Кошмари!

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Кошмари имам до ден денеска, а за ноќните мпро само знам дека до ден денеска се сеќавам на тие срања што ми биле во главата.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.806
Поени од реакции
3.062
Кошмари имам до ден денеска, а за ноќните мпро само знам дека до ден денеска се сеќавам на тие срања што ми биле во главата.
исто и јас , како мал имав премногу специфични повторливи кошмари,што денес сеуште детално се ги помнам

Истотака имам дилема дали некои сонови.. кои во нив знам сто се треба и како да се случи,како да сум ги сонувал и другпат.. Ама се некако мислам дека првпат ги сонувам,а тоа дека се знам како треба да се случи и дека не ми е првпат што го сонувам незнам од кај произлегува. (зборам за некои..) а има и сонови кои навистина ги сонуваме повеќе пати
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Една од работите кои сум ги сонувал а ме преплашиле најмногу беше едно мало дете. Имено, си седев јас во некој кафич со некои (небитни во сонот) луѓе и дојде мало дете облечено во плав костум на палјачо. Толку многу ме преплаши детето (иако ништо не правеше, само си стоеше) што врескав и се разбудив препотен. Неможев долго после тоа да заспијам.
За чаре немам, ама за среќа и кошмари немам многу.
И јас имам сонувано нешто наизглед сосема обично - една сцена на семејство кое што мирно се вози во запрежна кола, и одеднаш страв и ужас од таа сцена и будење. Но уште долго не можев да заспијам, тие се и најлоши кошмари, кога после будењето стравот уште долго трае.
После еден друг сон цел ден бев во страв, во очекување да се случи.
Еднаш сонував три личности кои што во стварноста гадно ги мразев, како доживуваат сообраќајна несреќа и со колата која што гори и секој момент ќе експлодира возат право накај мене како во паника да бараат спас иако и мене ќе ме повлечат во смрт. И јас сум со кола но џабе им бегам, секогаш ме стигаат, и од страв се будам. Уште ги мразам. :)
 

MarinkaUSA

~I like myself the way I am~
Член од
7 февруари 2008
Мислења
180
Поени од реакции
3
Najstrasen kosmar mi bese koga na son vidov edna moja draga osoba oblecena vo vojnicka uniforma... mi rece deka ke odi vojska (a bas toa bese periodot koga bese pukanjeto vo tetovo). go molev da ne odi a toj me ignorirase. se razbudiv placejki i vriskajki i moite me prasuvaa zosto placam, a jas bev tolku potresena veke svesna deka bilo son, ama ne mozev da se sozemam uste 10 minuti
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Затоа што Скулгрл веќе има отворено тема за кошмари, споени се со оваа.

Би било пожелно ако, освен што евентуално ќе го прераскажете вашиот најстрашен кошмар, кажете и колку често имате кошмари, какво чувство имате кога ќе се разбудите и, најважно, како се справувате со нив.
 

Gadfly Baba

Registered Loser
Член од
20 февруари 2007
Мислења
997
Поени од реакции
21
Ги сакам сите кошмари освен оние "кошмари" кои се јавуваат за време на треска,банални работи кои упорно не ти излегуваат од глава,барем така е кај мене.
Еден од пострашните кошмари ми е:
Се разбудив а до мене стоеше бабами покојната,барем мислам дека беше она,празен поглед,важно ме гледаше,а ја во некое пола разбудено стање неможев да мрднам а мислев дека сум целосно разбуден,и нормално се разбудив целосно,набрзина станав од креветот,празна соба...
 
A

Anck-Su-Namun

Гостин
Мене ми е најстрашно кога сонувам луѓе кои се мртви.Секогаш кога сонувам некој мртов бегам во сонот и никако не можам да побегнам.А не дека тој мртвиот ме брка туку така кога ќе видам некого бегам и после тоа се будам и страв ми е да заспијам.:nesvest:
 

Скулгрл

Queen of the superficial::..
Член од
17 јануари 2006
Мислења
5.059
Поени од реакции
69
Затоа што Скулгрл веќе има отворено тема за кошмари, споени се со оваа.

Би било пожелно ако, освен што евентуално ќе го прераскажете вашиот најстрашен кошмар, кажете и колку често имате кошмари, какво чувство имате кога ќе се разбудите и, најважно, како се справувате со нив.
Мене за болдираново ми треба чаре. Имам кошмари, дури пречесто и тоа ме плаши. Не можам да ги контролирам, секоја вечер (океј, секоја втора) се будам сред ноќ или уплакана или срцето ми лупа триста на час.

Пробав и со б-комплекс, као демек полесно да заспијам, ама исходот е ист.
 

Тамарче

Ако одам во Битола..
Член од
11 јули 2007
Мислења
3.239
Поени од реакции
223
Скул, и јас го имам истиот проблем. Најчесто кошмарите ми се последица од гледани хорор филмови.
Некогаш дури ми е страв да заспијам оти знам дека ќе сонвам нешто неубо и дека многу ќе се уплашам.
Ете престанав да гледам хорор филмој, ама пак имам кошмари.
Чаре не знам. Ваљда треба да одам на бајачка. :)
 

Fabullous_178

Psychonautics:.
Член од
21 февруари 2007
Мислења
2.987
Поени од реакции
190
Пијте топло млеко со мед пред спиење.
Мислам дека така многу полесно ке заспивате и нема да имате кошмари.
И нормално,позитивноста во текот на денот,се одразува и на сонот.Затоа,бидете позитивни.
Од лично искуство воа.Во целиот мој досегашен живот,само 5 пати сум имал кошмар.Скоро и да не знам како изгледа тоа.
п.с ке ви предложев марихуана,ама знам дека ке ме пљукате после....:kesa::pos2:
 

**Buli**

засекогаш дете!!!
Член од
3 декември 2007
Мислења
125
Поени од реакции
2
Мене за болдираново ми треба чаре. Имам кошмари, дури пречесто и тоа ме плаши. Не можам да ги контролирам, секоја вечер (океј, секоја втора) се будам сред ноќ или уплакана или срцето ми лупа триста на час.

Пробав и со б-комплекс, као демек полесно да заспијам, ама исходот е ист.

И јас имав сличен проблем едно време....дури ми беше страв да си легнам од што одма ми доаѓаа сликите од предходниот сон. Дури и чувствата, потполно исти како и во сонот....и заради тоа се плашев и да мислам на нив. И негде прочитав дека кошмарите се резултат на некоја неразјаснета емоција во нас, па без разлика дали е позитивна или негативна, самиот мозок од преоптеретеност си ствара слики и непријатни чувства....
....и наместо да се плашам да мислам на тоа, решив пред секое заспивање да го ,,пролистам,, предходниот сон, па макар било и непријатно....и за чудо, наместо да се повтори, се губеше. Успеав да се справам со кошмарите со тоа што решив да не се плашам од нив....
....пробај, ако нема друго...непријатно е, ама може ке ти помогне:smir:
 
А

Аниии

Гостин
Немам многу често кошмари, но кога имам е УЖАСНО. Кога ќе се разбудам се осеќам како стварно да се случило и цел ден размислувам на тоа и сум депресивна. Најчести кошмари ми се како некој близок ми умира (работата од која најмногу се плашам):icon_frow:icon_frow:icon_frow:icon_frow:icon_frow:icon_frow:icon_frow:icon_frow:icon_frow:icon_frow
 
Член од
10 април 2009
Мислења
337
Поени од реакции
16
Немам често кошмари, ама кога бев мала негде 2-3 одделение у зграда видов еден наркоман кај шо се фикса и од тогаш таа година цело време имав кошмари поврзани со наркоманија.

За среќа веќе немам такви проблеми=)
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.806
Поени од реакции
3.062
Соновите поконкретно кошмарите произлегуваат од секојдневието и чувствата кои ги претрпуваме во разни ситуации. Најчесто стрес и притисок.
Обично не им придаваме многу важност и не сме баш свесни за нашите чувства но подсвеста "вшмукува" се.
И тоа се одразува на нашата психа, и се материјализира преку соновите односно кошмарите.

Денеска имав повеќе сонови на кои 3 се сеќавам добро од кои 2 се премногу изопачени да ги напишам.
Поради тие изопачени негативни сонови денеска ми се промени расположението и почнав да се прашувам за себеси и за тоа што поминувам периодов.

Еден од трите сонови ми беше како сум во дворот на едно основно школо со друштво и имаше двајца "багабонти" кои имаа калашникови и почнаа да пукаат во нас, ние бегаме се криеме, и имав и јас пушка во мене и му пукав на едниот во глава ама излезе дека е на боја (paintball), и некако успеав да го совладам едниот и да му земам два калаши????
И почнав со двата да ги пукам, и го разоружав пред мене како стои на нишан. И му викам седи мирен, не мрдај, а тој со подмолен циничен израз, во стилот кој кур си ти и што ако нишаниш кон мене што сакам ќе праам, и почна да ми се доближува, втор пат го предупредив и почнав да го пукам, како што го пукам во рамо, тој уште се доближува без никаков страв, и јас го полнам со куршуми како што продолжува да се движи. (цел шаржер испразнив во неговото рамо почна да паѓа кожата???)
И наеднаш беше онеспособен и тој еден друг (порано што се имам тепано со него во реален живот) го фати и му помогна да се движи дека беше тешко ранет и го носеше негде ваљда да му помогне. И тие двајца се движат и јас одам на 30 метри позади нив да видам што ќе биде.
И само наеднаш тој повредениот паѓа на земја, губи свест, доаѓа брза помош, се собираат многу луѓе, а јас посматрам од 50 метри. И наеднаш гледам како го покриваат со ќебе ( умрел). Ме фати ужасно чувство, народот да плаче, и сите да ме гледаат на криво, и да ми викаат кој го стори тоа??. Доаѓа тетками извадена од такт нервозна со гнев во очите кон мене, ми ги фрла медалите од карате што ги имам освоено, ми се развикува еве ти ги носи си ги! Наеднаш се чувствувам како најголем виновник.. што направив... Сите ме гледаат со презир, како да сум најголем криминалец.
Последно нешто што се сеќавам во сонот беше како се молам во себеси.. да ме носат побрзо во затвор да избегам од сето ова.. не се издржуваше тоа чувство.
дали бев предаден од другите.. или од себеси?
 
Член од
17 јануари 2012
Мислења
1.044
Поени од реакции
644
Јас имам кошмари релативно често 1-2 неделно. Сите скоро различни од тоа некој да ме брка до незнам паѓање во бездна или слично. И секогаш на крај победувам т.е. м.и.е. ако ме бркаат ако паѓам почнувам да летам итн. А кога ке се разбудам сум крајно релаксиран и полн со енергија.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom