Кошаркарска репрезентација на Македонија

legend

legend is back
Член од
25 април 2008
Мислења
1.527
Поени од реакции
235
Едната ја добивме тесно, на другата не утепаа, сигурно беше над 20 разлика, може и повеќе.
Околу мечот, нашите во последната четвртина не се замараа толку, малце судиите ја сјебаа играта така да добро што нашите не ги покажаа сите адути. Околу Самарџиски, тој имал далеку подобри игри за Македонија, а тоа што ќе игра за Лиетвус Ритас кажува колкав потенцијал има. Сите го критикувате Чековски, да се сложувам, во напад е дрво невидено, но кој да игра наместо него, Бојан Трајковски? И така кога ќе се приклучи Гечевски е четврта опција на високите позиции, па не верувам да игра повеќе од 10 минути на меч. За шутирањето тројки, тоа е нашиот начин на игра во последниве 20 години и не знам што има тука за чудење, тоа е начинот на игра на сите екс-ју републики. Сепак е доста незгодно да играш против екипа во која цела петорка се добри шутери за три. Одбраната ни беше феноменална, бар пет напади Словенците не успеаја да упатат удар во 24 секунди што секако е за поздравување. Дека сме wow екипа не сме, ама треба да се земе во предвид дека игравме без двајца стартни играчи кои се и тоа како битни за нашиот состав,
Па подобро Михајловски него Чековски или пак Бојан овој китов више неможам да го гледам!
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
12.694
Поени од реакции
4.520
Денеска против Полска играат пак ќе има пренос :)

За натпреварот прво игравме добро второ паднавме немавме замена за центар имаше многу лични Самарџиски и Чеховски не можев да го гледам кога играше дрво под кош на положување од табла промаши еден напад се скинав од смеа.Со Бо и со Гечевски би било друго мислам дека ќе изигравме многу подобро но сепак добро е.Задоволен сум Илиевски е во јака форма јако засилување ни е исто така Антич беше вчера одличен погоди и во рекет и 3ки погоди неколку.
Добра пријателска се на се иако изгубивме Словенија играше со сите играчи Лорбек играше исто така и Лакович.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Што со Полска гоа изгубивме вчера. На припреми се оди без клучен играч без Гечевски...
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.990
Поени од реакции
16.430
Што со Полска гоа изгубивме вчера. На припреми се оди без клучен играч без Гечевски...
Е што, јак ташак ако сме изгубиле, бог да чува, ај да сме изгубиле од некоја слаба репрезентација, а Словенија далеку е од слаба.

А подготовките само што започнаа.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
220
Поени од реакции
264
Ако знае некој линк за гледање на нет молам да пише, поздрав
 
M

Mario Gómez

Гостин
Заебите линкој и стримој, не кажувајте ни резултатот.

Единствена информација шо сакам да ја видам е дали ќе ја има реприза негде.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom