знај ке ти ги смени погледите кон светот.