Само на еден одвратен кошмар се сеќавам, и тоа беше единствениот пат кога екшли месечарев.
Сонував како надвор, на мојата уличка има некаква борба, експлозии, татнежи од куршуми, оган, мртви тела... Се чувствував како евреин во Втора Светска.
И демек, татко ми се борел таму надвор, и осеќав толку одвратен страв од тоа што може да му се случи... И сега (во реалност) спиејќи сум станала од креветот, сум се упатила накај терасата од мојата соба што гледа накај улицата кај што била битката, сум се фатила за кваката од вратата од тераса и сум почнала да плачам. Сестра ми се разбудила и се извадила од памет, после веројатно ме разбудила, не се сеќавам.
Имав можеби 12 години и уште којзнае колку кошмари после тоа, ама овој одвратно добро го памтам, зошто ми остави бедно чувство со денови после тоа.