Хаусмајстор со амбиција да станам главен инспектор.
Иначе од мал сакав да сум пилот и до ден денес ми остана таа желба. Ги имам изгледано сите епизоди на "Eye pilot" на јутуб , и буквално би уживал во таа професија. Шетат низ цел свет и прилично добро се платени , особено тие што со тек на време стекнуваат повеќе часови искуство. Најдов една школа во Франција за прилично поефтина сума за разлика од другите европски држави , али немаат обуки на англиски , само на француски. Така да освен 25 мин со Цесна 172 со инструктор немам никакво друго искуство , и тоа само правец држев кога полета авионот , во никој случај полетување и слетување.