Која е вистинската сила на оваа репрезентација?

Член од
11 јуни 2007
Мислења
1.505
Поени од реакции
1.302
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Tiveripol напиша:
И уште еднаш цитирам значи ОВА Е НАЈГОЛЕМ УСПЕХ ВО КОЛЕКТИВЕН СПОРТ
Не е ни чудо што секогаш велат дека спортистите по природа не се многу интелигентни. Жив доказ е темава. Компарација или споредба е вашето однесување со она на ВМРО, тоа не е мешање на партија ниту вас некој ве нарекува ВМРОвци, генијалци. Али за да не ви пропадне муабетот, еве ве споредувам, ебаве вмровците мегаломански... Среќни сте?

Туку, исто прочитав на едно место, “да не го сметаш ова за успех, треба да си луд.“ И морам да се сложам дека е така. Ова е успех, огромен всушност, огромен успех за македонската кошарка. Исто така некој напиша, „не можеш да кажеш дека за ова не треба да бидеме среќни“. Таман работа да кажам такво нешто, па и сам скокнав вчера од кревет кога даде Бо кош, јас го сакам овој успех, ме прави среќен, се радувам, како и сите вие.

Реченицата што ја цитирав полека ти мутира. „Најголем успех во сениорски колективен спорт“ - иако си го заборавил сениорски, знам дека ќе сакаш да го додадеш. До крај да не ја прошириш уште малку? „Најголем успех во колективен сениорски спорт којшто е најгледан кај мене во маало на кабелска“?

Токму заради тоа што не можеш да го кажеш тоа едноставно „најголем успех“ и не е, бидејќи не можеш да им ги одземеш сите тие медали на тие спортисти коишто се потеле на тренинзи и натпревари а ти не си ги видел кога ги освојувале. Не може твојот дебел гс пред телевизорот да биде мерило за спортските успеси на Македонија, зашто Македонија не е твоја сопственост, не е ниту моја, ама од друга страна, заради такви коментари како твојот и заради размислувања како ова, македонските спортисти се одлучуваат да играат за други земји, зашто македонците никогаш не се доволно вреднувани кај нас, се додека не направат трипл салто мортале а ние пред тоа не сме ги виделе.

Колку сакаш ги има, тенисеркана Бојана прва ми паѓа на памет, од Охрид, шо игра за Србија пошто во македонската тениска федерација очигледно никој не знаеше дека постои додека не се појави на Вимблдон.

И ова последно, тоа што ти не одиш на македонска кошарка, фудбал, тенис, ракомет, карате или кој сакаш друг спорт, туку гледаш НБА на телевизија и читаш нба.цом не ме прави мене хејтер и негативно расположен кон кошаркарскиот успех, те прави тебе малограѓанин што кења против луѓе како мене коишто всушност одат на овие настани и ги познаваат работите како вистински се.

п.с. Кажи и на Џену Грл којашто ја нарече ВМРОвка (ти или некој друг) пошто ми кликнала лајк на првиот пост, дека нејзините медали од турнири и првенства не се доволно вредни само зашто одбрала да плива а не да игра кошарка!!!
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.335
Поени од реакции
57.913
Најголем успех во колективен спорт е победата на Кометал.
А ракометарите за една година ги заборавивте сите. Може и не е така лоша работа тоа. Можеби во јануари ракометарите толку ќе растураат што ќе заборавите кој е Бо МекКејлеб :)
 
ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695

и на ракометарКите не треба да се заборави, и нивното 7мо место на СП 1997, што сеуште е најдобриот пласман на некоја македонска репрезентација.

и тоа што тој прериод од 1997 до две-три години после титулата на Кометал важевме за ракометна сила во женска конкуренција. Нема врска што имаше неколку натурализирани ракометарки, Македонија играше.
--- надополнето: Sep 9, 2011 1:14 PM ---
и кога сме веќе кај тоа...

Згасна Ѓ. Петров!
http://sport.com.mk/?ItemID=05548DCAB5B3E74396C6A805FA57A358

жално...
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.450
Поени од реакции
68.692

Тоа е тоа, Ѓорче Петров беше клуб кој се опдржуваше благодарение на Трифун. Клуб кој беше репрзент на сите Скопјани (можеби једини спортски колектив кој ги обединуваше сите Скопјани), па и репрезент на сите Македонци...

Ќе се надоврзам и на горниот муабет.
Како луѓето неможат да сватат дека кога викаш дека ова не е најголем успех на еден сениорски Македонски национален тим, не викаш дека ова не е успех.
Ова е преголем успех за нас како нација, бидејќи сме конкурентни во вториот спорт по вредност, барем во Европа. Целата држава е во транс, издвојувавме 5 победи по ред, изгледаме како никој да неможе да не победи, со душа ги чекаме следните утакмикци и се надеваме на што подобар пласман.
НО ПЛАСМАНОТ ВО ЧЕТВРТ ФИНАЛЕТО НЕ Е НАЈГОЛЕМ УСПЕХ ДОСЕГА...
Но затоа имаме шанса да го надминеме тоа 7-мо место на репрезентативките од 1997 година...
И тука не станува збор за тоа дека луѓето заборавиле, туку станува збопр што воопшто и не се информирани.
И доаѓаме во ситуација кога луѓе кои воопшто не следат кошарка (значи не зборам за форумов, туку општо) ти солат памет како можеш да омаловажуваш успех и слично, а голем дел од нив немаат врска ни дали играме Европско или светско, кој игра за нас, како стојат разликите меѓу екипите, колку екипи одат понатаму, каков е системот на натпреварување, па дури ни колку бода се добиваат за победа, па затоа доаѓаме во ситуација милијарда пати да се поставуваат прашања од типот, "Дали сме веќе во четврт финале", "Колку екипи одат понатаму" и слично...
Мене ме радува што целата нација е во транс, што има невидена еуфорија, што има среќни лица насекаде, ама ако не си информиран тогаш не глуми некој патриот и не се прави паметен кон оние кои стварно следат спорт.
Мода е сега сите после секоја победа да излезат на улица (без разлчика дали знаат нешто за кошарка или не, дечишта да имаат на статуси МАКЕДОНИЈА, Бо ау, а уствари истото го прават и кога ќе видат 2-3 дека пишале Ноле мајсторе, па за еден ебан селанец, цела наша младина јајца отапува со статуси (сигурно не ни знаат дали е Македонец, дали е тенисер или ватерполист).

Штета што не се сеќава никој на ракометарките и на тоа како ја победија Данска која беше најака на светот, а ние дебитнанти...
Нема да го заборавам тој ден, и како цела фамилија навивавме. Имав 8 години тогаш...

Али одиме сега да го срушиме тоа рекорд :D
Одиме во полуфинале и до медал. НАПРЕД МАКЕДОНИЈА!!!
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.335
Поени од реакции
57.913
Штета што не се сеќава никој на ракометарките и на тоа како ја победија Данска која беше најака на светот, а ние дебитнанти...
Нема да го заборавам тој ден, и како цела фамилија навивавме. Имав 8 години тогаш...
Луда утакмица, им водевме некои 15-7 или 15-8 на полувреме, во шок беа :pos: За некој кој не прател ракомет, не се знаеше во кои дресови игра Данска а во кои Македонија...

јбг... вака како што е поставен спортот кај нас, секое чудо за три дена. Репрезентациите ќе се подигнуваат и ќе паѓаат, пошто сојузите како така функционираат и помал е трошокот за една репрезентација, во споредба со професионален спортски тим. За клубовите е жално како пропаѓаат...
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.450
Поени од реакции
68.692
Луда утакмица, им водевме некои 15-7 или 15-8 на полувреме, во шок беа :pos: За некој кој не прател ракомет, не се знаеше во кои дресови игра Данска а во кои Македонија...

јбг... вака како што е поставен спортот кај нас, секое чудо за три дена. Репрезентациите ќе се подигнуваат и ќе паѓаат, пошто сојузите како така функционираат и помал е трошокот за една репрезентација, во споредба со професионален спортски тим. За клубовите е жално како пропаѓаат...
После знам играме осмина финале со Романија, и судиите мамицата ни ја ебаа.
Се изгуби преносот, т.е. имаше само слика но не и глас.
Сите слушаме пред телевизор застанати, и Македонија тепаше после 2 или 3 продолженија:D
Лудило...:D
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
7.765
Поени од реакции
13.413
После знам играме осмина финале со Романија, и судиите мамицата ни ја ебаа.
Се изгуби преносот, т.е. имаше само слика но не и глас.
Сите слушаме пред телевизор застанати, и Македонија тепаше после 2 или 3 продолженија:D
Лудило...:D
хехе

Кај ти текна бе на ова со преносот?! :) Неколку работи памтам кога сум бил помал, а поврзани со нашите репрезентации. Меѓу првите е ова со Данска и тоа со пренесот со Романија (колку скокавме сите пред телевизор во тие моменти). Но, најмногу ми е врежано нашето прво европско во кошарка. Прво коло со Франција изигравме многу добро и тесно изгубивме, а последната со Израел за да ја поминеме групата. Наумовски во свој елемент си растура, направивме голема разлика, но се повреди, без него не знаевме да играме, Израелците полека ја намалуваа предноста и на крај во неизвесен финиш не победија. Толку ми беше тешко, и набрзинка излегов на прозор да не ме видат дека заплакав (пуна соба со комшии беше). :pos:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.450
Поени од реакции
68.692
хехе

Кај ти текна бе на ова со преносот?! :) Неколку работи памтам кога сум бил помал, а поврзани со нашите репрезентации. Меѓу првите е ова со Данска и тоа со пренесот со Романија (колку скокавме сите пред телевизор во тие моменти). Но, најмногу му е врежано нашето прво европско во кошарка. Прво коло со Франција изигравме многу добро и тесно изгубивме, а последната со Израел за да ја поминеме групата. Наумовски во свој елемент си растура, направивме голема разлика, но се повреди, без него не знаевме да играме, Израелците полека ја намалуваа предноста и на крај во неизвесен финиш не победија. Толку ми беше тешко, и набрзинка излегов на прозор да не ме видат дека заплакав (пуна соба со комшии беше). :pos:
Да да и тоа убаво го паметам (не за друго истиот ден кога почна првенството се изгубив, и едвај ме најдоа:pos:). Знам ден пред европското во дневните весници делеа плакати од тогашната репрезентација. Прв меч се држевме бајаги со Франција и тек на крај изгубивме.Вовториот меч со тогашна Југославија се држевме дур не се повреди Наумовски, па изгубивме едно 15 разлика...
Е мечот со Израел....:(
Уште го памтам тој Каташ што ни го даде кошот на неколку стотинки до крај, кога имаа едвај неколку секунди за нивни напад :(
Дури паметам и неколку средби од квалификацискиот циклус. Еден момент ми останал посебно во сеќавање. Игравме со Русија во Скопје(тогашен вицепрвак), и кога ги најавуваа кошаркарите мислам дека рефлекторите беа изгаснати, како во НБА:pos: Губевме 4 разлика на неколку минути до крај. Пеце шутира, погодува тројка и му даваат дополнитњелно слободно и и размнува за делириум...
На крај тесно изгубивме :(

Исто и упште една година ракометарките освоија 7 или 8 место, не сум сигурен, и тоа едвај ја поминаа групата, али во осмина финалето го направивме најголемото изненадување, совладувајќи ја Јужна кореја која дотогаш толчеше се :)
Стварно пријатни моменти ни имаа приредено ракометарките...

Забегав тотален оф топик:)
 
TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346
Инаку генерално мислам дека ние сме можеби во топ 12 по квалитет, но квалитетот на европската кошарка е паднат. Имаше едно време во кое Србија, Хрватска, Грција, Литванија итн... беа толку силни што беше научна фантастика да се игра со нив а да не се изгуби дебело. Знаеме сите и какви имиња имаше тогаш во кошарката, сега некако не сум импресиониран.
Квалитетот е далеку од опаднат,и другите земји почнаа да играат кошарка.Порано кошарката беше спорт кој го играа 3-4 земји (Југославија,СССР,САД и Италија).Во 90ти веќе се менува состојбата,од Југославија двете земји кои ги даваа 95% излегоа како кошаркарски сили (иаку едната после првите 5-6 години потона доста поради хаосот со федерацијата и криминалот таму),јаките Италијанци,од СССР излегоа Русија и Литванија.Со тек на времето и тоа почна да се менува,Грција стана сила,Труците последниве 10 години вадат многу НБА играчи,Франција стана сила,Шпанија е број еден во Европа.Британците вака така почнуваат да играат кошарка,Полска се дига многу брзо,а судејќи според нивните млади репрезентации имаат светла иднина.......Кошарката се има доста популаризирано во последниве 20 години.Еве во светски рамки ги имаш и јаките Аргентина и Бразил,па и Австралија е солидна екипа и Кина се издигнува.
Не опадна квалитетот на кошарката,само се намали разликата меѓу тие 5-6 земји со останатите кои и ги престигнаа дебело тие земји.
 
ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
:(

Исто и упште една година ракометарките освоија 7 или 8 место, не сум сигурен, и тоа едвај ја поминаа групата, али во осмина финалето го направивме најголемото изненадување, совладувајќи ја Јужна кореја која дотогаш толчеше се :)
Стварно пријатни моменти ни имаа приредено ракометарките...

Забегав тотален оф топик:)
Наредната, 1998ма освоија 8 место на ЕП, и сега у 2008ма кога бевме домаќини исто 8мо.

Ова со Кореа, мислам дека е во 97ма, изгубивме од нив у разигрувањето за 5-8мо, и за седмо игравме со Полска. Колку сум се дерел на таа утакмица, a 6 годишно детиште бев. :D

Тогаш Кастратовиќ беше најдобар стрелец, и Данска го освои првеснството со само еден пораз, знаеме од кого. :)

После 98ма почнавме да паѓаме, се исподесија фрки у репрезентацијата и федерацијата, на наредните првенства не декласираа, но завршувавме околу 15тото место... И памтам, ова беше сеа побргу, 2005та или 2007ма кога игравме со Камерун и Тодоровска даде 20 гола на таа утакмица. :vozbud:

ех, спомени... :)
 
Не не, ова со Кореја беше на следното натпреварување, сигурен сум тоа :D
Не се сеќавам од кого изгубивме од разигрувањето тогаш во 97 (можно е да била Кореја), али и двата пати кога разигруивавме за 7-мо место игравме со Полска. Еднаш тепавме, еднаш изгубивме :)
Неможе да допамти човек, често игравме тогаш на големи натопреварувања :)
Мислам дека првата победа во 97 ни беше над Кина :)
Данска ја совладавме и неколку години подоцна на некое натпореварување.
Ако најде некој статистики нека ми прати по пп, сакам да се присетам :)
EDIT: Ете El ninho ми даде линк со историјата :D
Поголемиот дел сум го погодил:D
http://ihf.info/IHFCompetitions/CompetitionsArchive/WomenWorldChampionships/tabid/4859/Default.aspx
 
M

Mario Gómez

Гостин
Јас најубаво се сеќавам на "успехот" Пандев кога даде гол дома со Холандија ја се качив на столица да се радувам и паднав со глата на масата и се масакрирав.

Сеа ко ќе ми текне дека сум се радвел на гол на Пандев и сум ја пукнал глата ми иде да се отрујам со доместос.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.335
Поени од реакции
57.913
Јас најубаво се сеќавам на "успехот" Пандев кога даде гол дома со Холандија ја се качив на столица да се радувам и паднав со глата на масата и се масакрирав.

Сеа ко ќе ми текне дека сум се радвел на гол на Пандев и сум ја пукнал глата ми иде да се отрујам со доместос.
На голот на Стојков не се радуваше? Отруј се :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom