Кошаркарска репрезентација на Македонија

Член од
1 февруари 2011
Мислења
61
Поени од реакции
8
МАКЕДОНИЈА ГИ ДОБИ ПРОТИВНИЦИТЕ ЗА ЕВРОБАСКЕТОТ ВО ЛИТВАНИЈА

Грција и Хрватска повторно во нашата група

Речиси сите балкански кошаркарски сили се противници на Македонија во групата "Ц" за претстојното Европско првенство што од 31 август до 18 септември ќе се одржи во Литванија.

Ждрепката во Вилнус сакаше македонскиот национален тим да се најде во силната група "Ц" во која се Грција, Хрватска, Црна Гора, БиХ и квалификантот број 2 (Унгарија, Португалија и Финска ќе разигруваат за последните две места на ЕП).
Грција и Хрватска ни се должници од претходното ЕП во Полска на кое и двете не поразија, со Босна и Херцеговина се среќаваме речиси секогаш во квалификациите за ЕП, Црна Гора е дебитант на Европските првенства, а последниот противник ќе го дознаеме дури во август по дополнителниот турнир.
Групата "Ц" ќе се игра во градот Алитас во јужна Литванија, а Македонија ќе го отвори турнирот со репрезентацијата на Црна Гора на 31 август.
На 1 септември ќе се сретнеме Хрватска, потоа по ден пауза, на трети играме со јужниот сосед Грција, а овој натпревар ќе предизвика најголемо внимание во јавноста поради спорот со името. Последниот тим што ќе обезбеди учество на ЕП ќе и биде противник на четата на Марин Докузовски на 4 септември, а на 5 ќе ја затвориме првата фаза против БиХ.
Првите три селекции од секоја група ќе се пласираат во втората фаза во која ќе се формираат две нови групи со по шест екипи. Нашата "Ц" група ќе вкрстува со групата "Д" во која фаворити за пласман се Словенија, Русија и Белгија.
Според квалитетот на нашите противници, клучен ќе биде дуелот со Црна Гора на стартот од ЕП, а триумф е потребен и против БиХ и квалификантот.
- МКФ е задоволна од ждрепката. Противниците не се лесни, но имаме верба во нашиот тим и со добри подготовки мислам дека ќе се пласираме во втората фаза. Најважно е сите играчи да се јават на време на собирот - изјави генералниот секретар на МКФ, Дејан Лекиќ кој во живо ја следеше ждрепката во Вилнус заедно претседателот Димевски и директорот на репрезентациите, Мерџановски. (О.К.)

***

Обезбедени силни противници за подготовките

Првите луѓе на Македонската кошаркарска федерација го искористија присуството на 24 земји кои ќе бидат дел од ЕП и веќе и обезбедија силни противници на А-селекцијата во подготовките во јули и август. По собирот и одработувањето на физичкиот дел, Македонија ќе замине во Словенија каде што со истоимената селекција ќе одигра две пријателски средби. Потоа патува во Бормио на турнир на кој ќе учествуваат и Италија, Канада и Бугарија.
Договорено е и силниот ексјугословенски турнир во Љубљана. Македонија е во група со Србија и БиХ. Пред заминувањето за Литванија, во Скопје ќе се одржи турнир на кој ќе се појават Израел, Бугарија и најверојатно Србија, а истиот ќе биде последен тест за квалитетот на Македонија пред настапот на ЕП.

***

ГРУПА А (Пеневежис): Шпанија, Турција, Литванија, Велика Британија, Полска, квалификант 2;
ГРУПА Б (Шљауљај): Србија, Франција, Германија, Израел, Италија, Летонија;
ГРУПА Ц (Алитас): Грција, Хрватска, Црна Гора, Македонија, БиХ, квалификант 1;
ГРУПА Д (Клајпеда): Словенија, Русија, Белгија, Грузија, Бугарија, Украина.

извор

Околу ждрепката не е така лоша ако се земе во обзир дека а и б се потешки групи а шансата би ја барал со босна квалификантот (португалија) и хрватска ми се чини дека имаме поголеми шанси од колку со црногорците кој сум убеден дека ќе бидат најголемото изненадување на првенството и во групата прво место
Добро е и тоа што вкрстуваме со најслабата група па така да ако поминеме во групата имаме шанса за најголем успех до сега
Сепак има врем до крајот на август и најважно е да нема кавги муѓу нашите и се разбира сите повикани да дојдат

ps.за илиевски нема што да го викаат повеќе се докажа тој колку сака да игра за нас и нема потреба од молење повеќе


leeeee....ne da ima potreba za ilievski...deckoto e izum....nego se dodeka go vodat KFM prostaci taka ke bide...oni go dupea deteto, e sea on ke si gi dupi niv...mn posteno!

--- надополнето ---

Покрај навиЈачка синко, да ти кажам дека сум и реална душа...

Хрватска, квалификантот...

hrvatska----zaebi a za kvalifikantot koi osim drug portugalija moze da bide?
 
П

Паспарту

Гостин
leeeee....ne da ima potreba za ilievski...deckoto e izum....nego se dodeka go vodat KFM prostaci taka ke bide...oni go dupea deteto, e sea on ke si gi dupi niv...mn posteno!

--- надополнето ---




hrvatska----zaebi a za kvalifikantot koi osim drug portugalija moze da bide?
Финска и Унгарија...

Епа значи ако одиме според твојава логика, тогаш подобро и да не учествуваме, нели!? Зашто заеби за Хрватска, баш ме интересира во што се подобри од нас?
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.662
Поени од реакции
9.983
Хрватите имаме шанси да ги тепаме. На претходното ЕП не тепаа само поради глупоста на Арсиќ и несериозноста на нашите играчи. Со грците неаме шанси. Црногорците имаат добра екипа и Босанците се тука негде со нив би требало да сме тука негде по квалитет. Квалификантот кој и да е очекувам да се победи. Ако игра Бо тогаш стварно имаме големи шанси за пласман понатаму.
За Илиевски,од една страна би сакал да игра,од друга баш и не. Да игра пошо стварно нејќам да го гледам Мираковски на терен и зошто дечкото е стварно добар играч,посебно во дефанзива. А не би сакал пошо не јебе долго време,нејќе да игра....
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.833
Поени од реакции
6.392
Финска и Унгарија...

Епа значи ако одиме според твојава логика, тогаш подобро и да не учествуваме, нели!? Зашто заеби за Хрватска, баш ме интересира во што се подобри од нас?
На секоја позиција......Само Бошко и Перо ни се квалитетни играчи.Барач,Томиќ,Укиќ,Томас,Поповиќ,Планиниќ,Касун.Лончар,Баниќ.............Со кого да се спротистави Македонија,со близнаците,Мираковски,Перо Блажевски итд. ?
 
П

Паспарту

Гостин
На секоја позиција......Само Бошко и Перо ни се квалитетни играчи.Барач,Томиќ,Укиќ,Томас,Поповиќ,Планиниќ,Касун.Лончар,Баниќ.............Со кого да се спротистави Македонија,со близнаците,Мираковски,Перо Блажевски итд. ?
Sje и лани беа неколку класи пред нас, па не добија само поради нашите глупости... :) Сакам да кажам дека се далеку од несовладлива репрезентација, а не дека се слаба. За разлика од Грција која е класи над сите, не се согласувам дека не можеме да ги победиме. Дури мислам и дека Црна Гора ќе заврши пред нив, а ние ќе се бориме со Хрватите за тоа 3то место. :)
 

Тетекс фан ^

100% МАКЕДОНЕЦ
Член од
24 јануари 2009
Мислења
2.396
Поени од реакции
883
Илиевски се враќа за Евробаскетот

http://vest.com.mk/?ItemID=11942FDC6EF1BA4BAC4D41852892985A
:tapp:
Ништо чудно пак да не откачи...
Иако го мразам многу сепак може многу да ни помогне...
Многу добра петорка имаме, но и нивните замени.
Бошко (Илиевски)
Соколов (Миракоски/Јане Петровски)
В. Стојановски (Д. Стојановски)
Антиќ (Коларов)
Самарџиски (Гечевски)
Плус некои играчи од домашново првенство.
Скоро сите во форма се, Бо додека не се повреди играше фантастично у Монтепаски,Самарџиски е во добра форма,Гечевски солиден, Антиќ има мал пад но може да се подобри тука е и Коларов новиот наш играч кој очекувам да биде повикан, Д. Стојановски беше избран за најдобар у домашново првенство, Соколов верувам дека многу ќе помогне во одбрана како што беше и на ЕП во Полска.
Гледам и ќе имаме добри припреми за ЕП. Италија, Словенија, Србија, БиХ, Израел, Канада...
А на ЕП, Хрватите мора да ги тепаме барем да им вратиме за тој несреќен пораз и така имаат пад во формата, ао БиХ би требало да ги тепаме иако не треба да ги потцениме затоа што знаеме дека загубивме во Босна... Црногорциве се нови на ЕП и клучно ќе биде нивното (не)искуство па тука би требало да ја бараме нашата шанса, квалификантот мора да се победи, а со Грција незнам, претходниот пат изгубивме затоа што многу се надевавме додека сега е друга ситуација и затоа ништо чудно да изненадиме сега :)
Сеедно мора да ги тепаме БиХ, квалификантот и Хрватска/Црна Гора.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
ako pomineme grupi ja go castam cel forum u kafana!!! hhh :D :D
Еве јас ќе те пишам уште од сега меил, IP адреса име презиме надевај се дека нема да пројдеме.

ПС. Не знам што е ова песимизам имаме и тоа големи шанси Хрватска е далеку од силна екипа за Босна и Црна Гора да не зборам. Ако се спремат нашиве со Бо ќе гинат на терен и реално имаме шанси за први две позиции.
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
^ Тоа и беше единствената препрека која не не оставаше слободно да кажеме дека ги тепаме.
 

Тетекс фан ^

100% МАКЕДОНЕЦ
Член од
24 јануари 2009
Мислења
2.396
Поени од реакции
883
^ Нивниот најдобар играч Никола Пекович игра у Минесота, игра по 10 минути и дава 5-6 коша просечно... ништо посебно :)
 
Член од
14 ноември 2008
Мислења
3.418
Поени од реакции
856
^ Нивниот најдобар играч Никола Пекович игра у Минесота, игра по 10 минути и дава 5-6 коша просечно... ништо посебно :)
абе и Биедринс шо игра во Голден Стејт не е ништо посебно па нас по 40ина поени и 20ина скока ни праеше
 

Тетекс фан ^

100% МАКЕДОНЕЦ
Член од
24 јануари 2009
Мислења
2.396
Поени од реакции
883
^ Само што овој што го спомна игра дупло повеќе од Пековиќ и дава дупло повеќе кошеви од него, а и тој беше ли што со 4 лични грешки не правеше партал и што незнаевме да му изнудиме 5-та лична??
 
Член од
1 февруари 2011
Мислења
61
Поени од реакции
8
^ Само што овој што го спомна игра дупло повеќе од Пековиќ и дава дупло повеќе кошеви од него, а и тој беше ли што со 4 лични грешки не правеше партал и што незнаевме да му изнудиме 5-та лична??

pekovic dodeka igrase u evroliga praese LOM ako ne pamtis--- da te osvezam :D:salut:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom