Која е вистинската сила на оваа репрезентација?

Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Еве една тема само за генерално анализирање за досегашната нашата игра.
Пред се да искоментирам во врска со Докузовски и неговите изјави. Свесни бевме на изјави како тоа оваа репрезентација тешко може да ја помине групата, тренерот постојано велеше дека немаме вистински лидер на центарската позиција дека сме куси и дека генерално противнички центри (во групата) се подобри од нас. Бевме како на шаблон убедени дека првата со Црна Гора ќе решава дури исклучувајќи не од притисок да ги добиеме понатаму Грчка и Хрватска... Дали ова беше причина за тој пораз и две последнователни победи на фаворитите.
Не стегна малер Николовски кој беше надеж го вратија назад, Гечевски на последната припремна се повреди... Барем повеќето очечуваа без ветеранот сигурна елиминација од групата. Дојде поразот од Црна Гора... Како да се потврди оти не сме кадарни... Која беше причината за лошата игра? Следеше буквално катаклизма три победи по ред меѓу кои две големи екипи воедно и фаворити... Работите од црно на бело буквално и стручниот штаб не можел да верува што се случува... Се случи спротивното дали можда играчите по докажаа на Докузовски дека не е се така црно? Дека ипак имаме кадар и на центарска позиција имаме и искуство и лидерство на Перо но и се повеќе на БО кој ги преземаше работите на своја рака. Мора да се спомне и Чековски кој на почетокот во недостаток на Кире и Гечевски сите мислеа дека е готово на таа позиција...
Дали овој успех (до сега) е случајност или не потребни се многу анализи. Ако Македонија играше катастрофално во подготовки со само три победи од 10 се случи спротивното. Во недостаток на БО што е Македонија?

Сега кружат информации за тоа како и самата ФИБА е незадоволна од проширувањето бидејќи не им се случи тоа што очекуваа (да помине Италија) :D испаднаа големи екипи од многу помали од нив се поделија двете крупи во втора фаза на фаворити што ќе испаѓаат и аутсајдери што ќе одат понатаму... Дали и ова проширувањето Македонија дополнително го исокристи? И на крај до каде може РЕАЛНО да оди овој состав?

Тема за анализи па очекувам посериозни коментари :D
 
Член од
8 април 2010
Мислења
1.182
Поени од реакции
281
Реално до четвртфинале кога ќе ни се падне некоја од Шпанија/Србија/Литванија/Франција. Не верувам подалеку од четвртфинале да стигнеме.
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Да си беше во стариот формат,ги тепавме и Грција и Хрватска и пак ќе си одевме со 4 бода.А во втората група ќе се боревме дирекнто за 1/2 финале што би значела и борба за медал.А вака 1/4 финалето е Невозможна мисија знаејќи какви репрезентации има во другата група.Така да ова проширувањето не ни дојде баш добро.Инаку за квалитетите на оваа генерација свесни се тие што следат отсекогаш и знаат што значат овие играчи во тимот.Така да барем ова досега изгледа чудно ама не и невозможно.Да не излезе сега откако тепаа викам,ама потајно очекував пласнам до 1/4 финале најмногу.Е сега ако тоа го поминат е тогаш би било крајно изненадување има да го чекаме како Богови.
Значи сума сумарум за прашањево на темава одговорот е Топ 10 во Европа.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Значи вака 9то место сме по стариот формат на прошло ЕП што значи ако влеземе сега во топ 8 екипи по новиов формат разликата е очигледна 16 и 24 екипи. И тоа многу потешко стегната со дури 4 победи за втора фаза.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.807
Поени од реакции
15.899
Реално имавме среќа, и во ждреб и во тоа како се претставија другите репрезентации во нашата група на ова ЕП.
Грција дојде на првенството со туку речи Б составот кој е значително слаб во однос на тоа што го поседуваат грците со најсилен состав(знаеме сите пред две години во Полска што ни се случи..), Хрватска во позадина е растур систем, на никого не му е гајле дали ќе влезат или не во следна фаза, одиграа колку да се речи, БиХ очекувано ја совладавме...„кикснавме“ со Црна Гора колку е лош тој пораз на почеток на првенство толку е и добар, да беше победа може нашите и да немаа 4/1 на крај од првата фаза...исто како нас, си ја искористи шансата и репрезентацијата на Финска.
Но што не интересира нас другите репрезентации како и зошто се на првенството, ние во моментот го правиме најголемиот успех на репрезентативен план и не треба да се замараме за другите.
Искористи Македонија, ем од проширувањето на 24 репрезентации, ем од тоа што ФИБА дозволува да има по некој натурализиран кошаркар во составот, бидејќи без него сме за една класа послаби.
Сепак мислам дека не реална слика е ова што го гледаме ФИБА направи грешка голема што го прошири првенството на 24 репрезентации, изгуби на квалитет, и тие репрезентации што некогаш играа во Б дизивија стигнаа во 1/8 финална фаза.
Македонија има многу реални шанси да се пласира во 1/4 финале, а таму што ќе не снајди не би да коментирам, само ќе кажам дека се наоѓаат екипи од рангот на Шпанија, Литванија, Франција, Србија, Турција, Германија...и немојте да речите дека сме ја победиле Грција, оти да не ги совладаме и една од тие репрезентации.
Тоа е мое мислење, што немора да се сложите.
 

Tiveriopol

Струмичанец
Член од
23 декември 2007
Мислења
1.193
Поени од реакции
937
До каде и да стигнеме сега не е битно. Го постигнавме најголемиот успех во сениорскиот репрезентативен спорт. Во оваа спортско бледило кое владее во нашава земја единствено овие кошаркари ни го обелеа образот не сплотија сите заедно, сите како едно... Го направија тоа што ниту еден амбасадор (кој се платени за тоа) не успејаа. Не промовираа, секаде во светот простру едно име МАКЕДОНИЈА. Дури во повекето земји бевме само Македонија без тоа дополнителното. Сите слушнаа за една нација, сите слушнаа за Македонија.
За играта мислам дека не е ништо случајно. Играме најдобра одбрана на првенството, според многумина го имаме најдобриот бековски тандем неуморниот Илиевски и фантастичниот Лестер Бо Мекејлеб. На тројка сме дефицитарни, но таму фантастично играат браката Војдан и Дамјан, центрите на ниво. Вистинските можности ке ги видиме на дело. Не ги отпишувам од борба т.е. влез во полуфинале бидејки на оној турниров на 6те нации париравме на едни од главните фаворити Србија и тоа без Бо и Гечевски кој знаеме дека се повеке од половина од овој состав. Чековски изненадува, игра фантастично сите играат со срце. Затоа мислам дека имаме шанси дури и за полуфинале, но што и да е овие момци не претставија во вистинско светло и сите ке бидат горди на нив...
 

Shorty

Вансериски
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.277
Поени од реакции
1.494
Вистинската сила? Сигурно не е нападот ;) Мора да се фокусираат на нападот и на нивната самодоверба ако сакаат да покажат квалитетни игри против посилните репрезентации
 
Член од
8 август 2008
Мислења
1.309
Поени од реакции
151
а бе без бо потешко би било.....нема кој да тргне......или се лажам а кога веке би морал да бирам би ја одбрал или турција или србија а за да ни паднат тие треба многу математики........фиба нема да дозволи македонија да влезе во полуфинале.........верујте со кој и да играме...........
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
ФИБА и те како знае да ги користи репрезентациите. Но и самите делегати во ФИБА гласаат и се договараат на криминален начин. Примерот е начинот на кој прво организираа квалификации сите си ги истрошивме снагите и потоа рекоа сепак и покрај одиграните квалификации аутсајдерите ќе настапат на Европско. Според мене ова е недозволиво. Исто така точно е дека ФИБА многу тешко ќе дозволи екипи што имаат многу мало влијание да играат во понатамошната фаза... Се слагам со ова од проста причина што губат многу пари но и внатрешните кругови ќе бидат незадоволни... Нешто слично беше кога Русите беа мизерни на ЕП 2009 и беа поканети од ФИБА на Светско 2010?? Кога Турција влезе во финале со газење во аут и ФИБА си лапна уште неколку милиончиња... Внатрешните кругови во ФИБА ќе делегираат што и како ќе се одвива имајќи предвид и дека олимписките игри би биле срам за други репрезентации што имаат поголемо влијание ако на пример земји како Македонија учествуваат. Е сега колку е добро што земји како Македонија Финска и Грузија што реално немаат скоро никакво влијание отидоа понатаму останува да видиме.. Да ја земеме за пример Словенија која има ОГРОМНО влијание во ФИБА и токму поради тоа влијание доби шанса да организира Евробаскет 2013 г но и поради тоа секогаш котира високо а реално е далеку од позицијата во која се наоѓа.
 
В

Вори

Гостин
Балкански менталитет или инает.И ние го имаме тоа како и останатите.
Е сега имаме добра екипа.Искусен состав кој игра прилично долго заедно.
Можеби ние немаме некоја НБА ѕвезда или пак некој играч од калибарот на Паркер или Новицки.Можеби немаме некој врвен тренер како Дуда Ивковиќ,можеби немаме убедлива игра како што имаат Србија,Франција или Шпанија.Но едно нешто што сигурно го имаме,а другите го немаат е тоа што ние имаме големо СРЦЕ!Играме со душа за земјата,се убиваме за секоја топка,гинеме на теренот.Играме тимски,а знаеме дека тимскиот дух е секогаш најбитен.Немам видено некој со некого да се искара или пак да прокоментира за евентуална грешка на соиграчот.
Сложни,обединети,амбициозни и без почит кон останатите.Е тоа е нашата најголема сила.Која сигурен сум дека не можат ни судиите,ни некои останати фактори да ја уништат.

1/4 финалето е феноменален успех.Победата против Грција придонесе државата да живее во делириум овој Септември.Ќе ни треба уште една победа која ќе ја добиеме сигурно.
После доаѓаат големи ѕверки од кој јас искрено не се плашам.Успех првенствено е што се квалификувавме на ова ЕП.Згора на се бевме ПРВИ во група со 4 победи по ред од кој една е победа против двократниот Европски шампион,нашиот јужен сосед.

1.Да продолжиме да играме добро во одбрана како досега.
2.Да не ги оставаме противниците да шутираат тројки и да ги принудиме да влезат под нашиот кош,каде што сме доминантни на некој начин
3.Да ни проработи шутот за три,а сигурен сум дека ќе пукне кај и да е.

Вака сплотени како никогаш досега,со максимална поддршка од Македонија и од навивачите кои ги бодрат во Литванија не се плашам од никого.
Јас лично сакам Србија да ни падне,па да видиме дали толку лесно ќе помине како што некој овде очекува.

И без оглед на се,кога ќе се вратат во Македонија,сите треба да ги пречекаме на аеродром и да им се заблагодариме за тоа што не направија среќни и радосни.За тоа што и ќоро и сакато гледа кошарка.Од мали деца од 7 години до дедовци и баби по 75 години.Сите ама баш сите гледаат и навиваат за репрезентацијата.
И немојте да се изненадите ако влезе Македонија во 1/2.Само да напоменам јас,да не ви дојде после некако наеднаш.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Кај ја отворивте темава сеа бе, ќе ги урочиме. :ROFLMAO:

Силата на ова ЕП: До каде можеме !? До 1/4 финале сигурно, и тоа можеме како први у новава група. Но понатаму, сепак, другата група е „западот“, огромна разлика меѓу репрезентациите. Шпанија и Франција се ко Реал и Барса. Другиве се ниво погоре од нашиве ривали у Ф групата, но штознам, мислам дека можеме да се држиме со Германија, Турција и Србија. Литванија не, заради домашниот терен.

Наш најголем противник ќе сме самите. Особено традиционалниот наш проблем, менталитетот и физичката спремност. НО, ова е Македонија каква што неам видено до сега во поглед на спремноста и сигурноста. Мора да продолжат така иако е напорно.

Ако стигнеме без турбуленции во 1/4 финале, понатаму веќе со помал притисок, може да целиме и кон тотално изненадување. Why not...

Што се однесува на силата понатаму... е тоа е тоа... Уверен сум дека ако остане истиот состав, ова што годинава го гледаме и ќе го видиме не е максимумот на оваа репрезентација.

Доколку остане Бо, а верувам дека ќе остане, доколку не замине преку големата бара (а не верувам дека ќе замине таму). Близок е со Врба, близок е со сите, омилен е меѓу народот. Факт е дека без него сме ниво подолу.

Тоше и Владо се веќе во поодминати години, тука е и Антиќ. Но сепак, доколку остане овој истиот состав, она вистинското ќе го видиме на наредното ЕП.

А верувам дека такво нешто е можно. Како што сум читал натаму наваму, а и сум слушал „муабети“, Кошаркарската федерација е најорганизираната спортска федерација во државава. Со сигурни спонзори, стручни лица, не зависи директно од два клуба како ракометната.

И да, доколку сакаме кошаркарски „просперитет“, МОРА некој наш клуб да влезе во НЛБ. Да не се залажуваме само со БИБЛ. А, баш сега, после оваа „фама“ е вистинското време за таков чекор. И тие од лигата после овој успех ќе бида позаинтересирани да примат наш клуб.

Предуслови за такво нешто има, имаме добра сала, трите водечки клуба имаат јаки спонзори. МЗТ како што знам потпиша со Т-Хоум, Фени го има Фени, за Работнички незнам но и тие можат да се снајдат. Мора сега да ја искористиме шансата и да влеземе таму.

Отидов и малку оф топик, но за да силата на македонската кошаркарска репрезентација и понатаму биде голема, мора да мислиме и на ова... :)
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.940
Најголем фактор е распоредот. Има голем дисбаланс во тежината на групите. Особено во нашата ајде ќе кажам немаше јасен фаворит. Како шо кажа некој пред мене оваа Грција е само сенка на она што е, а Хрватска си е Xрватска (наш менталитет во најлошо светло). Како и да е и едните и другите беа на првенството за да работат а не за да се прошетаат ко манекенки по писта, па нивни проблем е то нешто а наш да го искористиме. Со останатите имавме горе долу очекувани резултати. Значи да изиграја како шо треба фаворитите ќе имавме 2/3.
За следната група иста приказна. Пак има дисбаланс на групите. Оваа група е како втора класа во однос на другата, ама како и да е не е наш проблем треба да си толчиме колку шо можиме. Грузија (особено без тој шо му се повреди) мора да се добие а останатите ... не е битно ќе ги гледаме релаксирано, можи да се напрај подвиг а можи и не. Битно ќе биди четврт-финалето. Ако се падни некоја доволно нестабилна екипа (во моментов не вервам дека ќе не потцени било кој) и ние со максимална 102.5% игра можи да се надеваме на подвиг.
Значи да оговорам: вистинската сила (во оваа состојба) е 1/4 финале. Можи со друг сплет на околности ќе бевме пресреќни и со некое 10то место.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Многу е едноставно. Грузија мислам дека ќе ја победиме, а тоа ќе биде доволно за четврт финале. Од другата страна, можеме добро да одиграме против Франција. Значи потребна ни е победа над Грузија, и среќа да ја добиеме Франција во четвртфинале. Французите играат грда кошарка, со тврда одбрана, ќе биде тешко рвање против Македонија која исто игра одлична одбрана. Со добар шутерски ден за 3, и со многу, многу среќа, би можеле и во полуфинале.

Ако ни паднат Шпанците, немаме никаква шанса, а со Србите би имале игра, но заради нашиот познат комплекс спрема Србите, ќе изгубиме. Литванија не можеме да ја добиеме заради низа причини, најмногу заради тоа што се домаќини...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom