Која е вистинската вера/религија?

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.677
Поени од реакции
11.713
Ниту во една религија нема реален одговор за ова прашање.
Дали ти го дозна одговорот, бидејќи знам дека си ги " прочешлал" сите религии и учења?
Едно прашање: колку си сигурна дека ниту една религија нема реален одговор за „ова“ прашање? :)
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.677
Поени од реакции
11.713
Значи за тебе не постои вистинска религија - така? :coffee:
Или што би рекле романтичарите сите се вистински на свој начин... за да не се бранува водата премногу...
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
3.714
Поени од реакции
3.852
Уште да ми дадеш одговор зошто постоиме, зошто воопшто сме створени, можеби и ќе успеам да се фокусирам(иако не верувам дека можам нешто воопшто да променам)..единствено да станам бесчувствителни и да ги игнорирам трагедиите околу мене.
Иако не сум прашан/повикан, еве го одговорот.

Постоиме заради добрината Божја; Бог создава луѓе по „својот образ и подобие„ за да бидат, гледано опитимистички и по заслуга (преку вера и дела), вечни жители на Царството Небесно и пријатели Христови, со можност за вечно усовршување и Богоуподобување, битисувајќи во близината Христова.

Бог создава луѓе за да ја сподели својата добрина со нив. Бог создава луѓе за да ја пополни празнината од Небесата, создадена по падот на дел од анеглите.

Погледни во Постанокот и ќе видиш дека на крајот од секој ден од создавањето во Шестодневот, Бог заклучува дека се‘ што создал во еден од тие денови, е „...многу добро...„.
 
Член од
11 јуни 2021
Мислења
367
Поени од реакции
812
Битно ли е која е вистинската?
Секој си верува во она што сака да верува. Најважно од сè е колку-толку да бидеме човечни едни спрема други.

И да, најчесто оние што носат црковни нараквици, крстови меѓу цицки, пишуваат кај ќе стигнат "амин" и не го вадат Господ од уста се најгрешните.
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
3.714
Поени од реакции
3.852
Да, битно е која е висинската религија.

Ако не е вистинската, тогаш и завршинцата од живеењето според таа религија ќе биде лажна, погрешна и фатална.

Важи и обратното, ако се работи за вистинската.

Што се однесува до човечноста, тоа е само проста природна состојба од човековата душа (прост хуманизам), која сака да биде раат во односите со другите луѓе и тоа нема врска со некоја религија.

А што се однесува до вернциите кои се окитиле со разно-разни релгиозни додатоци а се најгрешните на Светов, тоа е само твој став, непоткрепен со ништо, освено со твојот однос (омраза) кон религиите.
 
Последно уредено:

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.677
Поени од реакции
11.713
Овие ептен го усложнија одговорот „која религија е вистинска“ бидејќи не да се поделени, разделени и едни со други „завојувани“ и со нешто негативно насочени едни кон други... се заборавија :)
Дури и комбинации има... слободно може да си најдете Протестански Бапто-Евангелисти и никој нема да ви каже дека грешите, како ви е волја - нели :coffee:

1648838980116.png
Линк до официјалните податоци за вистинските религии во Македонија.
 
Член од
15 март 2022
Мислења
12
Поени од реакции
15
Да, битно е која е висинската религија.

Ако не е вистинската, тогаш и завршинцата од живеењето според таа религија ќе биде лажна, погрешна и фатална.

Важи и обратното, ако се работи за вистинската.

Што се однесува до човечноста, тоа е само проста природна состојба од човековата душа (прост хуманизам), која сака да биде раат во односите со другите луѓе и тоа нема врска со некоја религија.

А што се однесува до вернциите кои се окитиле со разно-разни релгиозни додатоци а се најгрешните на Светов, тоа е само твој став, непоткрепен со ништо, освено со твојот однос (омраза) кон религиите.

Во врска со темата, ја предлагам и оваа книга која е многу интересна и важна да ја прочитаат сите. Ја имам споделено и пред некое време но ова е нова верзија ревидирана без печатните грешки. Се вика: „Христијанство и Ислам - ДВЕ ПОТПОЛНО РАЗЛИЧНИ РЕЛИГИИ КАДЕ Е ВИСТИНАТА“ (Бесплатен Примерок)

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.358
Поени од реакции
79.191
Овие ептен го усложнија одговорот „која религија е вистинска“ бидејќи не да се поделени, разделени и едни со други „завојувани“ и со нешто негативно насочени едни кон други... се заборавија :)
Дури и комбинации има... слободно може да си најдете Протестански Бапто-Евангелисти и никој нема да ви каже дека грешите, како ви е волја - нели :coffee:

Линк до официјалните податоци за вистинските религии во Македонија.
Тоа што го нарекуваа попис, беше изведено по нова, чудна методологија, усвоена во 5 до 12, што никој у свет не ја користи. Погодна за малверзации. Затоа беше бојкотирана таа акција.
Резултатите од тој "попис" се нерелевантни.
 
Член од
15 март 2022
Мислења
12
Поени од реакции
15
Почитувани припадници на сите религии, по барање на поголем број на верници (дел кои веќе ја прочитаа и дел кои сакаат да ја прочитаат), прикачувам ново ревидирано издание на бесплатниот примерок од книгата „Христијанство и Ислам - ДВЕ ПОТПОЛНО РАЗЛИЧНИ РЕЛИГИИ КАДЕ Е ВИСТИНАТА“. Истава е преведена на повеќе јазици и издадена на германски, англиски, француски, шпански, арапски, турски, руски, македонски, бугарски и персиски. Ќе истакнам мал дел од началата на книгата т.е. деловите кои ја опишуваат главната суштина на целата книга. Корисна е да се прочита пред се, и за самите христијани и за самите муслимани. На крајот носи добра порака. Карактерот не е наметлив, туку му остава простор на самиот читател да спознае преку споредби, факти, тврдења… Слободно споделувајте ја со секого. (Се извинуваме за несакани печатни грешки при преводот и уредувањето на фајлот).

Закачена како додаток на овој пост и на следниов линк: https://drive.google.com/file/d/1uQiv67QqKux13UCApzgbxkdG0zVu02He/view?usp=sharing

Па пишете мисења и коментари за тоа како ви се допадна...

Се молат ли христијаните и муслиманите на еден и ист Бог?

Пред читателот да започне да ја чита книгата, треба да знае зошто ја чита и што очекува од неа?

Ние, како автори, сме должни да ја дадеме причината поради која предлагаме ваква книга. Уште во самиот почеток ќе покажеме колку е значајна оваа тема, како за христијаните, така и за муслиманите.

Повод за пишувањето на книгата е широко распространетото погрешно мислење дека христијаните и муслиманите се молат на еден и ист Бог, но дека во двете религии тој Бог има различно име. Така мислат и некои виши духовници од двете религии. Освен тоа што од доктринарна, фактолошка и историска гледна точка, ваквото мислење е потполно погрешно, тоа пред се има директна врска со вечноста на луѓето кои ги исповедаат овие две религии. Христијаните и муслиманите треба да знаат две работи: Прво - дали Богот на Кој тие се молат е еден и ист? Второ - ако не е еден и ист, тогаш дали Богот на Кој се молат е вистинскиот Бог?

Тоа многу лесно може да се утврди, ако се споредат суштината и вредностите на:
  • Библискиот Бог и Алах;
  • Библијата и Куранот;
  • Христос и Мухамед;
  • Карактерот и историскиот развој на двете религии.
Со помош на оваа споредба, во книгава безусловно се докажува дека христијанството и исламот се две потполно различни религии и дека христијаните и муслиманите не се молат на еден и ист Бог.

Тоа е суштината, содржината и целта на оваа книга.

Оваа вистина е од голема важност како за христијаните, така и за муслиманите и нејзината основа е во следните неоспорни факти, кои ние детално ќе ги разгледаме во книгава:

Суштината и особините на библискиот Бог и Алах се потполно различни, што значи дека тие не се еден и ист Бог. Тоа целосно се потврдува и од посланијата кои Бог и Алах им ги испратиле на луѓето - Библијата и Куранот. Тие се две различни книги по потекло, суштина, содржина и цел; и во никаков случај не можат да бидат творба на еден и ист Бог.

Христијанинот и муслиманот треба да знаат кому му оддаваат почит и на кого се поклопуваат. Бог во Библијата (5.Мој.4,35) и Алах (Сура 5,73) велат дека се единствените. Бидејќи тие не се еден и ист Бог, тоа значи дека само еден од нив е вистинскиот. Поклонувањето на лажен Бог е идолопоклонство, а тоа е пресудното за вечниот живот на човекот.

Поклонувањето на вистинскиот Бог дава вистинска смисла и цел на животот и е единствен начин за достигнување на вечноста при Бога, а тоа е најважното за еден човек без разлика дали е христијанин или мухамедан.

Човекот го добива животот како дар од Бога, носи одговорност за него и еден ден ќе даде одговор пред Оној Кој му го дал животот - пред Бога. Од пресудно значење е дали тоа е вистинскиот Бог, или некакво паганско божество, измислено од луѓето.

За кого е наменета оваа книга?

Ќе спомнеме шест категории луѓе, на кои оваа книга ќе им биде од голема полза:
Се знае дека има и христијани и муслимани, убедени дека Богот на кого се молат е различен. Книгава ќе им покаже кој е вистинскиот Бог.
Како што стана збор погоре, има луѓе кои мислат дека христијани и муслимани се молат на еден и ист Бог. Оваа книга ќе биде предизвик за нив да се обидат да го заштитат своето убедување. Сигурни сме дека книгава ќе им покаже дека тоа што го тврдат не е точно и ќе ги упати да го бараат вистинскиот Бог.
Третата категорија се луѓе, убедени дека нивниот Бог е вистински. Ним книгата ќе им покаже како да им докажат на другите дека се поклопуваат на вистинскиот Бог.
Има и четврта категорија луѓе, кои немаат големо познавање на светите книги, поради тоа се однесуваат кон друговерците безљубовно, со агресија и насилство. Од тука ќе научат дека во светите книги на двете религии има вредности, кои се многу важни за поддржувањето на мирот и разбирањето меѓу луѓето.
Познато е дека има милиони луѓе кои разбрале кој е вистинскиот Бог и од својата религија преминале кон Него. Тука ќе видат дека тоа е најдоброто решение што го прифатиле во својот живот.
Можеби ќе има луѓе кои ќе се чувствуваат занемарено или засегнато од книгава. Тие луѓе треба да знаат дека напишаното тука, од светски познати специјалисти, е основано само и единствено врз Библијата и Куранот и историските факти на развој на овие две религии. За да се избегне секаква пристрасност, ние максимално го ограничуваме нашето лично мислење по оваа тема.

Структура на книгата
Книгата се состои од вовед, три основни дела, мислење на читателите.

Во првиот дел се разгледува заедничкиот почеток на двете религии од историско-религиозен аспект.

Во вториот дел ја споредуваме Библијата со Куранот, библискиот Бог со Алах, Христос со Мухамед. Така јасно се истакнуваат огромните и ненадминливи разлики меѓу христијанството и исламот.

Во третиот дел даваме примери на муслимани кои примиле христијанство и христијани кои примиле ислам.

Како заклучок, ги молиме читателите:
Да не брзаат да донесуваат заклучоци, пред да ја прочитаат целата книга;
Ако им се допаднала книгата да ја препорачаат и на други.
Ќе бидеме благодарни ако добиеме повратен одговор од читателите со коментари и препораки кон авторите.
Автоматски споено мислење:

Овие ептен го усложнија одговорот „која религија е вистинска“ бидејќи не да се поделени, разделени и едни со други „завојувани“ и со нешто негативно насочени едни кон други... се заборавија :)
Дури и комбинации има... слободно може да си најдете Протестански Бапто-Евангелисти и никој нема да ви каже дека грешите, како ви е волја - нели :coffee:

Линк до официјалните податоци за вистинските религии во Македонија.
Многу православни немаа претстава дека може да се изјаснат како „Православни“, туку некако им се нудеше опцијата „Христијани“. Веројатно поради неписменоста на попишувачите а и не едуцираноста на населението. Нормално е дека и православните се нарекуваат христијани (го користат и тој термин) ама ако веќе имаше сепарација за изјаснување, требаше да се објасни подобро, а не повеќето православни се наоѓаат во графата христијани. Која е таа религија христијани? Овие од сектите барем знаат во која секта се, и таму се имаат изјаснето, додека овие што се христијани се 99% православни. Како и да е спеак овие резултати на некој начин и не се валидни во тој случај.
 
Attachments

Последно уредено:
Член од
14 февруари 2009
Мислења
476
Поени од реакции
1.668
Вера може да биде само една, а религии се многу. Вера е самото верување, а религијата е во што веруваме и што практикуваме.
Инаку, ПРАВОСЛАВИЕТО Е ЕДИНСТВЕНАТА И ВИСТИНСКА РЕЛИГИЈА. Само Православието е гонето како религија и забранувано низ историјата и нејзините верници и членови биле гонети, мачени, затворани, убивани. Зошто? Затоа што ја кажувале и ја кажуваат вистината. Не постои нормален и религиски разбуден човек што ќе се замара со Јудеизам, ислам и останати срања и гомна. Јудеизмот беше активна религија се додека не дојде Бог на земјата пред нешто повеќе од 2000 години. Со Неговото доаѓање, Јудеизмот оди во историјата и постои само Христијанство - Православие.
Затворајте ја темата, не се срамете со вакви глупости.
 
парва

errorhead
Член од
12 јуни 2014
Мислења
3.467
Поени од реакции
19.743

Од куде знаеш дека бог дошја на земју?
Некој доказ нешто? Или онака,дека ти такој мислиш и тфои од дома ти кажале или на мтв на Велигден си га гледаја филм Исус?

И разноразни племиња низ цел сфет низ целу познату историју раскажуеф за некакфи богови кои се симнале од небо.
И што праимо ск?

Одговори ми без да нападаш,ако знаеш мислу.Дали знаеш едн цфрст доказ дека Христијанстфо е вистинска религија и дека Исус е полубог,тоес бог претфорен у човечко тело бла бла...?

Ај пробај да дадеш јасан и логички одговор.
 
Брат, извни вака ќе се потрудам во следен одговор да ти дадам повеќе факти да ти набројам, но ќе ми треба време да сумирам за да ти прикажам.

А сега за сега од општи познавања ќе ти кажам, дека не значи дека тоа што ти не си доволно информиран, Бог не дојде на земјата! (тоа што не знаеш е од што не си сакал да ја дознаеш вистината која е само една а не сè што ни се предлага). Мислам поминаа повеќе од 2000 години каде целиот свет знае за тој историски факт. И сега малку смешно е до некаде да поставуваме такви прашања. Или во стилот дали Бог постои... Смешки! После толку настани и докази од сам почеток па до овој момент и ние сеуште да мислиме дека нема ништо!? И да не сакам да постои, ете си постои, тоа што јас ако не верувам не значи дека Бог не постои! Слично е како да кажеш дека не веруваш дека сонцето оддава светлина, но тоа сепак си постои и оддава светлина. Се е до нашиот ум и срце, дали сме отворени да го спознаеме Бога, (а верувам има многу што го спознале и со сигурност го почуствувале и сведоачт за тоа), или сме тапогледи и па не сакаме да резонираме правилно, т.е. имаме духовно слепило на сите сетила.

А ако сакаш повеќе да знаеш појди најди некој теолог што знае да ти објасни подобро во тој поглед. Бидејќи и за тоа си има факултети, знаења и стручњаци. Или појди во црква прашај свештеник или во манастир каде што монасите постојано се со Бога. Ќе ти објаснат потемелно и посфатливо, дури и ќе ти го покажат Бога.

А за тоа дека многу религии си имале богови, веројатно знаеш што е идолопоклонство, а не заборавај дека и некој друг може да глуми и да се претстави како бог, но дали вистина е тој е бог Бог, или е нешто друго!? За некој пак киповите и богатството се богови, или пак нешто друго.

За оној што сака да ја дознае вистината ќе ја дознае. Спознајте ја вистината и таа ќе ве ослободи! Јован 8:32

Докази има многу! Прочитај барем Свето Писмо и се ти пишува таму, ама консултирај се задолжително со свештено лице за духовно водство, за да не земеш да си ги толкуваш работите како што си сакаш ти, бидејќи можеш така да си измислиш и свој бог. А треба да го спознаеш во целост Бога!

Те поздравувам и прости ми, ако со нешто те разгневив! Само сакав да допринесам кон твојата дилема.
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
3.714
Поени од реакции
3.852
Во врска со темата, ја предлагам и оваа книга која е многу интересна и важна да ја прочитаат сите. Ја имам споделено и пред некое време но ова е нова верзија ревидирана без печатните грешки. Се вика: „Христијанство и Ислам - ДВЕ ПОТПОЛНО РАЗЛИЧНИ РЕЛИГИИ КАДЕ Е ВИСТИНАТА“ (Бесплатен Примерок)

Брошуркава „малку„ е протестантска, ама ајде...може да помине.

Делот од текстот, во кој се изложени разликите меѓу двете религии е ОК.

Проблемот се јавува на крајот од брошурата, каде авторите се обидуваат да изведат компромис, земајќи го „најдобрите„ нешта од двете религии...ајде де.

Христос со никого и со ништо нема изведено никаков компромис. Понајмалку со туѓи верски учења...
 
Член од
14 февруари 2009
Мислења
476
Поени од реакции
1.668
Од куде знаеш дека бог дошја на земју?
Некој доказ нешто? Или онака,дека ти такој мислиш и тфои од дома ти кажале или на мтв на Велигден си га гледаја филм Исус?

И разноразни племиња низ цел сфет низ целу познату историју раскажуеф за некакфи богови кои се симнале од небо.
И што праимо ск?

Одговори ми без да нападаш,ако знаеш мислу.Дали знаеш едн цфрст доказ дека Христијанстфо е вистинска религија и дека Исус е полубог,тоес бог претфорен у човечко тело бла бла...?

Ај пробај да дадеш јасан и логички одговор.
Другар, чесно ме праша и исто ќе вратам. Насловот на темата не е дали БОГ дојде на земјата или јас дали верувам или доказ дали имам. Насловот е Која е вистинската религија.

Пред некој ден на редит налетав на интересна тема, муабетот беше што сте сфатиле со текот на времето во животот. Имаше еден коментар што рече дека треба да знаеш кои борби или битки во животот треба да ги избереш да ги водиш, за што да се бориш. Не борбите што можеш да ги добиеш, туку тие за кои вреди да се бориш. Друг коментар беше да бираш или да си во право или да имаш мир. Е тука јас избирам да имам мир, дека веќе знам дека сум во право и не се замарам да објаснувам.

Докази има еден куп за тој што сака да бара, за тој што се интересира. Јас одлучувам да верувам. Мене никој не дојде и не ми нацрта или даде конкретен доказ дека БОГ постои. Во Библијата има еден куп докази. Ние имаме слободна волја да веруваме, не сме лимитирани како во исламот на пример. Ако пишувам тука да објаснувам, саат време не ми стига да објаснам само тоа што јас како почетник во верата и Христијанството го знам, а знам капка од океан. Ако ти сам или било кој не се заинтересира сам да истражува и учи, никој друг не може да ти помогне и објасни туку така. Досега во Библијата јас немам најдено нелогичност, контрадикторност, неконстантност, лага, итн...

Поздрав
 
Kajgana Shop

На врв Bottom