C
CoolIris
Гостин
Мислам дека сеуште е рано за да се биде оптимист по прашање на ивермектинот. Резултатите од истражувањата ветуваат, но сепак ин виво и инвитро не е исто.Ивермектинот од друга страна има многу сериозни несакани ефекти (затајување на црн дроб, дури и слепило), ама ваљда се игра на cost vs benefit. Само се надевам нашиов народ нема да почне на своја рака да си го зема како што направија со Сумамедот и секој друг лек за кој се наслушна дека помага.
Една мала дигресија кога веќе спомна Сумамед. Кога ќе видам што се испримале Ковид + пациенти....сумамед × 2, панцеф, моксирал, зинат...партали во организам. Играјќи на таа карта и гледано долгорочно и тоа би било сериозен несакан ефект. Па на сето тоа додади ги и кортикостероидите (тензија и гликемија до плафон). Пандемија на антибиотска резистенција и кушинг, не ни бега.