да се надоврзам на "долгиот" одговор кој сум го дал пред некои 3 години на истава тема.. се` тече се` се менува.. и слично.
огромен љубител на прогресив трансот, мелодиите и вокалите претежно, поретко практикувам силен бас, ниски фреквенции.. иновативноста во последно време ја почитувам доста, од причина што сум (сме?) сведоци на хиперпродукција, барем на полето на трансот. посебно место се разбира заземаат и неандерталците пред 2000-тата кои гордо ги чувам на компјутерот и до денешен ден ги преслушувам. Art of Trance, Cygnus X, Mac Zimms, DJ Sakin, Airwave, Vincent de Moor, Oliver Lieb.. имиња што се паметат, продуценти во периодот околу 2000-тата имаа најголема слава, кои поставија темели на модерниот транс. Magik Series , Tiesto in Concert, нешто со што навлегов во трансот и со што израснав буквално.
Во поново време голем број на продуценти се издигаат, варирајки во правците на електронската музика.. сепак она што ми држи увото е она што е ретко, нефорсирано, иновативно. зборувам за прогресив гигантите The Blizzard, Joop, Gareth Emery, Markus Schulz, Signalrunners, Andy Moor итн.
неколку линкови.. скратени верзии..за визија во поновите ( 2007 - па наваму ) продукции
од вокал транс преферирам нешто што не е "фул" вокал трака, со пократки но интересни текстови, нешто контраст на она што го има во 95 посто од љубовните вокал траки на Above & Beyond, Armin van Buuren .... и да,понекогаш претпочитам машки вокали, веројатно поради реткоста и различниот филинг во една ЕДМ песна.
нешто од останатите правци.. ретко слушам хаус, евентуално нешто од anjunadeep-label, acid , minimal, dubstep тука-таму..
техно слушам почесто, настрана од трансот, фан на продукциите од Timo Maas, Sharam, Dubfire, Robert Babicz..
колку за претстава..
:helou: