Која е вистинската вера/религија?

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
3.840
Поени од реакции
4.024
:coffee:
Ќе оставам други да дебатираат за ова што го кажа...
Јас навистина не можам пак да се враќам 1000 чекори назад и да се објаснуваме како „многубоштво“ (што и да значи за тебе) е теорија (и некако земено во старт како зло или погрешно), а христијанство и ислам се егзактни практични религии кај кои нема теорија, директно пракса...

На крајот пак велиш дека „религиите“ се општествена работа, додека апсолутната вистина (не знам ни тоа што значи за тебе) е сосема друга работа.
Ме изгуби тука...

По тоа што го кажа ни велиш дека ниту една религија до сега не е вистинската или јас не те разбрав добро?
Многубоштвото не е (само) теорија, туку пракса.
Исламот не е (само) теорија, туку пракса.
Христијанството не е (само) теорија, туку пракса.

Постојат и во историско и во реално време.

Од создавањето на Светот и животот, поминато е доволно време, наталожени се доволно искуства и сознанија, за да можеме да раговараме и за теории и за пракси. И првите и вторите се познати и проверени.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.729
Поени од реакции
11.801

Јас само му реплицирав на другиот челн, @petkovskipetko , ќе треба со него да расправаш за религиите и многубоштвото и како едното е „решено“, другото е „теорија“, како религијата е општествена конструкција, додека апсолутната вистина е друго итн итн...

Мене ми е интересно како индиректно постојано некако се врти околу христијанство и ислам како се вистински религии и ми е интересно да читам... досадно веќе да подбуцнувам прашања и постојано да бидам „лош полицаец“ :coffee:
 
OK
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.729
Поени од реакции
11.801
Видеото е на англиски јазик, но има превод на македонски. :coffee:

Сеуште ми е чудно што има луѓе што ја прераскажуваат сказната и ја толкуваат пред други „како навистина било“ и „како е“ - големата „апсолутна вистина“.
 
Член од
30 август 2021
Мислења
1.243
Поени од реакции
2.625
Мене ми е интересно како индиректно постојано некако се врти околу христијанство и ислам како се вистински религии и ми е интересно да читам... досадно веќе да подбуцнувам прашања и постојано да бидам „лош полицаец“ :coffee:

Мене па ми е интересно како по втор пат си ја активирал темата ( првиот пат гледам лани неуспешно ) со цел веројатно да гледаш колку е глупо да се дискутира за вистинска религија и да поентираш можеби пак дека тука е проблемот.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.729
Поени од реакции
11.801
Мене па ми е интересно како по втор пат си ја активирал темата ( првиот пат гледам лани неуспешно ) со цел веројатно да гледаш колку е глупо да се дискутира за вистинска религија и да поентираш можеби пак дека тука е проблемот.
Колку е БЕСЦЕЛНО било која религија и нејзините емисари да зборуваат како божествениот концепт на другиот е како прво погрешно, второ дека другоста е зло.

И тоа сите го докажаа до сега...

Што доаѓаме до идејата зошто се зборува за апсолутни вистини во врска со религиозното толкување на светот, а постојат сите тие различни религии дијаметрално спротивни едни на други кои се негираат меѓу себе ?

Темата тешко да "живне" бидејќи толку се може со дискусии... Не може никој припадник од старите религии да каже дека другоста религија е вистинска бидејќи тогаш Исус/Иса не е бог, дел од триделноста ако се работи за христијанин, или муслиман да прифати дека Исус е реалност и новиот завет е вистина, тогаш Мухамед ќе е лажен пророк... волшебен круг кој не може да се скрши.

Војната и омразата и расправиите сега најдоа почва во теми за политика, нации и слично... :coffee:
 
Последно уредено:
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.917
Поени од реакции
9.674
Човекот уште некоја година на Марс ќе почне да гради и да се преселува, а на темава која е права религија се заверглува одвреме навреме....но, еве и јас остарев и сеуште не го најдов одговорот што ќе ме задоволи, во ниту една религија не се објаснува убаво - Зошто воопшто постоиме, со која цел сме создадени на оваа планета?
Во библијата одговорот е дека сме создадени да го величаме името божјо и да му бидеме благодарни што не создал...:toe:
Прашање кое ме мачи....посебно кога ми е тешко на душава и си ја пејам песната Зошто си ме мајко родила!?
 
Не се замарај до толку и ти па, биди благодарна шо воопшто постоиш, колку трае - трае.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.917
Поени од реакции
9.674
Не се замарај до толку и ти па, биди благодарна шо воопшто постоиш, колку трае - трае.
Благодарна на што!???
На тоа колку ќе успеам да се одржам во живот!?
Колку трае, нека трае...ама со каков квалитет не ли е битно?
Можам ли да бидам среќна и весела со толку трагедии околу мене, со толку тажни детски очиња....нема ли да бидам себична?
 
Член од
30 август 2021
Мислења
1.243
Поени од реакции
2.625
Благодарна на што!???
На тоа колку ќе успеам да се одржам во живот!?
Колку трае, нека трае...ама со каков квалитет не ли е битно?
Можам ли да бидам среќна и весела со толку трагедии околу мене, со толку тажни детски очиња....нема ли да бидам себична?
Себичност е да не помогнеш некому кога можеш, да на туѓ грб градиш сигурност и среќа, треба да се помириш дека во светот има секакви трагедии, фокусирај се таму каде ти лично можеш да промениш нешто на подобро и ако секој го следи твојот пример светот ќе е поубаво место.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.917
Поени од реакции
9.674
Себичност е да не помогнеш некому кога можеш, да на туѓ грб градиш сигурност и среќа, треба да се помириш дека во светот има секакви трагедии, фокусирај се таму каде ти лично можеш да промениш нешто на подобро и ако секој го следи твојот пример светот ќе е поубаво место.
Уште да ми дадеш одговор зошто постоиме, зошто воопшто сме створени, можеби и ќе успеам да се фокусирам(иако не верувам дека можам нешто воопшто да променам)..единствено да станам бесчувствителни и да ги игнорирам трагедиите околу мене.
 
Член од
30 август 2021
Мислења
1.243
Поени од реакции
2.625
Уште да ми дадеш одговор зошто постоиме, зошто воопшто сме створени, можеби и ќе успеам да се фокусирам(иако не верувам дека можам нешто воопшто да променам)..единствено да станам бесчувствителни и да ги игнорирам трагедиите околу мене.
А кој може да ти одговори точно на такво апстрактно прашање? И зошто е тоа битно воопшто? Постоиш, помири се, тоа е тоа. Што правиш со твоето постоење е прашањето. Емоцијата за трагедиите треба да те мотивира да преземеш нешто за подобар свет а не да те парализира.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.729
Поени од реакции
11.801
Ако твојот живот е „еден, индивидуален и вечен“ - ти немаш никакво право да бидеш благодарна на ниту еден бог за твоето постоење.
Тоа е христијански концепт.

Разгледајте и други религии и учења - ако веќе барате реално одговори за вашите прашања зошто сега, зошто тука, како подобро и со која цел :coffee:
 
Ниту во една религија нема реален одговор за ова прашање.
Дали ти го дозна одговорот, бидејќи знам дека си ги " прочешлал" сите религии и учења?
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.729
Поени од реакции
11.801
Ниту во една религија нема реален одговор за ова прашање.
Дали ти го дозна одговорот, бидејќи знам дека си ги " прочешлал" сите религии и учења?
Познавајќи те што и како пишуваш во однос на религиите - мислам дека зборуваш напамет или од нешта собрани по форуми и блогови.
Да, за тебе нема реален одговор за ова прашање...

Да, го дознав одговорот зошто сум тука меѓу Вас и сум човек. Ќе ме прашаш да ти кажам? Не можам да ти кажам. Тоа е одговор на моите прашања со „чешлање на религиите и учењата“. :)

Ти вели човек запознај се со нештата повеќе и поопширно, ти сакаш да зборуваш постојано како „се е страдање, мизерија, пред очите гледам зло“ и до тука ти е чекорот. Што знаеш ти за било кое духовно учење, ете христијанството како религија ти е најблиску, па и исламот? Што знаеш освен трач муабети, општи површни работи за овие религии кои може секој да ги разбере вака или онака, да ги тркала како му е волја и како е расположен во денот?

Многу малку мислам дека знаеш... мрзлива си, не те интересира духовен развој, не веруваш во богови и духовност, што е проблемот со тебе и вечноста? :)

Колку можеш - толку. Можеби толку можеш во овој живот... да го протуркаш вака, па за натаму - здравје, кој знае да ти каже? :coffee:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom