Кошаркарска репрезентација на Македонија

Член од
2 јули 2010
Мислења
5.908
Поени од реакции
7.476
Не знам дали и кој колку пратеше ама Бо заработи тешка повреда ,зглобот ли што беше ,правеше и операција така да...не се знае дали ќе се опорави ,а и да се опорави прашање е како ќе игра.
За Хрватите не се секирајте многу многу ,гарантирам дека се послаби од Босна моментално.:smir:
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Абе до Септември има доста време,би требало да се опорави,ако не е нешто страшно и ако нема компликации.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Како бе операција правел првпат слушам. Не е добро ако е точно ова!
 
П

Паспарту

Гостин
Пишуваше дека се враќа на терените во средината на февруари, што значи има доволно време да влезе во форма... :)
 
Член од
10 октомври 2009
Мислења
2.955
Поени од реакции
1.349
За местото квалификант ќе се борат Финска, Унгарија и Португалија, која и да е од овие 3 репрезентации не би требало да биде поголем проблем за нас.
Првите три репрезентации од групата одат понатаму така да и ние ќе бидеме во нив.:vozbud:
 
А

Анноун

Гостин
^ е баш тоа сакав да прашам . понатаму одат првите 3 ( ќе се формираат после две групи од 6 екипи ) или понатаму одат првите 4 и се игра веднаш 1/8 финале ?

за групата , нема што да се жалиме , посебно ако ја видиме групата на србија . и уште не можам да сфатам зошто белгија беше 3 барабан ? боже сачувај . 15 години гледам кошарка , не сум ги видел никаде до сега !

очекувам 3то место , 2рото е преголем залак , ќе треба да изгубиме само една , што познавајќи не , е невозможно. би бил задоволен со победа над квалификантот , босна и една од хрватска и црна гора ( хрватска по можност) .

најдобрата работа е што вкрстуваме со најлесната група , каде апсолутни фаворити се словенија и русија. е сега , ако се игра веднаш 1/8 финале , кога би завршиле 2ри бо нашата група , 100 посто одиме меѓу најдобрите 8 , бидејќи ќе вкстиме против грузија или белгија ( победа како солза ) , а и да сме 3ти нема да е безнадежно , бидејќи би играле со русија , која најчесто игра без една купа звезди .

отом , потом ... само здравје да ги служи нашите до септември.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Први три понатаму. Значи мислам дека ќе се води битка со Црна Гора и Босна а тој што ќе ја добие Хрватска ќе биде во предност. Исто така првиот меч го играме со Црна Гора и ова може многу да решава со оглед дека за трето место по квалитет реално сме во борба со Црна Гора. Босна мислам дека е слаба за Унгарија/Финска да не збориме тука ќе мора победа. Ама со барем една победа од мечевите со Црна Гора и Хрватска мислам дека може да се надеваме на трето место. ПС. БО секако мора да биде во екипа
 
Член од
3 март 2009
Мислења
795
Поени од реакции
702
Откако гледам сите групи мислам дека вашата македонски другари е многу потешка отколку нашата . Со Хрватска , Грција , Црна гора па и Босна ке правите големи утакмици и ке стискаме тука во Бугариjа палци за Перо , Станко и сите други ваши играчи . Сметам дека нашата е полесна и сме како фаворити се Русиjа и Словениjа али Белгиjа , Украjна и Грузиjа са абсолутно ништо посебно како тимови и имаме добри победи против тех. Со Грузиjа и Белгиjа бехме во една група и категорично надигравме белгииците во Софиjа а за совсем малко минута некаде ги изпуштихме во Белгиjа . Со Грузиjа требва да има реванш зашто во Софиjа со една заштита недобро изиграна ни победиха . Украјна не може да биде проблем .Скоро одигравме натпревар со Русиjа и ги победивме во Софиjа така да е ништо сигурно и може да има некоj сурприз ако сме добро подготвени . Сметам дека за трето место можеме да се сбориме нормално и ние и вие . Аjде поздрав . И успеси .
 
Член од
1 февруари 2011
Мислења
61
Поени од реакции
8
sve ke izgubime..... kakvo plasiranje za ponatamu....makedonija nemala basket i nikad nema ni da ima....
(moze ke gi tepame samo bosancerosite ako vi e nekoja uteha)
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Откако гледам сите групи мислам дека вашата македонски другари е многу потешка отколку нашата . Со Хрватска , Грција , Црна гора па и Босна ке правите големи утакмици и ке стискаме тука во Бугариjа палци за Перо , Станко и сите други ваши играчи . Сметам дека нашата е полесна и сме како фаворити се Русиjа и Словениjа али Белгиjа , Украjна и Грузиjа са абсолутно ништо посебно како тимови и имаме добри победи против тех. Со Грузиjа и Белгиjа бехме во една група и категорично надигравме белгииците во Софиjа а за совсем малко минута некаде ги изпуштихме во Белгиjа . Со Грузиjа требва да има реванш зашто во Софиjа со една заштита недобро изиграна ни победиха . Украјна не може да биде проблем .Скоро одигравме натпревар со Русиjа и ги победивме во Софиjа така да е ништо сигурно и може да има некоj сурприз ако сме добро подготвени . Сметам дека за трето место можеме да се сбориме нормално и ние и вие . Аjде поздрав . И успеси .
Која ваша репрезентација вчера научивте што е баскет со Русија шанси?
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.419
Поени од реакции
8.542
МАКЕДОНИЈА ГИ ДОБИ ПРОТИВНИЦИТЕ ЗА ЕВРОБАСКЕТОТ ВО ЛИТВАНИЈА

Грција и Хрватска повторно во нашата група

Речиси сите балкански кошаркарски сили се противници на Македонија во групата "Ц" за претстојното Европско првенство што од 31 август до 18 септември ќе се одржи во Литванија.

Ждрепката во Вилнус сакаше македонскиот национален тим да се најде во силната група "Ц" во која се Грција, Хрватска, Црна Гора, БиХ и квалификантот број 2 (Унгарија, Португалија и Финска ќе разигруваат за последните две места на ЕП).
Грција и Хрватска ни се должници од претходното ЕП во Полска на кое и двете не поразија, со Босна и Херцеговина се среќаваме речиси секогаш во квалификациите за ЕП, Црна Гора е дебитант на Европските првенства, а последниот противник ќе го дознаеме дури во август по дополнителниот турнир.
Групата "Ц" ќе се игра во градот Алитас во јужна Литванија, а Македонија ќе го отвори турнирот со репрезентацијата на Црна Гора на 31 август.
На 1 септември ќе се сретнеме Хрватска, потоа по ден пауза, на трети играме со јужниот сосед Грција, а овој натпревар ќе предизвика најголемо внимание во јавноста поради спорот со името. Последниот тим што ќе обезбеди учество на ЕП ќе и биде противник на четата на Марин Докузовски на 4 септември, а на 5 ќе ја затвориме првата фаза против БиХ.
Првите три селекции од секоја група ќе се пласираат во втората фаза во која ќе се формираат две нови групи со по шест екипи. Нашата "Ц" група ќе вкрстува со групата "Д" во која фаворити за пласман се Словенија, Русија и Белгија.
Според квалитетот на нашите противници, клучен ќе биде дуелот со Црна Гора на стартот од ЕП, а триумф е потребен и против БиХ и квалификантот.
- МКФ е задоволна од ждрепката. Противниците не се лесни, но имаме верба во нашиот тим и со добри подготовки мислам дека ќе се пласираме во втората фаза. Најважно е сите играчи да се јават на време на собирот - изјави генералниот секретар на МКФ, Дејан Лекиќ кој во живо ја следеше ждрепката во Вилнус заедно претседателот Димевски и директорот на репрезентациите, Мерџановски. (О.К.)

***

Обезбедени силни противници за подготовките

Првите луѓе на Македонската кошаркарска федерација го искористија присуството на 24 земји кои ќе бидат дел од ЕП и веќе и обезбедија силни противници на А-селекцијата во подготовките во јули и август. По собирот и одработувањето на физичкиот дел, Македонија ќе замине во Словенија каде што со истоимената селекција ќе одигра две пријателски средби. Потоа патува во Бормио на турнир на кој ќе учествуваат и Италија, Канада и Бугарија.
Договорено е и силниот ексјугословенски турнир во Љубљана. Македонија е во група со Србија и БиХ. Пред заминувањето за Литванија, во Скопје ќе се одржи турнир на кој ќе се појават Израел, Бугарија и најверојатно Србија, а истиот ќе биде последен тест за квалитетот на Македонија пред настапот на ЕП.

***

ГРУПА А (Пеневежис): Шпанија, Турција, Литванија, Велика Британија, Полска, квалификант 2;
ГРУПА Б (Шљауљај): Србија, Франција, Германија, Израел, Италија, Летонија;
ГРУПА Ц (Алитас): Грција, Хрватска, Црна Гора, Македонија, БиХ, квалификант 1;
ГРУПА Д (Клајпеда): Словенија, Русија, Белгија, Грузија, Бугарија, Украина.

извор

Околу ждрепката не е така лоша ако се земе во обзир дека а и б се потешки групи а шансата би ја барал со босна квалификантот (португалија) и хрватска ми се чини дека имаме поголеми шанси од колку со црногорците кој сум убеден дека ќе бидат најголемото изненадување на првенството и во групата прво место
Добро е и тоа што вкрстуваме со најслабата група па така да ако поминеме во групата имаме шанса за најголем успех до сега
Сепак има врем до крајот на август и најважно е да нема кавги муѓу нашите и се разбира сите повикани да дојдат

ps.за илиевски нема што да го викаат повеќе се докажа тој колку сака да игра за нас и нема потреба од молење повеќе
 

Kajgana Shop

На врв Bottom