Тоа е тоа.. Вчера седнувам пред ТВ демек Еспањол - Барса да гледам, нели каталонско дерби.. 0:2 до 20та минута и што ќе се гледа после?? Исто и Реал-Атлетико... И уште многу утакмици, кои сум седнал да ги глеам, демек интересни ќе се.. Ама во 20та минута веќе се знае победникот.. Овие италијаните пак, многу досаден фудбал играат.. Едвај ако може некое дерби да седнам да го гледам..До пред година две и шпанската можеше да и парира за првото место, но, веќе се изгуби интересното во таа лига. Гледав 3-4 кола на почетокот и се откажав, едноставно не ми е интересно да гледам како Барса и Реал ги пунат сите со по 3-4 гола, како противниците нивни уште од старт да се откажуваат од бодовите, така изгледа.
1. Буквално истото важи и за Шпанија. Или е Реал или Барса, порано се вмешуваше и Валенсија (само што Арсенал има едно 10 пати повеќе шанса да освои ПЛ отколку Валенсија да ја освои Примера).Нема да бидам EPL bandwagoner и ќе речам дека според мене таа е трета лига. Зошто? Еве зошто:
1. Она што сите EPL fanboys ќе го речат за останатите лиги е дека нема конкуренција, демек Примера била 2 клуба, Бундеслига била само Баерн...а што зборуваат фактите? Од оформувањето на EPL, баш таа лига има најмалку различни прваци, помалку и од Бундеслига и од Примера споредено во истиот тој период. Секоја година е или Јунајтед или Челзи, порано се вмешуваше и Арсенал.
2. Бундеслигата има талент. Примера ги има најдобрите фудбалери на светот. Што има ЕPL? Најголема делузија на светот е онаа на англичаните дека нивните фудбалери се всушност добри. ЛОЛ. Пола од првиот состав на Јунајтед не би биле трети резерви во Барса или Реал, а освојуваат кажи-речи секоја година.
3. Конкурентноста на помалите тимови во EPL e поголема. Не, само Барса и Реал се премногу јаки. Погледнете им ги составите, мислите дека еден Блекбурн или Стоук би изиграле подобро од 11-пласираната Севиља која го има првиот напаѓач на Бразил и еден од најдобрите африкански фудбалери во својот напад? Па и Херкулес ги победи Барса на гостински терен, и Леванте играше нерешено со Реал.
4. Стилот на игра во EPL е подобар. Ова е веќе прашање на вкус. Мене ми изгледаат како коњи без техника. Преферирам техника и добро изградени акции во однос на коњски трки. Доколку веќе не ве бендисува Примера, Бундеслигата според мене има најдобра игра. Редовно си паѓаат голови, не се знае кој е прв кој е последен, огромни таленти што се покажа на СП итн итн.
5. Англиските тимови се најконкурентни во Европа. Затоа што минале групна фаза? ЛОЛ. Се согласувам дека англиските екипи имаат значителен прогрес во Европа, но на крај се гледа само победникот. Интер - Барса - Манчестер. Не гледам доминација. Лани во полуфинале на ЛШ - Барса, Интер, Баерн, Лион. Каде е англиската екипа? Најголем прогрес во Европа има Бундеслигата, а тоа се гледа и по поените кои ги добива.
Го знаеш она „има се,може се“?Реал и Барса ги имаат најјаките тимови моментално, оти имаат најмногу пари.. Си трошат над 100 милиони на лето и ги собираат најдобрите фудбалери од секоја лига.. Барса додуша ја има една од најдобрите фудбалски школи на светот.. Ама, пак знаат да испуштат добра пара и тоа за резерва.. (Маскерано на пример).. Ќе се смени и тоа, неможат они вечно да бидат богати...ќе ги фати нив финансиска криза, кога-тогаш..
ОМГ. Сериа А втора, на рамниште со Премиер, а Примера последна. :pos2:Според мене најдобар фудбал моменално се игра во Германија, со најмногу голови со безброј пасови. Најмладите и најталентираните фудбалери моментално играат во Германија. Иако сум фан на Интер, Сериа А е моментално втора најдобра лига заедно со Премиер Лига затоа што многу тимови се со мала бодовна разлика, додека пак Премиера има голови само на натпреварите каде што играат Барса и Реал.