Штета навистина штета, едносавно вчера било речено да победи Летонија и тоа и се случи. Загубивме поради нашите вечни комплекси, тремата во ниту еден момент не успеаа да ја отарасат нашите репрезентативци, цело прво полувреме беа пребледени како крпи во лицата,меѓутоа за среќа и Летонија не беше кој знае што, па и негативата беше минимална.Арно ама на нашиве уште пред натпреварот им било врежано во главите дека Летонија е фаворит и тоа не успеаа да си го отргнат цел натпревар иако во второ полувреме и самите увидоа дека можат да играат и дека натпреварот е во нивни раце,но тука одново стапи на сцена оној проклет страв од успехот. Драмата во финишот нема да ја коментирам,сите видовме што се случи. Тоа е тоа, можевме уште вчера да ја завршиме работата за пласман на ЕП, меѓутоа за Македонија одсекогаш и за се и сешто бил суден "Најтешкиот Пат" . Сега останува да се свртиме кон наредните натпревари и да го надоместиме она што го испуштивме вчера бидејќи квалитет е неспорно дека имаме (со 100% ангажман,надополнет со македонскиот инат и полни трибини Летонија ќе ја згазиме со 20 разлика во Борис Трајковски).Не е се готово шансите постојат,се што треба е момците да веруваат во себе и да запнат машки,ако го сторат тоа имаат можност да победат на секој натпревар до крајот на квалификациите.
П.С. Мираковски дефинитивно треба да остане во репрезентацијата, и посебно да му се даде шанса на реваншот против Летонија. не беа само неговите 2 слободни, на цел натпревар промашивме преку 15 слободни и вечно така ги губиме натпреварите.