~BlueBerry~
*I love my dreams*
- Член од
- 8 јануари 2008
- Мислења
- 1.101
- Поени од реакции
- 63
Многу добро прашање е темава... Е сеа еден поголем пост од мене пошо се гледам себе си во 99% од прашањето...
Можеби на многумина ќе им звучам препотентно и вообразено но јас само ќе бидам што повеќе реална како во повеќето случаеви и нема да се поштедам од од моите длабоко свесни и искрени мисли за да можам да ги опишам 2те судбини на Убавите Девојки...
Прво значи убава девојка се подразбира девојка со непросечна физиономија. Зрачи со некоја посебна убавина на прв поглед и привлекува огромно внимание. Да го нема тоа нема да биде таква атракција за околината.
Ако ги разгледуваме генерално убавите девојки можам според себе си да ги поделам на два типа и тоа : Убави и бистри и на убави и површни во интелигенцијата.
Прво малку пократко за девојките не толку мудри.
Девојки кои не размислуваат прагматично и сметаат дека нивниот надворешен изглед ќе им донесе сам од себе се што посакаат. Но Господ помага на тие што ќе си помогнат самите на себе. Голем дар од Бога е убавината и шармот, ја дал за мудро да ја искористиш и да ти помогне кога ти треба. Но овие девојки ретко кога го сфаќаат тоа и се своеглави и вообразени мислејќи дека така ја истакнуваат својата убавина што е сосем спротивно од она што околината го забележува а тоа е дека е лекоумна и ниска. Тие девојки најчесто излегуваат со богати згодни, незгодни, убави, неубави и момци од реномирани семејства, но дојде времето кога и тие убавите и неубавите момци размислуваат околу тоа каква би била девојката што ќе ја држат за рака. Некоја девојка со години можеби ќе менува дечки од елитата но на крај ако не е од елитно потекло ќе заврши со некој просечен граѓанин, а доколку е од
класна богата фамилија најверојатно ќе се спои со некој од нејзината класа.
Вториот тип на девојки... тие се свесни за својата убавина. Не се вообразени и ја ценат својата физиономија. Фактот дека живееме во средина каде секој секого знае иили барем најлесно може биографија за друг да дознае многу се мали шансите нешто да се сокрие а камо ли нешто да не се преувеличи.
За себе си и својата физиономија почнав да размслувам и да ја воочувам на 14 години... немав никаква самодоверба и живеев со мисла (илузија) дека сите сакаат да им бидеш пријател и да ти бидат пријатели, со оглед на тоа што дома ме воспитуваа многу христијански да простувам и да бидам филантроп, што и успеаја. Бидејќи не потекнувам од некое елитно, семејство со семеен бизнис традиција моќно презиме и сл. во времето кога сфатив дека врските ти се се за да опстоиш немав многу шанси да се дружам со другарките од основно кои богами беа на повисоко поради нивните родители... но познавајќи се себе си не можев така лесно да се предадам. Во тоа време многу добро ми дојде советот од мајка ми : “или ќе газиш или ќе те згазат“ ... тоа ме натера на целоноќно размислување... одтогаш си го изградив карактерот и сфатив дека не треба да се предавам на никој, туку да се стремам кон моите идеали...
Јас сум девојка со принципи во однос на пријателствата и врските и цврсто си стојам на нив и веќе не важи онаа библијската “ кога ќе те плеснат сврти го и другиот образ“ напротив, ако те плеснат,плесни и ти 2пати полошо, за да покажеш дали си никој и ништо... секако ова важи само во нашите краеви.
Свесна сум за својата убавина, и знам дека ако на крај ме снајде тешка судбина тоа ќе биде поради љубоморните очи на другите девојки... но отрпнав на тоа и секој нов муабет што ќе го слушнам за себе (нормално дека не ми прија) го исмевам и оставам на народот што нема работа да се занимава со такви малограѓански, ниски глупости. И тоа што немам
моќно презиме веќе воопшто не ме плаши затоа што, јас сум јас а не моите родители и создавам свои пријатели свои врски, и ако некогаш успеам ќе успеам благодарение на мојата великодушност, искреност и себичност... ...
Да себична кучка сум, знам... ама тоа е се додека не си го достигнам својот идеал... и ако ги избирам машките не е поради нивниот материјален или надворешен изглед... напротив, животот ме научил дека својот дар и својот квалитет и успех треба да си го наградиш достојно, а како друго ако не со тоа што ќе освоиш некој кој вреди духовно и те исполнува како да те исполнува материјално...
моите морални вредности вредат повеќе од ауди и бизнис... затоа треба тој да биде исто како јас, разбирлив, големо срце и храбар и амбициозен... упорен, бидејчи од искуство знам, упорноста се исплаќа...
тажна е судбината на овие девојки кои и покрај доброто срце и душа не успеваат да се пробијат низ трњето и копривите.. но мислам дека времето се менува и жените се повеќе се еманципираат и осамостојуваат, така да...
само споредете ги биографиите на Кристина Агилера и Бритни Спирс... и двете се убави ... но која го искористи тоа поразумно и мудро?

Attachments
-
165,8 KB Прегледи: 2
-
47,3 KB Прегледи: 3