Уф,уште една инфаркт драма во режија на нашите кошаркари,само што оваа за среќа имаше поволен епилог за нас. Требаше порутински и поуверливо да го покажеме квалитетот против Летонија,така и тргнавме меѓутоа на крај малку фалеше нашите момци одново да изгорат во желбата и да подклекнат пред предизвикот.
Одново тој Бедринс и нова психолошка блокада, пак ни наби комплекси а им влеа самодоверба на своите соиграчи,но толку за него,на крај сепак победи македонското лавовско срце.Нашите играа колективно, и иако не најдобро, сепак од срце ја посакуваа оваа победа и заслужено дојдоа до неа(а вака со 2 разлика е најслатко).Нека ни е честита и победата и лидерската позиција после 4 одиграни кола.
Е сега кога веќе се отарасивме со Летонија и Бедринс ни преостанува професионално и без опуштање уште еднаш да одиграме квалитетно против Португалија и Естонија и потоа сите заедно да славиме.Акцент посебно треба да биде ставен на следното гостување кај "Морепловците" бидејќи таму лани веќе еднаш дебело се изгоревме,а потопот кој им го приредивме во Борис Трајковски не смее да залажува бидејќи Португалија славеше на гости во Талин и после оваа победа со сигурност им се враќа самодовербата и им растат апетитите. Сепак се е во наши раце,едноставно момците нека се искажат на паркетот и се ќе биде во ред.