Имам пишано на темава, The Sopranos ми е сеуште и во иднина ќе ми биде најомилена серија, а и најзначајна затоа што го сфаќа сериозно медиумот (ТВ) додека повечето останати се шаблонизирани парчиња срање, не дека авторите не знаат подобро, но бидејќи мораат ради рејтинзи и популарност. Се разбира гледам и серии од т.н. network станици (Лост, 24 итн) и морам да ги набројам некои од сериите кои порано ми оставаа голем впечаток иако знаев дека има нешто труло во нив
...пред се Homicide, која во средината на деведесетти беше сосема различна од многуте серии дотогаш особено цајканските.
Lois & Clark: The Adventures of Superman
Strange Luck
First Wave
Nash Bridges (сеуште ми е закон затоа што Хантер С Томпсон имал удел, а и ако отишла во правец во кој он сакал мислам дека ќе беше ооодлична
)
И серија од која имав гледано неколку епизоди претежно од првата сезона, серија која можеше да стане сосема поинаква, но отиде во дебилен правец. Тоа е Beverly Hills, која беше прилично ОК серија со приказна за обично семејство кое се сели во таква елитна населба и имаше голем критички елемент во својата прва сезона, а замина како една од најшмизларските серии евр (фала богу не гледав многу епизoди па да се сјебам
)
А, од новите популарни серии што ги гледав/гледам ретко што ми се допаѓа. Ed беше ок, иако главната прича (лубовна лимондаска) беше за нигде али имаше одлични карактери и останати приказни и беше и сеуште ми е најхумористична играна серија досега.
Потоа Judging Amy (исто така полна Лејм Ствари(тм) али и фантастични делови) и CSI Лас Вегас, толку можев да издржам после чат-пат ја фаќам, сепак досадно ми е да гледам апсолутно исти епизоди само со нови кул убиства и нови апарати и неизбежниот како-не-ни-текна-на-ова момент кој е очигледен и во која минута ќе дојде.
Star Trek: Voyager ми беше, и ми е омилена СајФај серија со една од најсолидните глуми на главни ликови на малиот екран.
Гледав Лост, срање ми е.
Ja гледав прва сезона на Мастерс оф Хорор и беше просечна во најдобрите епизоди. Ќе ја земам деновиве и втората па ќе видиме што се дешава таму.
Моментално гледам House MD и дефинитвно имам позитивни импресии, малце ги касна the Homicide bug, Fox, па главниот лик (доктор) не е морално-етички издигнат на ниво на божество туку е мизерен, сакат тип со црна смисла за хумор, а односот кон пациенти му е многу
посебен. Слушам и Dexter оди во тој правец со форензичар кој самиот е сериски убиец.
Firefly, беше супер серија, каубојци, свемир, пцуење на кинески, но Фокс не дава добри серии да егзистираат.
Rome е друга прича, HBO-BBC продукција, класа серија али не е за сите. Богата со насиље, секс, добра глума, голем буџет, ќе се збунат децата па ќе почнат да мислат дека Wost e сwање, а не сакаме тоа да се случи.
За 10 дена почнува последната (полу) сезона на Сопранови и набрзо ќе немам што да гледам, но сериите на HBO кои ги немам гледано досега би требало да бидат доволни за пополнување време, имено Deadwood и The Wire (ми го отекоа со препораки за оваа). Уште да се најдат овие и све ќе биде супер.