Која е најдолгата тура што сте ја извозеле на точак?

Sasa Ilic

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
2.289
Поени од реакции
5.299
Што се чудите има луѓе по 500 километри што возат дневно :icon_mrgr:
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
3.885
Поени од реакции
9.458
Јас имам точак од бедни сто евра, така да не ни помислувам нешто надвор од градски релации да удрам, ама другарче со профи точак има два пати мавнато Скопје - Охрид и назад.
 
Член од
14 јуни 2018
Мислења
61
Поени од реакции
33
Јас имам точак од бедни сто евра, така да не ни помислувам нешто надвор од градски релации да удрам, ама другарче со профи точак има два пати мавнато Скопје - Охрид и назад.
Се е до желбата. Ако често го сервисираш, ќе нема гајле. Јас со точак од 4.000 денари се качив на ПД Китка, возев до Козјак и назад (околу 90 километри вкупно) - ова се од подолгите дестинации. А секако, со профи точак подруга е вожњата
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
3.885
Поени од реакции
9.458
Се е до желбата. Ако често го сервисираш, ќе нема гајле. Јас со точак од 4.000 денари се качив на ПД Китка, возев до Козјак и назад (околу 90 километри вкупно) - ова се од подолгите дестинации. А секако, со профи точак подруга е вожњата
Во право си секако, но мојов точакк е стар едно добри дванаесет години, точкар не се памти кога посетил, го користам само за превозно средство понекогаш кога повеќе ми се исплати точак отколку да фаќам бус. Но, и општо точакот е доста аматерски, за едно моделче на connect станува збор, баш на Водно еднаш кога тргнавме со него, мојов точак едвај одеше, горев квадрицепс дур го качам, кога земав на другарчето точакот одма друго никакви напори не вложуваш за нормална брзина, а не па да се цедиш од мачење.
 
Братка јас имам точак од 2004, секако аматерски и го возам низ долги дистанци. Го искачив и на Кокино и никад немам срам што возам толку точак. Како што кажа членот погоре се е до волјата. А и да ти кажам искрено никогаш не сум имал проблеми со телото, бидејќи имам кондиција и сум го навикнал точакот. Ама како што велиш со профи точак е полесно и побрзо оди, ама јбг, еден ден кога ке имам пари ке купам профи :)
 
RebelMk

₪ ₪ ₪
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.537
Поени од реакции
784
Се е до желбата. Ако често го сервисираш, ќе нема гајле. Јас со точак од 4.000 денари се качив на ПД Китка, возев до Козјак и назад (околу 90 километри вкупно) - ова се од подолгите дестинации. А секако, со профи точак подруга е вожњата
Да се приклучам на охрабрувањата. Мојата прва подолга релација ми беше 50км со СОБИМ ако не се лажам во Куманово беа склопувани. Можете да замислите со каква антика сум возел по 50км :) Се е до желбата. Доколку немаш профи точак не мораш да се пушташ ДХ вози само асфалтни подолги релации 40-50-60км :)
 
illusioner

Happyrotter
Член од
20 јуни 2007
Мислења
774
Поени од реакции
15
85 km (enduro-cross country) pateka, vreme 3.5 h so mojot Cannondale Scalpel hi-mod
 
Член од
4 октомври 2018
Мислења
1.109
Поени од реакции
2.575
Скопје - Радовиш - Скопје, 265км со МТБ. :place:
Ау секоја чест, јас не сум ептен редовен возач од пролет па до есен вртам по 1 до 2 пати неделно али никогаш повеќе од 80-90км (се повеќе со мтб е измачување)
Така да можам да замислам кој напор ти требало за овие 265км :eek:
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
1.261
Поени од реакции
638
2015,2016 и 2017 период Август Скопје-Велес-Градско-Росоман-Прилеп-Македонски Брод-Кичево-Гостивар-Тетово-Скопје 315км со 2700м вкупно висинско качување со МТБ 29 за околу 21 саат од кои 18 саати активно возење и 3 саати пауза.2018 извозена најтешката еднодневна тура попозната како 4 врва Попова шапка-Седларево-Скопска Црна Гора(Рамно) - Водно милениумски крст 230км со 4700 м вкупно висинско качување исто со МТБ 29 и 10кг терет за 21 саат со вклучени паузи.2018 септември беше направена првата комбинирана тура во Македонија или велосипедско планинарска Скопје-Банско-Вихрен-Банско-Скопје во 4 дена 520км со 5000 м висинско качување на МТБ 29 со 20кг товар,првиот и четвртиот ден се возеа до крајните дестинации по 260км на ден,вториот се пешачеше 30км од Банско до /вихрен 2914м надморска висинаа третиот се паузираше со слободни активности.Оваа година планирам иста ваква само со Боровец и Мусала како и Дектатлон Софија вкупно 4 дена со што турата би била 600км возење и 25км планинарење.Здравје наредната година со Роад планирам да ја направам Скопје-Велес-Градско-Росоман-Прилеп-Битола-Ресен-Охрид-Кичево-Гостивар-Тетово-Скопје со должина од околу 425км и висинско качување околу 3300м.Напоменувам дека не користам никаква хемија каква што ја користат 90% од роудашите и оние што се тркаат туку исклучиво вода, цевитана или било што за рехидратација а од храна овошје и тестенинии односно скара ако се седнува некаде во кафана.
 
Член од
14 јуни 2018
Мислења
61
Поени од реакции
33
Браво за Аудиофил. Јас периодов слабо возев, но веќе точакот ми е подготвен и подновен од сервис. Пошто сум од Крушево, имам прилично добра кондиција, а во тоа сум се уверил дека не толку се изморувам на подолги патеки за еден ден (до 100 километри). Планирам оваа година да засилам со возењето точак, а цел ми се Караџица и Љуботен. Со оглед на тоа што имам нискобуџетен точак, но често сервисиран да се држи во форма, верувам дека ќе ги остварам.
 
Иако имаш нискобуџетен точак тоа не е пречка да возиш над 200 км во еден ден бидејки дали ќе се извози турата 90% отпаѓаат на возачот а само 10% на точакот.Разликата помеѓу нискобуџетен точак и некој скап најголема е кај осовините на тркалата бидејки поевтините имаат класични а поскапите индустриски лагери па на тој начин поскапиот бара помала сила за одржување иста брзина во однос на поевтиниот.Најголемиот проблем кај 99% возачи е што не знаат правилно или школски да возат на тура и затоа не можат да поминат повеќе од 100 или 150км во еден ден бидејки се преморени.
 
Вчера баш го сервисирав точакот и никогаш не ставам евтини делови. Секогаш ставам од поскапите и раат сум барем година-две. Вчера баш ставив нов бандаш Криптон, мењав касета, главини, подмачкувања. Имам вложено околу 100 евра во точакот, а го имам шест месеци. Секогаш се обидувам да се придржувам на правилата на велосипедските тури. Ајде некогаш, да возиме заедно. Прати фејсбук во порака, ќе прајме дружби
 
На врв Bottom